Лесно се користат, само со капсули може, капсулите се движат околу 300-350 ден. за осум кафиња, јас имам еден за украс ми стои, пак од надвор купувам кафе џабе го земав
Од каде ги купуваш толку скапи ?! Барем кафињата во Blue namad се далеку поефтини, освен ако не пишуваш за топлите чоколада на milky way, Mars, тие им се најскапи. А нај цени има во Кам, барем 30 - 40 денари се поефтини во однос на другите.
@orevokrsacka тие од кам не се оригинал и може да се зафркни кафематот од нив. Капачето од капсулата е потврдо за разлика од оригиналните долче госто капсули и се затупува иглицата од кафематот а ако е олабавена може и да се скрши, па сервиси да треба и кога ќе видиш поскапо ќе те фати сето тоа.
Гледам популарна е темава, па да прашам. Кои се pros & cons на овие долче густо апаративе во споредба со класичните кафемати? Знам дека цената на долче густо им е пониска, друго…?
Za neskafe dolce gusto zboram tie najcesto gi zemam od marketive, vero, ramstore... nekogas i lavazza zemam tie uste poskapi se.
Не го знаев ова дека може да се зезне игличката, јас последниве месеци само од Кам земам. Знам дека само ако се зезне, дефинитивно нема да го поправам
Од Стокомак се подобри, а цената иста со на тие од КАМ. И јас имам приметено дека на овие од КАМ, особено на еспресото, многу потешко се пушташе кафето од капсулата и често прскаше. Меѓу овие од Стокомак и оригинал Долче Густо немам приметено разлика во однос на квалитетот.
Јас имам филипс кафемат од оние што сами мелат кафе и долче густо Разликата е во тоа што со долче густо добиваш кафе од капсула..буквално ти текнало лате макијато и ставаш капсула и ете го.. Или капучино со вкус на карамел.. Додека со филипсот имам опција кратко, долго еспресо и долго црно кафе.. Ако сакаш макијато, капучино или некое друго мораш сам да си изматиш млеко (има додаток на кафематот а има и некои со сад за млеко) .. и да го додадеш.. Јас не пијам кафе ама мојов дома вика дека е подобро еспресото што тогаш го мели филипсот.. Кафе во зрна само зависи какво ќе купиш..
На Делимано joy го имам од скоро, мал е не е некој голем на мелено кафе работи, можеш и топло чоколадо да правиш, еспресо кафе, Макијато,лате кафе . Делот што му е за пена го пишува дека е 15 бара.
Јас земав на Беко од Нептун, околу 5 000 и нешто на попуст. Со мелено кафе е, нема опција за сам да меле. Ама мене повеќе ми се исплати ваков, бидејќи капсулите се скапи а ние пиеме многу кафе, и тоа строго еспресо или макијато, со вкусови не и затоа ни одговараше таков. Лесен е за чистење, има опција и млеко да си стоплиш/направиш пења. Две кафиња од еднаш исто може да се прават. Ќе ставам и слика да видиш точно кој е.
Извини се вмешувам во муабетот ама ме интересира како правиш топло чоколадо и лате во делиманото? Благодарам
И јас го гледав овој меѓу другото, иначе малце претерале со цените, на Де Лонги бендисав еден, ама 250 евра не ми се даваат за домашен кафемат. Со капсули не сакам од еколошки причини, не заради цената, многу отпад ми се гледа. Не знаев дали го бива овој, иако од Беко како марка сум генерално задоволна. Не е многу голем, така?
Има специјално средство за чистење, незнам дали го има кај нас. Јас некогаш го чистам и со оцет. Ставам вода и оцет пола-пола, на местото на капсулата го ставаш тоа како инка што е и после само со вода ја пушташ уште 2-3 пати. Ако има бигор тоа за вода може да отстои малку оцетот.
Топло чоколадо ставиш млеко и 4-5 лажици од прашокот за чоколадо и на делот за пена што е го матиш ( црниот дел не го вади), инаку течно излегува за пиење, ако сакаш по густо можеш една мала лажичка густин да му ставиш. Лате кафе немам баш правено, повеќе Макијато правам. За лате треба прво пената да ја направиш па после тоа кафе да пуштиш. Јас правам со обично млеко,има едно бариста млеко ако го најдеш по маркетите можеш да пробаш со него може погуста пена ќе направи за лате кафе.
Воопшто не го вадиш црниот дел, или само за топло чоколадо? Мене ми рекоа да го вадам за млекото, ама многу прска. И ова, скрос внатре во млекото да биде или одозгора? Има некоја цака?