Здраво на сите. Прашањево можеби ќе звучи глупо, но бидејки врска си немам од кафемати морам да прашам. Каков кафемат ми треба за да си направам дома макијато ладно и топло како што го прават во КАФИЧИТЕ? Ама исто да биде... само да не биде со капсули
За ладно макикато ти треба еспресо и ладно млеко, за топло ти треба стимер за пареа кој ќе го згрее млекото да направи пена. Значи ти треба еспресо апарат со цевка за пареа, пример: https://www.neptun.mk/categories/KAFEMATI/DE-LONGHI-EC-235-BK Ама треба и да внимаваш дали апаратот има мелница или ќе треба да си купуваш веќе смелено кафе или одделно мелница.
Дали може лате да се прави на обичен кафемат и како ? Имам дома ваков кафемат Нема мелница , директно мелено кафе купуваме , се знам да направам освен лате читав на нет , читав и не сфатив ама баш ништо . Како да постигнам баш ваков изглед на лате ? Пробав секако и не ми успева , секогаш ми се меша кафето со млекото а не го сакам тоа
Да не објаснувам, погледни го видеото, во принцип е ова. На кратко: ставаш млеко, па пената од млекото и на крај полека го истураш еспресото. Гледај еспресото да го направиш во нешто што ќе ти биде полесно да го истуриш. Пиши дали ќе успееш Пријатно кафе
Ве молам да ми препорачате некој апарат на долче густо не многу скап ама да се фаќаат и други капсули , има такво нешто или трескам глупости ..
Капсулите мора да се компатибилни со Долче Густо машина. Во принцип овие апарати со касули се секој своја приказна. За секој бренд има посебни капсули (различни по големина, ширина и слично). Е сега на пазар имаш капсули кои се компатибилно со Долче Густо машина ама од различни производители. Има и опција да купиш силиконски или метални капсули и да ги полниш со какво било кафе (ама нема да биде исто кафето како од патроните додека не се научиш како да ги полниш и дур не го погодиш кафето).
Фала ти многу Ноеми. Дали можеби знаеш во кафичите дали имаат оделено мелница или ставаат веќе смелено кафе (купечко во кеса)? Мислам на кафичи маалски ..не на микел или coffe&friends )
Сите кафичи имаат мелница и еспресо машина, дали како одделни машини или апарат со вградена мелница. Кафето во зрно за нив почнува од некои 600ден килограм па нагоре. Самите дистрибутери им даваат апарат и мелница на користење додека земаат кафе од нив, пример баркафе, лаваца, или, итн. Како бе кафич да користи веќе смелено кафе? Немам сретнато до сега, плус не им е исплатливо и вкусот е далеку од добар.
Јас мислам дека мелено е поисплатливо, поевтино од капсули, со капсулите плус повеќе ѓубре се прави. Друго, ако сакаш чисто еспресо, подобро е кафемат на дози (со мелено кафе). И имаш повеќе избор на кафиња, со капсули си ограничен да бараш компатибилни за апаратот, оти не одговараат сите. Имам апарат на Беко, од Нептун го зедов, веќе 10 месеци маста му ја вадам, буквално иако не пијам секој ден кафе, секој ден по неколку кафиња правам, пошто си имам дома кафе пијачи. Задоволна сум. Лесен е и за чистење.
А за ракување/користње лесен е? Јас врска немам од “професионално” правење на кафе, а многу ми е кеиф да научам да си правам.
И јас би рекла мелено. Го имам на Делимано и задоволни сме. Лесен е за одржување и убаво кафе прави Инаку кафе купувам Лаваца, ама големо пакување во зрна, и си мелам во машинче. Вака ми е поубаво од меленото што го има по маркети.
Најдов во Алфи техноцентар, долче густо 3999ден со 5кутии капсули. Им пишувам, ми викаат завршена е акцијата, викам не е , трае до 22ри како што имавте пишано.. ми вика епа го немам тој модел, имам друг 4699ден. Гледам, читам истиот модел. Како бе? ме нервира фактот што е истиот модел, само тој е таков, со такво дебело постоље да речам. стоки, се пренервирав. Ако видите некаде таква акција, ве молам споделете.