Кафето и хороскопските знаци

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од x.Daisy.x, 20 октомври 2010.

  1. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    13.122
    Карактерот според хороскоп

    Кафе за вашиот знак

    Секој хороскопски знак има различен вкус за кафе. За некои знаци кафето е секојдневен ритуал, додека за други повремена забава. Прочитајте што одговара за најголемиот број на претставници од вашиот знак.


    Овенот е огнен знак кој секогаш брза некаде, но никогаш не пропушта да си ја обезбеди дуплата доза од омиленото кафе кое ќе го испие полека и со големо задоволство.

    Бикот пак кој отсекогаш се смета за владетел на материјалниот свет, а е познат и како голем хедонист, ужива во луксузни кафиња. Сепак, нема да погрешите ако го повикате на вкусно капучино со шлаг, кое ќе го задоволи неговиот стомак, но и неговите очи.

    Кога станува збор за близнаците и тука може да им се припише нивната променлива природа. Тие може да имаат невообичаени барања кога станува збор за кафето, па да бараат нешто да се додаде или пак да се одземе. Најчесто нарачуваат различни и нови видови на кафе.

    Традиционалното кафе е одличен избор за ракот. За него е најважно опуштено да го пие кафето, удобно сместен во својот кревет или фотелја, но понекогаш може да направи промена и да ве изненади со својот избор.


    Лавовите секогаш сакаат да се претстават во најдобро светло, па и пиењето кафе е одличен момент да се покаже нивната екстравагантност. Помеѓу овој хороскопски знак има многу љубители на макијато, но имаат многу работни ангажмани може да нарачаат и нескафе.

    Ако некој не се грижи за типот на кафето кое што го пие, тоа сигурно е девицата. За овој знак е најважно да го пие кафето во друштво, опколен со пријатели и убав амбиент.


    Терезиите сакаат да премеруваат, а истиот принцип го применуваат и во пиењето кафе. Па така најчесто ќе ја забележите како нарачува кафе кое што е одлично избалансирано со млеко. Доколку се случи да се успие, изборот несомнено ќе се сведе на еспресо.

    Мистичната скорпија максимално ужива во своето кафе, но најчесто се труди да си го испие сама, бидејќи сака да избере, да го подготви, да додаде млеко, чоколадо и сл.


    Кога и да има потреба од возбуда во својот живот, секој стрелец би требало да се обиде со ајс кафе со вкус на карамела. Во сите други случаи го преферираат турското кафе.

    Јарецот е познат како вреден знак , кој што не сака непотребно да го губи своето драгоцено време. Затоа ако го повикате на кафе, очекувајте да нарача некое силно кафе или кратко еспресо.

    Кој знае што ќе ви одговори водолијата кога ќе и го поставите ова прашање бидејќи знае да биде мошне непредвидлива. На крајот може да се случи да нарача чај од малини и воопшто да не се определи за кафе.


    Иако рибите во суштина се креативни и полни со фантазија, кога станува збор за кафето не сакаат премногу комплицирање. Тие се љубители на едноставно црно кафе, без додатоци.


    За мене е погодено.

    п.с. Водолија сум. :)
     
    На annnni му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.355
    Карактерот според хороскоп

    Точно!
    Тоа ми е најважно.
     
  3. hihihi

    hihihi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    Карактерот според хороскоп

    Чудно ми е зошто јарецот секад го пишува дека демек многу многу се грижел за работата. Точно е дека кога ке се зафатам со нешто терам до крај. Ама дека постојано работам... :?: најчесто оставам за утре.. :lol: најверојатно зависи од подзнакот. Инаку сум голем денгубец, времето го поминувам надвор од дома и ништо корисно не работам. За кафе зависи какво ми се пие. Најчесто Капучино или Макијато..

