Па кога сум дома и немам друштво а ми се пие кафенце секако дека ке пијам ... А и таков тип сум сакам многу да уживам со самата себе ама секако кафето пиење сам и со друштво е различно ... Иако уживам пиејќи сама кафе а многу по веќе уживам кога времето и кафето ке ги потрошам со луѓе што премногу ми значат... Битно кафе да е
За жал подолго време си пијам кафе бев никакво друштво. Се преселив пред 1,5 год. во нова населба, каде што бараката е на многу лошо место, околу мене нема млади комшии, а и тие што се или се од `Високото Добро Утро` па им е понижување да се поздрават со обични смртници, или се 50 + па генерациски не одговараме. И таа една комшивка што идеше на кафе на крај се испостави дека идеше заради личен интерес, не заради дружба
Не сум зависник од кафе па затоа кога сум сама дома дури ни не помислувам на кафе. Ако дојде некој многупати ми се случува и да заборавам да помолам кафе. Пијам многу ретко кога на пример сите пијат или ако има некој да ми гледа..
Супер, зошто да не? навика ми е, станам од спиење, си направам убав доручек, па ќе си сварам кафенце, цигарче, ќе си седнам на тераса и си уживам! Убавини..
Како и дома така и во кафич знам да си седнам сама. Особено ако 4 саати сум акала по продавници и сум се претоварила со кеси и не сум ни била у стање да стигнам до кола, не ми е проблем. Не знам ниту една причина зашто не би пиела кафе сама ..
Па некогаш кога си седнам во сотелја,кафенцето до мене,нигата во раце,лап топов на масичката тозете на табуретката и уживанција,кој ќе ги чека да се вратат од работа
Си има магија и тоа и тоа. Јас сум голем обожавател на кафето,и уживам во секоја голтка.Убаво ми е кога пијам со другарките,низ смеа и трачарење,со сестра ми-која признавам го прави поубаво од мене,со мама пак што да ви зборувам ,со дечко ми исто -само ме нервира што тој ќе го шмркне набрзина па секогаш го карам дека не ми прави друштво ....Убаво ми е и сама кога си пијам .Особено утринското ми е скоро секогаш пред компјутер и најубаво ми е.Сакам кога цел саат си седам и размислувам,држејќи ја шолјата кафе и уживајќи во него
дури живеев мак си имав друштво за кафе и да сакав и да некев а сега ретко кога имам друштво за кафе така да се научив сама да си пијам...едно турско 2 цигарчиња таман ми се!!!!а во нивна придружба тхе компјутер
исто и јас а ако гледаме на работите од друга страна и не сме го пиеле сами,со сите онлајн пријатели на фб ли тука на форумов а доколку е пред тв,тогаш со со сите позади камерите,сигорно си имаат по една шоља нес покрај нив мала шала
бидејки сопругот ми оди само прва смена кафето сабајле си го пијам сама .си станувам го ставам гезвето на шпорет да се вари јас се средувам и седнувам си го пијам на раат пред телевизор .
Утрото без кафе не го започнувам.Редовно си пијам кафе тоа ми е како некој ритуал. После тоа во текот на денот дали со другарка или пак со мајка ми следува уште едно кафе.Но не повеќе од 3 кафиња на ден.
Најубаво ми е кафе без друство онака сабајлецки со една праска и едно јаболко . Таман нити ми се мрмори нити ми се зборува кога станувам и узивам во првото кафе,никој не ми се мавта лево десно, си се расонувам ми се отвараат оците и денот мозе да запоцне
И јас нон стоп кафе си пијам сама.Кога седам пред пц најубаво ми е.Па кога нема со кого зар не треба ни кафе да пијам
Зошто да не. Си пијам кога сум сама дома. Си седнувам пред ТВ, пред ПЦ, и си пијам. Чудо големо, сама кафе.
E добро де. Да не ми падне чеизот ако случајно сама испијам кафе. Ете ќе се случи, ќе си сварам турско, или нес ќе си направам и ќе си пијам сама. Па поубаво нешто од книга и кафе на тераса каде што сонцето ти прави друштво, нема.
Пиев утрото.... и уживав во секоја голтка од огромната шолја. Обично кога пијам кафе сама, го пијам со часови пред компјутер. Така сакам да ми започнува денот: полека, горчливо, миризливо... и сама.