1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кафани

Дискусија во 'Слободно време' започната од Unfaithful18, 23 јули 2010.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    :rofl: :rofl: :rofl: кумановка сум местата се многу добри што ги наброја погоре. Кога одиш за Ку-во би ти препорачала да отидеш и до Пелинце и тоа е во близина а е супер место (ако не си била).
    Одам по кафани, повеќе во летниот период затоа што има кафани со убави бавчи и просто одмараш од секојдневието. Повеќе одам на вечери одколку на ручек ама може и тоа да се деси. Кафаните ги врзувам со добро јадење а не со жива свирка.
     
  2. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    Често знаеме со друштвото да заглавиме во некоја кафана. Пошто сме измешано друштво и машки и женски мака си немаме, а посебно ако има жива свирка. Ми се има десено да одам и на пејачка, aма не сама секако со друштвото, малку срамно е само мажи има таму ама мојата екипа е поважна :D :D Не ми сметат песните, не пребендисувам за разлика од некои други :)
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Јас многу си ги сакам кафаните. Ми имаат посебна атмосфера некако, која ја обожавам. Ако сакам да го вдишам градот со се што му прилега, одам во кафана, а и обично кога се собираме повеќе луѓе или со семејството кога сакаме да прославиме нешто - повторно, кафана не ни бега. Ги сакам кафаните во ДМ поготово во летно време, уживам во атмосферата, јадењето, музиката (тука мислам на староградската македонска - не певаљки што завиваат и турбофолк!), муабетите...
     
    На mims-89 и nesa им се допаѓа ова.
  4. Lina89

    Lina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Можам да кажам дека повеќе сум во кафани одколку во кафич или дискотека. Најчесто одам со дечкото, некогаш и со неговото друштво, а најубаво ми е кога сум со моите другарки-подигаме хахах
     
  5. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    обожавам кафани значи музика со ми прај ќеф, друштво по мерка, пиење колку сакаш, абеее живот . . . :D
     
  6. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    267
    Пред излегување е задолжителна посетата на некоја кафанка, пиење поткрепено со некоја салатичка, помфритче, поховано кашкавалче..... мераци и за душа и за џеб :)
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас сум кафански човек :D преферирам кафана наместо диско.
    Најмерак ми се прави кога ќе се собереме од средно, атмосферата е доџе ми да вриснем, јадење, пиење, пеење, смеење ... добра и кавлитетна македноска и екс ју музика, староградска мх мх.
    Обожавам и кафана со мало друштво два три пара или неколку другарки.
    Да се разбереме јас под кафана подразбирам фино и културно место не да ми кршат флаши од глава, да има тепачка за некое дрољиче, да ми се качуваат на маса и светлуцав фустан или минич и да не ми ечи „главобоља од вина„ од касетофон а уште помалку од третокласна калаштура што завива а не пее!
    Сакам жива музика во кафана, посебно ќе ја издвојам Пајтон во Дебар Маало, и триото од хармоника, мандолина и виолина (не ми замеравајте ако ги погрешив инструментиве чинам дека тие беа).
     
  8. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    И јас немам ништо против кафани, само поретко ги посетувам во последно време! Не дека претходно бев којзнае колку чест посетител на кафани, но сепак се случваше да се расположам на кафански хитови :lol: најчесто поднапиена малце, развеселена и со убаво друштво!
    Само во последните неколку години преферирам почесто мирни места а поретко забави по кафани! Се си е до времето, остарев и јас :P
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ретко, кога сме големо друштво, се договараме да одиме во кафана.
    Не сум љубител на музиката, ама кога сум со многу луѓе, и во пијана атмосфера, се можам да издржам. Не одиме во некој ептен забутанимаалски биртии, туку во некои ресторанчиња, пристојни и за јадење и за пиење. А ми се случило и во ептен биртија да заглавам :rofl:
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.542
    Пол:
    Женски
    Сакам да одам во кафана, ама на ручек или вечера. Со друштво дали два-три пати сум била, онака за излегување. Ама затоа со одредени луѓе си сакам да си седнам на добра скара и вино ммм мераци.
     
  11. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.939
    Кафани доаѓаат во предвид , обично со класот кога ќе се собериме или со некои роднини од моите :)
     
  12. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Во екстремни случаи, кога треба да славиме нешто од типот на годишнини од полуматури, матури, потоа годишнини од веридби, бракови и слични збиднувања, а ретко и на фамилијарни појадоци, ручеци и вечери. :)
     
  13. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Во кафани почесто одам со моите,а поретко со друштво.Се собираме само за некои поводи како што се годишнина од матура,родендени,се случувало и после испитна да си отидеме во кафана :)
     
  14. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    у последно време сум само по кафаните, ми се свиѓа амбиентот, македонската народна песна добро се вклопува со добро вино и добра храна! Едноставно уживам!
     
  15. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Одамна немам појдено..дури почна да ми недостасува хаахахах. Порано повеќе се збиравме и друштвото и со класот, а и на родендени. Винце, скариче, некогаш орце и атмосферата ти е ТОП :P иако не сум обожавател на кафански песни - кога е весело и со убаво друштво - па можам да се расположам аф корс :D + и некоја народна македонска песна ќе пуштат и ајде тоа повеќе се прифаќа
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Минатиот викенд бев во Ганза топ беше, си имавме и цело прасе ммм мераци, музичето топ, винце црвено, супер провод :)
     
    На Phyramide и femina90 им се допаѓа ова.
  17. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Колку ги сакам колку ми е убаво за себе можам да кажам дека сум боемски тип.Од мала со татко ми одев на ручеци по кафани и од таму ми е љубовта за добра кафана убави салати и скара.
    Имам една во која често одам си има топлина,душа а и газдата еснаф човек пријател ми е.Со најверната другарка пукнати сме за во кафана знаеме двете сами да си отидеме.
    Ке ги издвојам Чардак и Ристово меанче мераци друштво музика алхокол а знам и бакшиш да давам за некоја песна.
    Ми се допагаат Македонска кука-Скопје,Ада во Сарај какви кременадли имам јадено.
    Детлово на излезот од Виница ефтинија убаво испржено свинско месо прсти да изедеш.
    Снупи-ресторан во Велес жаби немам нигде поубави јадено.
    Лименката-Пехчево домашно месо и како за дома спремано.
    Многу други кафани и не сум заситена од нив. :) :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Јас обожавам :) порано многу ,ама многуууу,ги мразев, а сега петок и сабота прво одиме во кафанче,на винце, мезе,пилешки прсти ^_^ ,добро музиката не ја баш обожавам ама ќе се навикнеш,а во некои кафани и не е толку жустро :lol: па ок ми е.а инаку мислам до годините е,еве порано само по кафичи и дискотеки ,за кафани не сакав да чујам ,а сега баш ми е супер си седиме на масичка,муабетче,мезенце уживанција ;) па некогаш и ќе заиграш :rofl: и мислам дека МАКЕДОНЧЕ без кафанче не може :rock:
     
  19. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Па често се случува у последно време да заглавиме со друштво у кафана, такви сме си сите, кафански луѓе. Ми се допаѓа таа кафанска атмосфера, музика, храна, екипата расположена.
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    порано со друштвото на екс одев по такви места тие беа такви кафеански луге(без навреда)
    храната и пијалоков е ок, ама музиката ептен ми е :puke:
    од како не е дел од мојот живот, не сум посетила ниту едно такво нешто, освен кога се собравме за да се видиме од осмолетка, едната од девојчињата резервирала
    инаку со другарки кога излегувам е по кафулиња, или кај мене или кај некоја од нив дома.