1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кафани

Дискусија во 'Слободно време' започната од Unfaithful18, 23 јули 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Колку често посетувате кафани?
    Што ви се допаѓа, што не ви се допаѓа?
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Ретко излегувам со друштво по кафани, еднаш во 6 месеци може да се каже. Не ми се допаѓа таа свадбарска атмосфера, ниту музиката, не сум тој тип, иако за ќејф на другите можам да се потрудам, за да не испадне тотално мизерна вечерта. :)
    Кога веќе нарочно одам во некоја, тоа е само заради јадењето (и пиењето нормално). ;)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    многу сакам кафани...убаво друштво,вино,прсти,жива музика,па уте вака во лето на отворено...за мерак :D
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.759
    Допаѓања:
    32.138
    Пол:
    Женски
    Не одам во кафани.
     
  5. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    да да се сложувам со тебе екстра е
     
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    сакам кафани ама не посетувам често можеби 2пати годишно,немам баш и друштво што сака кафани |( а летно време најако е ;)
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    И јас си посетувам кафани. Со добро друштво е топ.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.661
    Пол:
    Женски
    Почнав да одам во кафани со друштвото од факултет, и знаевме често кога има повод да се собереме и да прославиме. Но се собиравме некогаш и без повод, само да се дружиме. И сега продолжуваме со истата традиција иако одамна завршивме факултет, ама друштвото е сега пошарено :D Како и да е, претежно одиме во кафани во кои има добра храна и добра музика.
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Кафана? Последно бев за Нова Година. Убаво си поминав, преубаво... ама немам воопшто навика да одам.
     
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Не одам бе, ич не ги сакам |(
     
  11. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    ма не е тоа за мене ! неможам да ги поднесам народњаците и миризбата на месо, зелка..не ..:(
     
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да посетувам кафани. До пред неколку години кај нас постоеше некој глуп принцип дека на жените не им место по кафаните. Кога тргнав средно, машките почнаа да не викаат со нив... најпрвин ни беше чудно, ама отпосле се навикнавме и ги посетувавме скоро секој викенд. Жива музика, јадење, пиење, муабетче, си седиш, си уживаш... Абе милина
     
  13. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    645
    исто..кафани.....????????????? :o |(
     
  14. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Не сум љубител на кафани едноставно не ги сакам не ни сум стапнала некогаш во кафана освен за свадба или сл :wasntme:
     
  15. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Во кафани не одам освен за дочек на Нова Година,бидејќи цела година сме по дискотеки и кафичи,па за ''најлудата ноќ'' нејќам да се стискам у гужви по дискотеки, а у кафана се знае.. :drunk: :lol:
     
  16. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Татко ми е во угостителството 20 и нешто години . Имам слики како сум немала ни 2 години а сум спиела по столици по кафани , како сум пиела шприцер :D Не сакам вака сама да одам , или со друштво . Со татко ми ми е интересно зашо сите го знаат :)
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Си одам јас, и по кафеани, и по ресторани, и по пицерии :lol: Уствари во последно време од кафеана не сме излезени со дечко ми и друштво, некако подобро ми е, си седнувам, јадам, пијам дури ми душа сака, е сега музиката е :puke: ама ако ти е погодено друштвото, нема ни да ја слушам, се смееме, шалиме, дури и си пееме ние по некогаш. Кафански човек бре :D И додуша на периоди, не секогаш човек може да биде расположен за кафанска атмосфера. Некогаш си сака и позагреана атмосфера, лупање, играње, коктелчиња и музика до даске со тврди басови :lol:
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Еве една песна за сите што одат во кафана, јас не одам.
    Кафана је моја судбинааа, она мене све ми узелаа, кафанаа је моја истинаа.....жељо(жено ) једина
    (не ја зна точно смејте ми се ) :D :lol:
     
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.745
    Допаѓања:
    130.778
    Зависи што се подразбира под кафани - тука може да влезе се од ресторани до маалски биртии.

    Одам по ресторани како на пример Пелистер, тоа дефинитивно е мое место. Одам исто и по кафани како Носталгија, Гурмет и слично. Во лето некако повеќе одам, надвор се седи, поинаку е. Во зима, затворено, зачадено, не ми прави толку мерак. А во Скопје и нема кафана што ме погодила некако. Кога ќе ми речат ај ти бирај, ги носам во Велес :D Кафаната ја врзувам строго со јадење. А сакам да излегувам на места кај што се стои и има свирки. Или места како кубански, кај што се пие и мези :)

    Другарките ми се нон-стоп по кафани, па и поради нив најмногу одам навечер. Повеќе сакам на ручек да седнам. Обично во сабота седнуваме, кога во кафана, кога во пицерија. А често одиме и по кафани, рибници, не знам што се, во околината на Куманово, особено кога е топло и се седи надвор. Визијана, Етно Село, Гиновце... Порано одевме и во хиподромот во Волково, ама се погоди на два - три пати затворено.

    Маалски биртии дефинитивно не ми прават мерак. Ако веќе ми се јаде, си зимам од Љуц или Злате скара, и јадам дома :)
     
  20. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    5.614
    Пол:
    Женски
    Не излагам често во кафани. Освен некогаш,еднаш месечно и помалце ако се собереме друштво и ако посетиме некоја..
    Еднаш сакавме да идеме во Барбика- до олимписки, и пред влегување еден вика, Запазете сега 60+ :rofl: :rofl:
    И влегуваме стварно! Само старци смрди на ракија, овие си пеат и кога ни отворија, сите не гледаа нас како од марс да сме паднати. :rofl:
    Последен пат во кафана бев во Мај. Искрено подобро се чувствувам во некои кафани отколку во кафичи, музика 100ка неможеш никаков муабет со никој да направиш.