Кафе без друштво

Дискусија во 'Слободно време' започната од katka-slatka, 23 јуни 2010.

  1. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    42
    Ајде девојќи пишете како кога сте сами дома,односно практикувате да пиете кафе сами или не?

    Јас за мене да си кажам. Често сум сама и воопшто не практикувам сама кафе да пијам,а камоли да зготвам нешто само за мене,па да седнам сама кафе или да јадам,нема шанси,ке се утепам од плачење,носталгија ме убива,па така често сум гладна до доцните часови. ;( Не сакам сама,ама живот,тоа ти е.
    Пишете како вие практикувате...
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.721
    Допаѓања:
    5.119
    И јас не практикувам да пијам сама ама пијам кога имам многу за учење, добро ми делува. Дури и си го превртувам филџанот од навика :lol:
     
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.464
    не ми смета да пијам сама кафе, чудо големо.
    Си застанувам пред телевизор или пред пц и така :)
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    25.660
    Со друштво или не... кафе си е кафе!

    Јас го пијам со саати, и правам 300 работи додека го пиајм. Работам низ дома, хранам деца, читам нешто... што и да е. Ретко седнувам да пијам кафе, и само тоа да правам.

    Овде на рабоа обавезно пијам по 2 - сама! Еве сега одам да си го направам вторто.
     
    На Betty* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    70
    Ne mi smeta voopsto naprotiv ubavo mi e.Obavezno koga sum slobodna i koga sum sama doma si varam kafe i bas sama ke si se opustam so nekoe interesno spisanie ili pred tv. Nema vrska dali pijam sama ili so drustvo ednakvo uzivam.Ako sama ne si napravis da ti bide interesno togas koj.I sto ako sum nekogas sama cel den toa znaci deka nema da pijam kafe ili deka ke gladuvam,ma nema sansi :)
     
  6. lavce

    lavce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    33
    И јас често си пијам сама кафе, онака ми е убаво ќе си направам кафенце, ќе си пуштам тв или пред пс ќе си се опуштам. Мераци :D
     
  7. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    42
    Свака ви част,јас не можам. *САМА* гррррррррррррррррррр
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.396
    Си пијам кафе сама, се опуштам и се релаксирам. Често и си готвам сама, па дури после повикувам некого, да дегустираме заедно.
    Најчесто пијам кафенце сама додека гледам ТВ, или пред компјутер, додека се шминкам пред огледало, или кога сум разгалена, си ја полнам кадата и си пијам ладно нес кафе. ;) Уживаааам . . .
     
    На cresa-jagoda, srcekrsacka, 1234girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.339
    Пол:
    Женски
    И јас исто :)
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.369
    Допаѓања:
    37.011
    Потпис.
    :D :D Баш ме насмеа темава.
     
  11. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    мене ми е сеедно дали пијам сама кафе или со друштво, дури некогаш ми е поубаво сама да пијам кафе :)
     
  12. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    619
    Јас си уживам кога си го пијам кафенцето сама дома на раат,си лакирам нокти,си ги турпирам,се ставам маска на леце,си слушам музика и си летам со мислите....едноставно се релаксирам :)
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.759
    Допаѓања:
    77.405
    Сама со кафе ми е посебен ритуал кој го правам со големо задоволство.Често го пијам и по цел еден една шоља,правејќи милион работи по дома.Секогаш го пијам во големи количини и секогаш е во шоља за чај,а често знам и нескафе да си направам со сите тракатанци во него.
    Во друштво не го ни чувствувам,повеќе ми е изговор за средба,на муабетот и средбата им давам предност,а него го пијам механички без особено уживање и во тој случај најчесто е макијато (многу ретко,препрепрепреретко еспресо),зошто има посилен вкус,за да сетам дека нешто ставам во уста.
     
  14. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    993
    Допаѓања:
    496
    обожавам да пијам кафе кога сум си сама зошто тоа трае и трае и трае, а меѓувреме си средувам низ дома, се средувам самата себе или пак едноставно уживам - релакс музика, книга или нешто на тв...
     
  15. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    178
    поубаво и послатко ми е кафето коа си го пијам сама,онака без никој да ме замара или шо знам шо :D
     
  16. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.899
    Уживам така , повеќе се внесувам , повеќе го чувствувам како кафе. :D Не ми фали ништо ако го пијам сама ;)
     
  17. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    16.078
    Многу често се случува да пијам кафенце сама и онака ми е убаво кога си пијам кафенце и си размислаувам за обврски што треба да ги завршам или за некои убави настани искрено некако кафето ми делува како релаксација кога сакам да си бидам сама и да си уживам во друштво со самата себе .
     
  18. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.173
    Кога имам потреба од кофеин,ама ич не пребирам со кого и како ќе си ја задоволам. :) Кога ми се пие-пијам,независно дали сум сама,со познати,помалку познати,непознати,непријатели,пријатели...Кога го пијам сама,го пијам амо заради тоа што ми се пие,не заради навика,не секогаш во исто време,чисто заради ефектот.Кога го пијам во друштво,понекогаш го пијам така,да не кршам атер,заради самото друштво.
     
  19. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    83
    Не сум голем кафеџија така да ретко и го пијам, и сама уште поретко....
    И читам тука сите долго го пиете и у живате во него.. јас пак на пример пушам цигара и пијам кафе, и обично додека ја испушам цигарата сум го испила и кафето, ретко се дешава да ми остане, и ако ми остане кафе не можам да го пијам додека не запалам друга цигара... не знам зашо така, едноставно навика :)
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    пијам кафе сама и баш уживам додека сум или пред компјутер или онака си седнувам одмарам или пак на балкон негде во далечина загледана одмарам очи и мозок или посматрам што се случува наоколу и си го пијуцкам кафенцето..едноставно секојдневен ритуал ми е..порано сама не пиев никако ама со тек на време од разни причини си се навикнав сама да си пијам и искрено некогаш многу ми е поубаво и послатко кога го пијам во друштво со самата себе :)