Не ми се допаѓа апсолутнио ништо од стилот и модните додатоци кои ги носи со себе. Ниту чизмите, ниту карираните кошули... да не зборувам за каубојските модели на шешири, или некои чудни додатоци... за реси па да не правиме ич муабет. Не ми се воопшто женствени, ниту пријатни за око, ме потсетуваат на запотено, на гнасно, нешто грубо и неисполирано. Не е за мене, јок.
Не го обичам многу овој стил, меѓутоа не можам да им кажам не на карираните кошули. Љубов ми се сите видови на кошулки, па и вакви радо си купувам и си го трупам плакарот со нив. Од чизмите, ретко кои модели ми се допаѓаат, ич не ги љубам ресестите и шпицасти модели - не ми лежат и не ми се вклопуваат со тако званиот стил кој го м'кнам. За реси и шешири - ноу уеј, шешири имам и носам само такви во стилот на Џексон, а овие калибојскиве ми се пренападни.
Го обожавам стилов често знам да искомбинирам по некое парче.. целата во каубојски аутфит сосе шешир бев само на 1 ви април и воедно ми се исполни животната желба мислам дека во некој претходен живот сум била каубој(ка).....искрено имам чизмички каубојски три пара,елече кафено,ташна со реси темно кафена и од акцесорис имам по нешто кожно.. единствено не сум некој љубител на кошулите карирани незз зашо најубаво ми изгледаат кратки тексас панталони со чизмички без или со мала штикла, маичка широчка и развлечена и по некоја кожна алка
Не ми се допаѓа. Премногу мажествени елементи има. Многу нијанси на кафено, чизмите ми се мажествени по секоја дефиниција, карирани кошули (иако знаат да се секси) дебели каиши- ЈОК! Сепак кога ќе помислам на ваков стил ми текнува на Шанаја Твеин а таа и тоа како знае да го носи. Тејлор, Феит Хил, Џесика Симпсон, не ми се допаѓаат.
Не се пронаоѓам во каубојскиот стил, па затоа немам ни такви парчиња (каубојски чизми, шешири, ташни со реси, кожни елечиња...)
Оуууу јеааа Ми се допаѓа Многу ги сакам шеширите и кратките пантолончиња во каубојски стил Едноставно прекрасно
Од секогаш ми бил омилен и носам такви парчиња облека освен каубојските шешири не друго се ми се допаѓа. Несакам каубојки со шпиц страшно одбивни ми се, еве ова е како што сакам а и вакви и поседувам само црни и малку во ногавицата повисоки, ги купив на времето во Итали шоп пред незнам колку години сигурно некои 6-7, ма ни да писнат, уште се како нови а душата им ја извадив и нема кој не ме прашал кај сум ги купила, докажано најубави обувки па и каубојки прават италијаните. Врв! :up:
Пред некое време сакав да купам такви чизми, ама кога излегов да барам сфатив дека тие не се за мене. Не се мој стил и никогаш не би ги облекла. Единствено шеширчиња и такви работи би ставила, каиши, накитче... Ама едно нешто од сето ова, не да изгледам ко каубоец од филм.
Вакво нешто како кошулче сакам за летово (со тие две копчиња најгоре закопчани ) Многу ми се допаѓа Немора да се најде исто вакво, може да е обична кошула, па со малку сецкање и врзување ке се добие вакво И кратки пантолончиња сама ке си направам, од стари фармерки, ке ги исецкам до над колената и готово
Мене па баш ми е слатко кратки тексас панталончиња и каубојски чизми, надополнето со шешир и плетенки како на сликава. Не знам дали би се осмелила да носам вакво нешто овде, остај тоа што ќе те гледаат ко изрод него за да носиш кратки панталони тоа ќе мора да биде лето, што фактички значи дека ќе се спуриш во чизмите. Кога би живеела во Тексас или на некое подалечно место можеби и би облекла
Баш ми се допаѓа стилов, имам каубојки кои ги купив зимава, сиви се,немаат шпиц,шпиц и некако ме потсеќаат на Кеша, па си ги викам Чизми а ла Кеша. Маици со реси обожавам и ке си направам пролетва од обични маици по кратки ракави,иако ја ги преферирам ресите од индијанскиот стил Кратки џинс-шорцеви... класика. Слатки плетенчиња и карирани маици- супер слатко!
Ми се допаѓа, иам едни чизми зимово си ги купив мислам слични се, а незнам дали би с осмелила да ги носам со кратки шорцеви летоска.
Не го негувам овој стил ама сакам ташнички со реси или пак истересни чизмички можно е и шеширчиња.Ама целосно така да се облечам -НЕ ! Интересно е кога има некој таков детал.Барем за мене... Зошто да не би се осмелила...Да е до мене веднаш ги облакам летоска.