1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кафани

Дискусија во 'Слободно време' започната од Unfaithful18, 23 јули 2010.

  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Мразам кафани.
    Ја мразам целата таа атмосфера што владее таму.
    Не ми се допаѓа воопшто...
     
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Моето друштво си има обичај, пред диско, добро да се поткова, и најчесто одиме во кафана (иако порано многу повеќе одевме,последниве година дена послабо).
    Не ги сакам нешто многу, ама и не ми сметаат, се зависи од кафаната.
    Не сакам чалгии, народни песни со инструменти на увце, а и некои затуцани певаљки или пејачи, не ја сакам оваа атмосфера и не посетувам кафани со оваа содржина.

    Има една кафана, во која сум оставила одлични моменти на расположение, играње и пеење, и таа е единствената која можам да речам дека ми се допаѓа.
    Бидејки непијам, не се оптоварувам околу изборот на кафаната.
     
  3. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Кафана,кафана мое омилено место за излегување.Минатата недела после струмичкиот карневал со друштво отидовме за Светиниколе во прочуена кафана кој многу луѓе од Македонија ја фалат.Мечкуева кука кафана по мерак во стар македонски стил уредена,убав амбиент чисто средено услугата на ниво ,а скарата одлична,музика таман за увце добар репертуар на песни и непрегласна.Многу убаво си поминавме расположение на ниво.Кафаната многу ме бендиса во блиска иднина пак би отишла.
     
  4. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Сакам кафанчиња баш онака има кафанчиња по мерак и музиче живо или нешто со виолинче,бунарче слатче нешто скаричка и добро друштво супер комбинација.Искрено многу пати поубаво сум си поминала во некое каначе и муабет може човек да си напраи и да се види со луѓе отколку во кафич и да се тресам цела вечер или да стојам нозе да ми паднат
     
  5. Antula

    Antula Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    91
    Ние сме си народ што си сака музика,убава храна,музика на увце и одењето во кафана ми претставува задоволство. И муабет да си направиш,фина атмосфера, а што има во Дебар маало еден ресторан мислам дека е понов Галерија ама е перфект. Одличен амбиент,таман за убав провод. Кафана си има една убавина а кафич друга зависи кој период од животот го живееме. :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Не сакам воопшто кафани, дали сум била еднаш или два пати незнам, но битно е дека не ми се допаѓа таа атмосфера таму.
     
  7. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Сакам еснафски кафани со староградска музика, а не биртии со певаљки со ц*цки на изволте.
    И во кафана одиме голема дружина, колеги од факултет, другари од средно, семејни собиранки, прослави.
    А бе мераци. Лезетски, опуштен муабет, не се знае кој јаде кој пие. :D Сите среќни, насмеани, разгракани, па по извесно време и поднапиени и тука може да падне по некој тежок политички муабет, па по некоја пцовка :D .Се случува и да запееме...
    И секако во зависност од психофизичката состојба на присутните се продолжува во дискотека, зошто кафаната претходно сме ја затвориле :$
    Ах, викендов со нетрпение го чекам. Уште од сега се радувам на собиранката.
     
    На Phyramide, Breezy и mims-89 им се допаѓа ова.
  8. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Јас мислам дека или сум зачната или барем се појавила желба за мое настанување во некоја кафана... :D

    Обожавам кафани. Сакам било каков амбиент од кафана,не ми смета ама било каква музика,што сака нека пее,мене многу повеќе ми се битни луѓето со кои одам во кафана и да ги гледам нивните насмени лица,дали од самите нив,дали од алкохолот, не е важно. Доста често и ги посетувам.

    Него,имам прашање до Скопските девојки тука или било кој што знае.. Како се цените во Дебармаалските кафани..? Имам другари седат таму,нон стоп сум кај нив и нон стоп поминувам покрај нив но не сум била никогаш,па да си прашам .. :)
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Па малку се поскапи во однос на маалските кафанчиња.
    Галерија на пример е доста поскапа, немаат обични вина, се им се сортни и се од 500-600 денари нагоре. Исто и Скопски Мерак ми се чини се викаше спроти Галерија, каде што беше Носталгија.
    Поефтини се Пајтон, Биос, Илинден, Кај Перо, Идадија ...
    Папу е исто тука некаде со цените.
    Овие ми паднаа на ум.
     
  10. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Уште од 5 години татко ми ме носеше во кафана.
     
  11. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    ретко со друшво.. еднаш во месецот,
     
  12. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Добро друштво,староградска музика,добра сочна храна и се разбира вино. Е тоа ми е кафана! Неколку пати годишно се организираме вака и баш си поминуваме супер.
    Не ги сакам оние како биртии со певаљки и да се кршат чаши тука,па стакло на сите страни и на крај тепачка да настане поради некаков си поглед на страна или песна !
     
  13. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    921
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Ај преорачајте ми некој поефтин, а културен ресторан/кафана. За прослава ми е од едно 15 души, секаде кај што прашав изгор беа цениве. Позз
     
  14. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Многу ретко посетувам. Кога се собираме со друштото од основно или од средно. Само тогаш :D
     
  15. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Кафанииии :inlove: Кафана је моја судбина :D Пијандурки песни, алкохол, јако друштво, стаклени чаши и то је то :lol:
     
  16. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    3.203
    Пол:
    Женски
    Не одам по кафани, не се пронаоѓам таму.
    Преферирам ресторани и места со помирен амбиент.
     
  17. angelaxD

    angelaxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    46
    до пред година дена бев хејтер моја нога у кафана не стапнува ...
    а сега секој викенд добро ако не секој секој втор се знае прво кафана потоа дискотека .. а и музиката не ми смета .. особено е интересно женско друштво кога ке се напиеме па вртење на мобилен па изјавување љубов .. па пишување пораки и статуси наа фб и ставање слики а утредента упсс ват ај дид јестрдеј.. :tmi: :tmi:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Си сакам кафани,излегуваме таму кога сме така поголемко друштво собрани :lol: си јадеш,си пиеш,па ќе ти се погоди некоја песна ќе наздравуваш,ќе играш некое орце :rofl: се на се, убаво е во кафана потоа во дискотека се е прашање на вкус :P
     
  19. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.587
    Пол:
    Женски
    Мн ретко посетувам кафани.... :)
     
  20. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    921
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Абе во групава пишувате само идам не идам, а никаде не пишувате во кои кафани идете, каква е атмосферата таму, па да прокоментираме што е како е :D Одамна не сум била во кафана одам во гостилници на ручек, а последен пат што памтам бев во ИнВино.