    Изгледа подзнакот има влијание, затоа што сакам кафе добро избалансирано со млеко - вага :rofl:
     
  4. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.694
    Допаѓања:
    9.917
    Пол:
    Женски
    Еве и јас како девица можам да се согласам со ова! :)
    Не ми е важно толку многу друштвото, можам и сама да го пијам, ама мора да е во соодветен амбиент, кој ми е во склоп со моменталната состојба.
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.781
    Африканско кафе? :^)
    Иначе да, пред да го пијам кафето, се нурнувам со носот :)
     
  7. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Иако рибите во суштина се креативни и полни со фантазија, кога станува збор за кафето не сакаат премногу комплицирање. Тие се љубители на едноставно црно кафе, без додатоци.
    кафе си е кафе :D
     

    Прикачени фајлови:

    • zzz.jpg
      zzz.jpg
      Големина на фајлот:
      37,6 KB
      Прегледи:
      1.309
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.346
    Пол:
    Женски
    Уживам во кафето и ми одговара кога го пијам сама, ама не е лошо и во друштво, така да точно е половично . :)
     
  9. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    655
    Toчно е :) 8) Девиците само да се со оние кои им оди муабетот,па што сакате дајте им,без проблем ќе го испијат :)
     
  10. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    706
    за мене не е точно баш јас само нес кафе пијам тоа ми е најубаво, а да тоа дека сакам удобно сместена да пијам кафе е точно :)
     
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    5.857
    Еве бидејќи никој не спомнал за Скорпија да кажам дека е 102% точно! Обожавам да си го правам кафето сама и да си го дегустирам дооооолго. :)
     
  12. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    671
    ама па не кажува какво кафе ни е омилено или сака да каже дека сите видови на кафе ги обожаваме, се друго е точно, но ја ќе надополнам, омилено ми е макијато и сите негови варијации како и бело кафе и како што вели горе понекогаш го зимам во дупла доза.

    а бидејќи сум во подзнак стрелец па оттаму и мојата страст по турско кафе.
     
  13. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Ова е најНЕточната реченица што сум ја прочитала за мојот знак. Јас кафето обожавам да си го пијам сама, насабајле, пред компјутер или на терасата и исклучиво инстант кафе, појако така :) Не дека не сакам и во друштво, ама ова е ритуалот што си го обожавам :)
     
  14. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    129
    Ептен неточно... Ја крава сум..ова бик де :) и не ич несакам капучино. Пре би се напила турско или нес..
    Ама имало разлика кој ден си роден, кој саат, минута...бла бла... Може на некое бикче му е погодено, ако е родено 14 мај пример :)
     
  15. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Мистичната скорпија максимално ужива во своето кафе, но најчесто се труди да си го испие сама, бидејќи сака да избере, да го подготви, да додаде млеко, чоколадо и сл.
    So true, никој не ми го погодува кафето како што го сакам хаха па затоа сама си го правам. Сабајле кога станувам обавезно кафе пред комјутер САМА да го изгостирам ланзан полека.
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    39.878
    Пол:
    Женски
    Терезиите сакаат да премеруваат, а истиот принцип го применуваат и во пиењето кафе. Па така најчесто ќе ја забележите како нарачува кафе кое што е одлично избалансирано со млеко. Доколку се случи да се успие, изборот несомнено ќе се сведе на еспресо.

    Точно до збор !! :lol: :lol: :lol:
     
  17. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    1.198
    Пол:
    Женски
    Ама се изненадив, ептен точно ;)
     
  18. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.322
    мм.. одам одма да си сварам :inlove:
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.711
    Мистичната скорпија максимално ужива во своето кафе, но најчесто се труди да си го испие сама, бидејќи сака да избере, да го подготви, да додаде млеко, чоколадо и сл.

    It`s so true :inlove:
     
  20. crazylady

    crazylady Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    4.975
    Допаѓања:
    7.853
    Иако рибите во суштина се креативни и полни со фантазија, кога станува збор за кафето не сакаат премногу комплицирање. Тие се љубители на едноставно црно кафе, без додатоци.

    за мене не е точно јас не сакам црно кафе јас само нес кафе пијам тоа ми е најубаво :D :D