Минатата недела бев во Боними, и многу ми се допадна. Многу културно средено внатре, добра музика, храна супер и забавна атмосфера.
^ Една од поевтините на кои ми текнува е XXL во Бисер. Храната е вкусна и евтина, ама не е некое отмено место. Покултурна кафана што не е скапа е ДМ на ул. Орце Николов, спроти слаткарницата Романса. Многу вкусно јадење, а не е скапо, иако сепак е поскапо од XXL.
Дечки предложете ми некоја добра кафана во Скопје, да има жива музика петок или сабота. Онака песни за душа и добра атмосфера?
http://mkmaps.com/city/etno-restaurant-ksmet/ Спојлер https://www.facebook.com/etnorestorans.ksmet?fref=ts
Да ви ја препорачам Калабалак, малечка е, супер за ручек или вечера, за викенди има жива музика, ок лабаво атмосферче. Најдоброто е храната и цените. Многу вкусни пилешки лути стапчиња имаат и тиквички а ла калабалак. Ете така се излигавив!
/\ Секој викенд има музика во Три фазана ( до сега два пати сум била ) и сум изненадена позитивно со оглед на тоа каде се наоѓа. Атмосферата е баш кафанска, да се оставиш од пиенје, цените се ОК и најголемиот плус за мене се пуши внатре. За тие што не пушаат не им ја препорачувам зошто ќе се задушат. Моето прво мислење кога влегов таму беше ова е дивиот запад или сеуште сме во Скопје
Боними е кафана за петок и сабота и оние кои сакаат да се изнаиграт и расположат на жива музика турбо фолк, македонска, народна, забавна. Фино и културно место и убав народ. Во Ла Тана летото одев дури беше надвор и ептен убаво со староградска музика сега за зимото не знам како е прилагодено, инаку одлична храна.
Често одам по кафани може да се каже дека во кафана сум родена и на сето тоа покрај тоа што студирам и работам во кафана која е на чико ми онака за занимација.
Убаво е во латана има секоја вечер мислам чалгии ако нешто не промениле па можете да си резервирате место јас бев во септември последен пат, xxl не ми се допаѓа ни храната ни атмосферата ништо, ефтина и вкусна храна во гостилница кај тоше кај грчка амбасада се наоѓа.... и ако ми текне уште нешто ќе ви пишам
Бевме прошлиот викенд. Тешко е паркинг да најдеш, во куќа е, во некои соби има 2-3 маси, ние кај што бевме имаше многу луѓе. Храната е супер, атмосферата е ОК, пееше Нино Величковски, немаше турбофолк атмосфера. Луѓето беа мешани, имаше 1 маса со десетина девојки по 20 години, 2-3 маси само со мажи од околу 40-50 години и 2-3 маси со парови од различна возраст. За цените не можам да ти кажам, бевме на вечера-на роденден, така што ние не плаќавме.
Light Jazz Club $ Restaurant - Бев пред некој ден се наоѓа одма до АМСМ, кој е за поотмено место во врвна услуга и храна нека го посети. Мене ептен ми се допадна.