Одам по кафанчиња кога така ќе се договориме со друштвото сакам староградска музика или стари македонски песни сакам и српско само да не биде многу шабанско,обожавам вино,пилешки прсти,помфрит со сиренце или нафора.Кафаната е добра за да ти подигне расположение во комбинација со добро друштво и по некоја чашка.
Ни јас ни дечко ми не сме којзнае колку по дискотеки, гласна музика и пијанчење, одиме еднаш во неколку месеци. Ама затоа секој втор викенд одиме некаде на вечера со друштво. Омилена дестинација ми е едно мало ресторанче (што не знам ни како се вика), се наоѓа покрај паркингот спроти ГТЦ, па му доаѓа измеѓу олимписки и трговски. Кафанчето е малечко и не е којзнае што, ама секој викенд има музика во живо(чалгии) и прекрасна храна што ја прават откако ќе ја порачаш. Ништо не е претходно зготвено, па дури ни лепчињата (што ги прават со сецкана зелена маслинка, сусам и оригано )
Воопшто не сакам да одам по кафани. Не сум кафански чоек што да правам. За среќа имам уште една другарка во друштвото како мене, што не сака кафани и лакше се дише Одам во кафана ептен кога морам , кога сите ќе се бериме по некој повод или слично. Повеќе сум за кафе муабет, и дискотени
Мразам кафани,мразам се што има било каква поврзаност со кафаните. Музика , народ , пијанчење , ама комплет се ! Одам еднаш на 100 години , ако имам некој неизбежен повод , инаку ескивирам по секоја цена...
Бев за прв пат во кафаната Софра во Берово имаше добра музика народна и многу весел народ.Глетката беше убава толку многу расположени луге на едно место одамна небев сретнала. Бев и во Ристово меанче во Пехчево имат многу вкусна храна кебапите му се сон.Ви препорачувам прва прилика да ги пробате.Кафаните во Малешевијата имат душа.
Не ми пречи да одам во кафани, некогаш излегувам со друштвото. Ќе се најадам убаво и ќе пијам ефтино вино, не е проблем. Но, тоа што ми пречи е музиката, не сакам додека јадам да ми ја свират Милионерче или песните од тој калибар. Секако де, не очекувам ни рок песни, ама сакам стари македонски песни. Многу вино, добра храна и македонски изворни песни. Сосема океј.
Сега од кафана до кафана има разлика не сакам да одам во кафани каде луѓето главно одат да се пијанчат, скам да одам да седнам некаде за кој како сака да каже кафана или ресторан со некоја убава музика и добра храна, да узивам со добро друство што десет пати повеќе ми се допаѓа отколку да отидам во дискотека или некој кафиќ кај што човек неможе прво и основно да застане да седне заш има премногу гужва а второ не може ни муабет да си направе дека музиката е прегласна... Често си посетувам ресторанчиња и баш ми е убавко таму
Сериозно, кафана ми е заштитен знак на македонската култура. И повторно ќе речам, мислам дека веќе еднаш сум пишала на темава, мислам на традиционална, македонска кафана, со келнери кои имаат долгогодишно искуство, со музика која има историја а не певаљки да ми се тресат над глава, иако знам - машките радо би им стуткале по некое стотче фишек меѓу гради, јасно ми е Не знам што може да не е убаво тука? Имаш големо друштво или правиш некоја собиранка, седнуваш фино лепо у кафана ко човек. Почнуваш да мезиш со ракииче или узо (ок мастика де ), уживаш во експлозијата на сите вкусови кои ти ги нуди мезето, залеваш со пелистерка затоа што без пелистерка на маса, ко да не си мезел. Го слушаш џагорот на луѓето околу тебе, уживаш во староградските македонски песни, си нарачуваш песна, па ти ја свират на маса додека ти заносно ја нишаш главата лево - десно и ти иде бре чаши да кршиш кога ќе ја запеат „онаа твојата“, чак и по некоја солза стегаш или пушташ. Па нарачуваш втора тура јадење, сите расположени се смеат веќе, па трета тура јадење и тука и винце. Зашеметен си но убаво ти е. Ветрето те пирка, мастиката ти ги вжештила образите. Се насмевнуваш и констатираш - животе, те обожавам. Не, навистина, што има неубаво кај кафаните? Знам дека е прашање на личен вкус, но кој не ја гледа убавината на традиционалната македонска кафана, не бил во вистинската
Јас искрено си одам по кафани ,ако може да се нарече баш кафана тоа...со дечко ми и со уште два -три пара што си се дружиме си одиме еднаш неделно - Кај Јоле познато и како клуб на писатели на убава храна, добро винце и староградска музика И нормално би сакала да се запознаам со сите феминки
http://www.youtube.com/watch?v=Zia2SoXp4WM Не одам многу често во кафани. Понекогаш така, со друштво на една шарска и салата Не премногу често
Јас си одам многу често по кафани.. Такво ми е и друштвото а и добра атмосфера има. Еве и вечер се договараме за во кафана..само уште да се решиме во која
Порано одевме доста почесто. Секој втор викенд би му дошло во просек. Ми се допаѓа атмосферата, ти иде да пиеш и ем си тиква пијан, ем си заштедил сто пати повеќе пари отколку истото да го испиеш во кафуле. Не сум кафански тип секако, ама со друштво кое сакам да е со мене и те како знам добро да си поминам. И да, преферирам кафани каде има жива музика. Без тоа, кафана не ми е кафана.
Сакам да прашам...? Па што знам, Македонска куќа (во градски парк или капиштец), Два златника (кај домот Кузман Јосифовски Питу). Само не знам кои критериуми за тебе се скапи. A, да, има и една кафана во тесно пролазче што се наоѓа десно од Бургер кинг, „Кај маршалот“. И таму често одат луѓе.
Сакам да прашам...? Би те советувала да одиш во Буре во Лептокарија, ефтина кафана е и да си нарачаш порција крилца..... мхмхмхмх највкусни се! Сега ми се пријаде беља работа
Е мора нешто да ви пофалам.Во Скопје поточно во кругот на фабриката Железара одма на влезот од лева страна има мала кафанка на изглед ништо нарочито и внатре е стар интериерот во минатото сигурно била направена за вработените од железара,а сега газда е еден штипјанец ама човекот е за секоја пофалба какви штипски пастрамајлии прави прсти да излижеш, оригинал како во Штип поубави во Скопје не сум јадела,вешалиците му се многу вкусни,а пинџур од пиперки и компири оригинал како дома направен храната му е ептен вкусна.Тоа пробав друго од скара незнам што прави ама се ми се услади.Разбрав дека сабота и недела не работи ,а и негде околу 18ч преку неделата затварал.Изгледа од сабајле има доволно работа поради вработените сигурно му доваѓаат на доручек. Кафанката е биртиичка ама ако сакате убава пастрамајлија само таму нема да се покааете.
Старо Скопје(Скупи) во парк, одма до занзибар! Поефтина кафана во Скопје, амин! Стек со пекарски компир и гарнир цвекло и морков 100 Исто е и плескавица, вешалица е поскапа 20 денари само. Стекот, голем и сочен!Исто и плескавицата. Кока кола 50 денари На 50 метри во ања истиот тој продукт го дубивате за 80/90денари Амбиентот сега им е новогодишен, инаку самото име си кажува дека така е уредена во стар стил ама не претерано како во не некои други кафани. Не се скапи ни салатите ниту алкохолните пијалоци, и мислам дека имаат домашна ракија За 300 денари по човек ќе јадеш до пукнување, со сите салтанати(салата, ракиичка,јадење, пиење) П.С лепчето од фурна им е перверзии