Мислам дека ги има кафемативе во Техномаркет, Нептун.. можеш да се обратиш кај нив и они да ти помогнат.
Јас го имам кафематот веќе неколку години, работи без маана и многу често го користиме. Не се случиле никакви оштетувања до сега, тоа што се затнал отворот (прочитав погоре) по неколку месеци може да се случи на било кој кафемат доколку не се одржува како што треба. Кафето зависи од тоа какво ќе купиш, дали ќе го чуваш да стои свежо и колку добро е сомелено (доколку го мелиш дома). Сме земале и Tschibo, Lavazza, од 7гр. не се сеќавам на името, едно побуџетно од 300 ден кг немелено, сите до сега биле супер, сепак треба и да се направи како што треба. Вреди секој денар, компактен е и брзо грее, препорачувам дефинитивно.
После долго размислување си купив Долче Густо кафемат. Лате Макијато ми е превкусно. Е сега проблемот е што не успеав да најдам капсули за ладно кафе. Знае ли некој каде можат да се купат?
Какво ладно кафе на пример? Лате имаш у Рамстор и секаде каде што е снабдено. Пушташ на ладно и имаш ладно кафе. Или матиш ладна пена на миксер за нескафе па си пушташ ладно кафе од кафемат.
Ама нели се наменети овие Лате Макијато и останатите само за со врело млеко? Најверојатно нема да ми го направи пенасто млекото ако пуштам ладно. Или да го пуштам млекото со врела вода а кафето со ладна и после мраз да додадам?
Пробај си Јас еднаш си стоплив млеко и си ставив капсула еспресо Не беше тоа тоа, ама не беше ни лошо.
Не излегува лошо. Фино е. Кај нас главно маж ми прави кафе, па кажувам само што гледам. Ладна пена мати на нес машинката и после пушта на машината ладно кафе низ неа. Лате, кортадо, еспресо... Спојлер: Кафе
А од што ја прави пената? Мене од кортадо не ми излага пенасто, како вода е... Уште не ги сфаќам финтиве со кафињава.
Од млеко прави пена. Само кортадо и нема многу пена. Малку одозгора. А и таа пена зависи од тоа колку бари е кафематот.
Морам да го пофалам на Muhler кафематов. Ако не ви се даваат големи суми на за еспресо кафемати топла препорака за овој. Го има во техномаркет, редовно е на некаква акција ама еве неколку месеци одличен се покажува. Со мелено кафе е (Tchiboto од кам е феноменално ама сакам и некое друго да пробам), еспресото го прави преубаво, со убава пена. Има и опција за пенење на млеко. Маана му е би рекла што треба да се гледа, не е да ставиш само и остај го. За еспресото мануелно се прекинува кога сакаш, ама искрено мене ми се свиѓа ова, по желба кога еспресо кога американо. Од тоа што имам пробано, за мене поубаво е ова кафе од долче густо капсулите.
Апаратите од долче може ли да ги користат од кам капсулите? Нас продавачот ни кажа пробано му било не одговарале