Малце сум лаик за кафемати, јас уште варам кафе во ѓезве -ок електрично е ама... Многу ми се бендусуваат капсулите за кафе што ги гледам на Долече Густо. Ги има во разни вкусови има и топло чоколадо итн итн. Е сега каков апарат е тој што треба да го купам за да ги користам. Долче Густо знам ама каков, гледам има разни верзии?
Јас го имам овој апарат На овој линк можеш да ги погледнеш и другите апарати за Долче Густо. https://www.dolce-gusto.co.uk/coffee-machines
Искуство со автоматски кафемати? На сто ума сме, а во план сме да купуваме. De Longhi, Krups или Philips?
Крупс и Долче Густо се исти. Јас го имам автоматскиот, имаш сликче од Самер над твоето прашање. ПРЕЗАДОВОЛНА СУМ! Стави вода од шише, стави капсула и самото си средува. Јас и за обичен чај си ставам вода. Ставам кесичка во шолјата, шеќер и пуштам вода од кафематот наместо да ја варам. Најважно е што има компатибилни капсули од различни фирми, па можеш да си менуваш какви сакаш.
Јас имам на Филипс. Многу е добар.. Ако пиеш кафе. Јас не пијам ама гостите ми пијат, плус маж ми Е мојот е постар модел и нема такво за само да си земе млеко, ама па и не сакав.. Имаше и такви кога го купивме ама некако тоа пластичното ми матеше ум, па цефчињата што го носат млекото какви ќе се за чистење.. И земав обичен што меле кафе и си правиш на страна пена.. Конкретно овој.
Да.. Ставиш горе кафе во зрна и кликнеш какво кафе сакаш и толку. Е овој основниот нема многу опции за кафе, кратко еспресо, долго и црно кафе (подолго од долгото ) За пена имаш копче за тоа од страна не знам како се вика, за млекото Имаш и опција само за топла вода за чај, јас за тоа го користам кафематот.. Лесен е и за чистење Другарка има исто на Филипс ама со екранче и поголем избор на кафиња.. И тоа пластичното за млеко. И она се фали, а гледам исто е едноставен за работа Овој Не знам кај нас кои ги има, ние и двете од Бугарија ги земавме Додуша мојов е од пред короната и уште нема мрднато, на сите го фалам..
Каква хемија користете за бигор ја зимав од e-horeca ама некако не се баш ефтинлии ако имате слободно споделете од стокомак кам не ги прифаќа за да почне процес на descale
Имам ваков кафемат неколку години. Супер е, ама јас не научив да правам пена или капучино со она од страна и ми е неискористено. Ај ко на глуп, објаснете ми како функционира.
Неколку битни фактори од моето скромно искуство: Полномасно млеко е најдобро за правење густа и кремаста пена Користи метален нерѓосувачки сад и наполни го со ладно млеко максимум до половина Потопи го врвот на стимерот малку под површината на млекото (околу 1 cm) Садот да е благо накосен за да создадеш вртложно движење Ако стимерот е предлабоко, нема да направиш пена, ако е премногу плитко, ќе добиеш големи меурчиња Држи го врвот близу до површината 5-10 секунди за да ја направиш пената, потоа потопи го подлабоко за да го загрееш млекото Прекини кога садот е топол на допир, оти жешкото млеко ќе ја изгуби пената Исклучи го стимерот пред да го извадиш од млекото за да не испрскаш наоколу Заврти го садот неколку пати (како чаша вино ) и благо чукни го дното на маса за да ги разбиеш големите меурчиња