Може до сега си купила, моите го имаат овој кафемат и се презадоволни, забораваат на турско кафе. Си работи перфектно, на малото цефче од страна се прави млеко и е истото кафе како од кафиќ. Сега зависи и какво кафе ќе купуваш за да ставаш. Може да се прави едно,а може и две кафиња одеднаш.
Да ве предупредам сите за кафематите на Blue Namad во Козле - онаа понудана што беше купуваш 200+ капсули и добиваш кафемат гратис Garibaldi NOA Eclissi. Со сопругот си го купивме пред 3-4 недели и баш ни се допаѓаше. Првите 2 недели си тераше убаво и третата недела се расипа. Ставивме нормално една капсула и додека работеше самиот кафемат експлодираше. Го однесовме пред некој ден назад со гаранцијата за поправка и сега пробуваат да не набедат дека сме ставиле друга капсула а не од тие 200+ што ги купивме. Ова ми е прв кафемат што го купувам и имам уште пола од оние капсули кои сум ги купила од нив. Зошто би купувала други капсули кога немам каде да ги ставам? Зошто би ставала други некомпатибилни капсули кога при купување ми нагласија дека не смеам да го правам истото? Просто нема логика. Крајно непоштено, нефер и измамнички изиграно, бидејки си целосно немоќен за да им докажеш дека не е точно. На крај најмногу што ме запрепасти беше тоа што ни пуштија слика од сервис од распадната друга капсула и рекоа - еве оваа сте ја ставиле - и не направија будали во здрав памет само за да не падне товарот за поправка на нивен грб... Можеби пишувам од револт ама морам да го раскажам тоа што ми се случи за да не му се случи и на некој друг. Внимавајте со нив и нивните гаранции и сервиси.
@Ms.Threepwood јас имам долче густо од кај нив и сум немала проблем ни со кафематот ни со капсулите до сега
Да, ти верувам, сестра ми го има истиов кафемат за кој што зборувам и на неа сеуште добро и работи и си е задоволна од кафето. Немам никаков проблем со расипувањето на кафематот - се случува понекогаш, ништо не е совршено и токму поради тоа си постои гаранција. Проблемот ми е со луѓето со кои ќе се соочиш откако ќе ти се расипе, бидејки ја префрлат вината на твое име а ти немаш направено апсолутно ништо погрешно. Али тоа е тоа...
Јас би те советувала да ги пријавиш во агенција за заштита на потрошувачи зашто многу мразам кога некој те прави будала на здрав памет и за твои пари. Треба да си ептен глуп да ставиш капсула која не одговара. Проблемот според мене е што најчесто ваквите “ефтини” уреди или не се поправаат или повеќе кошта поправката него нов да купиш и сеа гледаат да избегнат или на твој трошак да го поправат. Јас купував капсули од блу намад, но многу сум незадоволна од односот кон клиенти и престанав. Гледам дека сум можела и полошо да поминам.
@Dust @СуперДевојка Се јавивме во агенција за заштита на потрошувачи и ни рекоа дека не можат апсолутно ништо да направат бидејки ситуацијата била - нивниот збор против нашиот - и сега треба сами да ангажираме вештаци од пазарна инспекција и да тераме некој процес надвор од нивната организација. Секако, ако те наместат и ти ја бутнат другата уништена капсула што ми ја пратија на вибер и ме шокираа од кај ја ископале, ќе си го платиш целиот трошок од тој процес... што нема поента да правам за еден кафемат. На крај се откажавме од нервирање и сега чекаме да не исконтактира некој од кај нив да ни каже „што понатаму“ а тоа многу ме интересира што ќе биде. На крајот на денот не ми е нервозата за парите кои сум ги изгубила, мање више пари се трошат и се заработуваат, него тоа што велиш ти - треба да си ептен глуп да стаиш друга капсула - а во ситуацијава те прават токму тоа хаха Нека им е на здравје, што да речам. Памет за друг пат.
Иако не сум ahoy ќе ти одговорам После 300 направени кафиња кај мене светна кафематот портокалово и тоа значи дека е пожелно да се чисти, а инаку е морално после 500-тини направени кафиња инаку ептен може да се запуши.
Мене во Нептун ми кажаа да не користам вода од чешма затоа што е со бигор, односно да практикувам флаширана без бигор (Роса мислам конкретно ми предложија), или од еден друг локален извор во мојава општина зашто водата е чиста таму. Во случај да немам услови за користење на таква вода, капсули за чистење на секои три месеци мислам беше.
Сакам да купам кафемат. Гледам повеќето го користат Долче густо. Пошто врска неам од кафемати ми треба кратко „упатство„ од вас како се користи? Какви капсули? Читав дека може и чај или грешка сум? Исто гледав дека има и детски напитоци? Вусшност, какви се напитоци може да се прават со него и од каде ги купувате? Дали има различни апарати и кој е најдобар според вас цена/квалитет? Благодарам
Може чај има капсули за чај Детски напитоци јас користам пошо не пијам кафе.. имаш како милкшејкови, марс топло чоколадо, сникерс, твикс.. ванила јагода чоколадо лешник...свашта.. Капсулите мора да се исклучиво за долче густо кафемат пошо сите видови си се со различна величина..
Овие Dolce gusto кафемати само со капсули се прави кафе ? И јас сакам во скоро да си купам кафемат, ама воопшто не се разбирам како функционираат. Ги меркам овие Dolce gusto кафемати .