Јас си додавам некогаш малку млеко ама во веќе направено. А не знам дали би можело млеко да се стави во канистарот со вода, да не го запуши.
Здраво, дали може да ми кажете мислење за овие апарати за мелено кафе? https://espressocapsuli.mk/proizvod/illy-x7-2-iperespresso-espresso-machine-white/ https://www.neptun.mk/categories/KAFEMATI/DE-LONGHI-EC-235-BK
Совет како чистите лаваза кафемат? Се случило неколку пати да свети дугмето каде што правам кафе мислам да не има некој недостаток Ама што како незнам …
Мојот не е Лаваца, но го чистам со истото средство со кое го чистев и Долче Густо кафематот. Мислам дека каков било течен descaler би завршил работа. За секој случај прашај таму од кај што ти е купен, може си имаат средства што ги препорачуваат за одржување.
Немам искуство со кафемативе ама кафето на illy е многу повкусно. На lavazza воопшто не ми се допаѓа вкусот на кафе.
И од Или и од Лаваца има милион типови и комбинации на кафиња,зависи какво кафе сакаш да пиеш такво треба и да бараш.Кај нас најчесто се користи робуста , арабика или мешавина од двете кафиња.Робуста е појако и по горчливо (поефтино ) а арабика е по ценето но со по "мек" и префинет вкус.Најчесто се прави мешавина од двете ,но сепак за вкус секој си знае што му одговара.
Јас не би земал апарат со капсули во никој случај(не дека не чинат капсулите ,туку од ограничувањето што го има тој апарат). Земи си нормален апарат за еспресо,на пример Филипсот што го имам споделено(Саеко,Делонги...)со вградена мелница,со тој можеш и цели зрна кафе и мелено па дури и од капсули. Можеш да правиш еспресо,макијато,капучино,лате итн без ограничувања. Секако зависи и од кафето што ќе го користиш но и од кафематот,затоа ако веќе мислиш на кафемат земи си некоја средна класа апарат за домашна употреба.
Веќе трета година тера, супер е, досега не сум имала проблеми, секојдневно по неколку пати го користам, редовно го чистам, функционира. Задоволна сум.
Да. Може и макијато да си правиш, па и капучино, има frother за млеко, ама јас не го користам воопшто.