Воопшто не го вадам, на почетокот го вадев ама ем прска ем не прави убава пена. Не треба да биде скроз внатре во млекото, под агол од 45 да биде и само врвот. Прво на празно постепено пушти воздух бидејќи истекува малку вода па после тоа стави ја чашата и постепено врти го кругот најдоле. Од обичното млеко се прави пена но некако нема густина. Ако знае некоја нека каже какво млеко да се земе за да има густина . По можност да го има во КАМ, жито маркет.
http://www.espresso.mk/index.php/en/com-virtuemart-menu-users/online-store/kafemati/vivastyle-detail Ѕирни го и овој, многу убав италијански кафемат, имаш во деталите и димензии и се. Ние го имаме веќе цела година и сме презадоволни, дневно спремаме по 6-10 кафиња и нејќе да знај. Топло препорачувам.
Ако не ти се брза зачекај го на попуст, скоро 1 500 денари беше намален тогаш, јас го чекав Не е многу голем, не знам со што да ти направам споредба во моментов, ќе ти го сликам баш дома во кујна покрај нешто, да имаш визија отприлика колкав е.
знае ли некој дали одговараат капсулите од gimoka,barbaro i ristora na dolce gusto и дали има некој порачувано од 7г еспресо студио ?
Веќе скоро година го користам кафематов. Препрезадоволна, го препорачувам на секој кој сака да пие добро кафе. Има мелница, т.е. можност за кафе во зрна и за мелено кафе. https://www.elipso.mk/kupi/de-longhi-kafemat-ecam-22-110-sb/
Иам Долче Густо апарат една година, го користам многу ретко, дали еднаш во месецот. Денес после месец дена сакав да си напраам кафе, не работи. Не свети сјаличката, не пушта вода. А минатиот пат кога го користев сè беше океј, ништо не се деси, не покажа никави знаци дека нешто му е. Од тогаш ми стои на полица у кујна на сигурно. Севкупно едно 50тина пати дали го иам користено од кога го купивме. Некој со вакво искуство?
Се има затнато некое цревце гарант. Мојот не е долче густо ама на ист принцип работи. Кога не беше пуштан некое време така ми направи.
Јас го гасев и палев неколку пати. Почна да влече вода и самиот се поправи. Заборавив да кажам во претходното мислење.
Јас со исто искуство. Година ипол редовно користење, и еден ден не сака да свети зелено. Трепка црвено, и се гасне. Како што ти пишала и другата членка, со пали - гаси некогаш ќе го прелажев да пушти кафе, ама ми се смачи и го баталив. Го спакував и го тргнав, на сервис не знам дали се исплати да се носи. А што му е маката не знам.
Не ми свети ништо, ни зелено, ни црвено. Едноставно не работи. А го користам можда еднаш у месецот, една година. Чкартна роба очигледно.
Не сум сигурна, но мислам треба да се чисти во тој случај. Ако го имате упатството сеуште прочитајте. Јас често и на интернет проверувам што би можело да е проблемот, обидете се и така. @MissChievous