Кој знае што ќе ви одговори водолијата кога ќе и го поставите ова прашање бидејќи знае да биде мошне непредвидлива. На крајот може да се случи да нарача чај од малини и воопшто да не се определи за кафе. Точно.. мн ретко се одлучувам за кафе
Терезиите сакаат да премеруваат, а истиот принцип го применуваат и во пиењето кафе. Па така најчесто ќе ја забележите како нарачува кафе кое што е одлично избалансирано со млеко. Доколку се случи да се успие, изборот несомнено ќе се сведе на еспресо. Точно Ајде наздравје кафе
Лавовите секогаш сакаат да се претстават во најдобро светло, па и пиењето кафе е одличен момент да се покаже нивната екстравагантност. Помеѓу овој хороскопски знак има многу љубители на макијато, но имаат многу работни ангажмани може да нарачаат и нескафе. Точно е
Хахахаха не сум љубител на кафе али кога пијам секогаш викам (чекај да видам кое изгледа најубаво,така нешто со шлаг нека има )
Кога станува збор за близнаците и тука може да им се припише нивната променлива природа. Тие може да имаат невообичаени барања кога станува збор за кафето, па да бараат нешто да се додаде или пак да се одземе. Најчесто нарачуваат различни и нови видови на кафе. Точно е,сакам да пробувам нови видови,но не премногу често.Турското кафе си го пијам најчесто.
Бикот пак кој отсекогаш се смета за владетел на материјалниот свет, а е познат и како голем хедонист, ужива во луксузни кафиња. Сепак, нема да погрешите ако го повикате на вкусно капучино со шлаг, кое ќе го задоволи неговиот стомак, но и неговите очи.
Иако рибите во суштина се креативни и полни со фантазија, кога станува збор за кафето не сакаат премногу комплицирање. Тие се љубители на едноставно црно кафе, без додатоци. Не е точно ама баш ич. Пијам многу ретко кафе и тоа само нес
Овенот е огнен знак кој секогаш брза некаде, но никогаш не пропушта да си ја обезбеди дуплата доза од омиленото кафе кое ќе го испие полека и со големо задоволство. Хм,до пред некое време ова беше точно,но сега не знам зошто не сакам да пијам кафе,не ми е толку убаво.
Кога станува збор за близнаците и тука може да им се припише нивната променлива природа. Тие може да имаат невообичаени барања кога станува збор за кафето, па да бараат нешто да се додаде или пак да се одземе. Најчесто нарачуваат различни и нови видови на кафе.