многу редко пијам кафе сама, едноставно немам желба, како воопшто да не ми е вкусно. Некогаш се случува премногу да ми е пие кафе и да не се напијам само затоа што немам со кого.
Најслатко ми е кафето што го пијам сама, обично си правам кафе и си седнувам пред компјутер (на некој форум) и си уживам.
Скоро секогаш пијам кафе во душтво и многу ретко кога сум сама може да ми текне да сварам кафе и да пијам...ама се случува и тоа
Единствено утринското кафе го пијам со колешки т.е. во друштво.Дома оддамна не сум пиела кафе со некого, уживам да си го пијам сама.
Обожавам наутро кога сите спијат да си сварам кафе и да си седнам пред компјутер и во тишина да си го испијам кафето во пижами
Поубаво ми е кога го пијам сама. Тогаш целосно уживам и обрнувам многу повеќе внимание на мирисот, на вкусот, уживам во погледот кој го имам од балкунот дома или си читам книга, форумот, интересни статии...
Значи дефинитивно најубаво ми е кога утринското кафенце си го пијам сама ,на тераса,и си лутам со мозокот некаде
Порано ми беше ритуал да станам рано, дома спијат, да си направам кафе и да испушам 2-3 цигари на раат. Да не му се верува на човек колку уживав во ова . Ни ТВ, ни весник, ништо, јас, кафето, цигарата и моите мисли, сами и среќни, пред да почне гужвата. Сега одамна не пушам, па првото кафе ми е пред компјутер, читам online весници. Не дека е лошо, ама не ми се споредува со оној претходниот филинг.
ммм....најдоброто нештоо....утринско кафе на балкон и цигараа..!!!! уживаш во денот и планираш како да го поминеш..како да си го направиш поинтересен...!!!! најдоброто нешто за почеток на убав ден..!!! КАФЕ БЕЗ ДРУШТВО И ЦИГАРА...!!!!
Многу ретко пијам кафе сама. Ама кога го пијам практикувам најчесто после туширање, онака уште сум по бањарка, си седам пред компјутер и пијам кафе слушам музика и обавезно со цигара
Не пијам кафе во принцип, ама кога одам на кафе одам само за да се видам со другарки. И тоа кафе што го пијам онака ради реда ми е, некогаш друго пијам не мора да е кафе де. Сама во кафич не сум отишла, но може да отидам некад, неам ништо против тоа, можам и лаптопот да си го земам, тоа на Запад не е ништо чудно, туку баш изгледа професионално како да работиш нешто на лаптопот да речеме, одмараш глава од реалноста или пак си на кафе-пауза од работа. Додека пак кај нас, тоа значи дека немаш со кој да идеш на кафе да трачариш па мораш сама колку да не забораиш како изгледа да седнеш во кафич, си најочајната особа на свет и кој и да те види непознат ти се чуди, а познат пак те оговара на останатите или ти доаѓа и ти вика: шо си вака сама? (без „маче“ ако е женско), стануваш автоматски предмет на трачарење од околината. Офф-топик една случка. Седиме со друштво собрани и поминува девојче што 2-3ца го знаеја и еве што се случува: - Кај идеш? - Еве си се шетам (со слушалки на уши). - Еј сама се шеташ? - Да бе, шо има везе? - Ееееј шо е убаво сам да се шеташ... мераци. Он-топик: ако за шетање сам да излезеш на воздух да се прошеташ да те фати воздух сама и да мируваш 10-15мин. па и поише да се, одма ти вадат муабети па дури и во фаца ти ги плескаат, што би рекле тука луѓето на седење сама во кафич? Тоа е тоа, битно јас би седела сама во кафич со лаптопот кај мене, зошто само таму би пиела кафе, па кога би била сама можеби не би ни нарачала кафе, туку некој друг пијалок.
Вчера читав една репортажа за Етиопија каде што индустријата за производство на кафе напреднала последниве години. Жителите велат кафе никогаш не пијат сами затоа што тоа носело лоша среќа. Во однос на бројот на испиени кафиња пишуваше дека 3 е минимумот: едно за пријателството друго за љубовта а третото е за бога друго се е екстра. А јас знам кафе сама да си се напијам на работа а и во кафич ако стварно ми се пие. Во Италија влегуваш во бар купуваш експресо го пиеш за 10 секунди и излегуваш, закон хахахха!
Секогаш цигарата ми е прави друштво. кафе ми е омилен пијалок после вода. утрото ми запознува со едно добро Нес кафе
Знам и сама да си излезам на кафе . Онака да си размислам И сама сум излагала кога ке ми се здосади од овие моиве другарки и лудо си поминував ...
Ретко пијам кафе. Другарките се љубители, па кога сум со нив, пијам и јас. Еднаш или два пати ми текнало да направам, да си застанам пред компјутер и сама да го испијам.