Хелп со кафемативе. Сакаме апарат за еспресо, најдов неколку со попристапни цени па ако има некој искуство да сподели со некои од опцииве на сликите?
Дали на Nescafe Dolce Gusto Krups одговараат капсулите на Segafredo, Gimoka, NeroNobile, Lavazza, DolceVita? Ги разгледувам капсулите на e-horeca, гледам имаат многу избор, па не знам дали да се ограничувам само на Нескафе Долче Густо.
Да, одговараат. Гледај на кое пишува дека се конпактибилни. На страната на сите пишува за кое одговараат.
Го имам првиот на круша јас веќе две години. Супер си работи, презадоволна сум. Не е скап, и за домашна употреба си е топ.
@buba4e89 од кафемативе со капсули , кој го имаш ти? Јас се мислам оддамна дали некој да купам ,прво се мислев за еспресо апарат ама имаме во продавницата наша голем и кога сакам кафе си правам де па што ќе ми е дома па викав некој со капсули да земам , сигурно кафето е многу вкусно
Задоволна сум од мојот кафемат,ако сакаш брзо кафе супер е. Башка не мора баш на долче густо да ставаш капсули туку може и од друга фирма. Не е нешто комплициран и знам дека има подобри и од овој,други модели појаки.
Почна да свети портокалово светло на Долче Густото, треба да се чисти од каменец. Кое средство го користите и од каде?
Ако сакаш природно, лимонтус, разтвори го во вода колку што собира резервоарот и пушти си го програмот. Јас вака над 5год го чистам. Ако сакаш специјално, има на blue namad на страната средство околу 250ден ама доста големо шише.
Кај мене уште не е светнато, ама пишува нели на 2 месеци треба, а скоро 2 и го имам. Е сега да ме утепаш не се сеќавам како беше програмот, нели тоа пластичното се става на место на капсулата, ама како се чисти поима немам. Дали како првиот пат, нели врела вода, па ладна вода? Еден сад така, па еден со чиста? И смеам ли да користам обичен отстранувач за бигор, како што користам за бокалот за вода? Во кесички по две се продаваат, на ДМ марка? А може и тоа од Блу Намад да го купам, направив нарачка, заборавив такво. До Рамстор да идам ќе треба