Најчесто сама си пијам, не ми е потребно друштво за да пијам кафе. Откако почнав да пијам кафе, кафето ми е најдоброто другарче.
Не ми е потребно друшто. Подеднакво уживам во кафето и кога го пијам сама. Во комбинација со цигари, го пуштам паметот да скита каде сака и тивко музиче во позадина
Повеќе сакам сама да си пијам кафе. Кога имам слободно време, кафето го пијам со саати, си чачкам на интернет, си пушам цигари и топ ми е.
И јас уживам кога пијам кафе сама,обично кога сум пред компјутер,со музика или кога читам книга така ми е најубаво. Најчесто 2 кафиња дневно ми се доволни и тоа ми е еден час време кога се релаксирам
И јас уживам кога пијам кафе сама,обично кога сум пред компјутер,со музика или кога читам книга така ми е најубаво. Најчесто 2 кафиња дневно ми се доволни и тоа ми е еден час време кога се релаксирам
Иако е скоро 3 по полноќ си седам на нет и си пијам кафе дома. Убаво ми е сама да ппијам кафе. Во кафетерија не би седнала, знаеш какви се луѓетоо кај нас одма ке помислат оти никој не те сака оти немаш друштво и слично.
обожавам да го пиам првото утринско кафе сама,,во мир и тишина а преку ден може со друштво али немора
Кога ќе ми се пие кафе - пијам, без разлика дали сум сама или во друштво. Обично првото утринско кафе го пијам сама пред компјутер. Во текот на денот кога - како ќе се погоди. Може да се случи да пијам кафе сама, а после да си седам со друштво без кафе, онака само на муабет и воопшто не ми смета. Не ми идат кафето и друштвото секогаш во пакет. Знам да уживам и во двете работи, независно дали се во исто време или не.
Мене ми е доста глупав тој изговор, ако не пиеш ти не пијам кафе ни јас, и обратно. Абе ако ми се пие ќе си направам, што треба референдум да распишам за дали да се напијам кафе сама или не.
Еве моментално пијам сама кафенце...без друштво.Но некогаш и тоа е убаво,тогаш почнувам да фантазирам,но само кога уживам во кафето.Како сега.
Денот не може да започне без кафе , без разлика дали сум со друштво или не , моментално пијам сама кафе !
Можам да кажам дека кафето без друштво ми е најубаво. Можам да уживам на раат во вкусот. Првото утринско кафенце, ако сум дома од сабајле, ми е најлезетски. Обавезно е црно, јако, горко. Пуштам мозок на пасење т.е. расонување и не мислам на ништо. Не ми треба друштво за кафе. Кога ми се пие, пијам. А пијам и кога не ми се пие, за да му правам друштво на некој.
Ретко пијам јас кафе, дали едно на два-три дена. Најчесто го пијам во друштво со некого, а поретко сама да си направам кафе бидејќи и немам навика за пиење кафе
Само што го испив моето кафе. Сама. Без друштво. Уживам пиејќи кафе, без разлика дали тоа е турко, нескафе, капучино или било какво друго. Штом ќе го вкусам - на седмо небо сум. И воопшто не ми е важно дали имам друштво или не. Па... На здравје! Имајте убав ден! Спојлер
Често кафето сама си го пијам.Затоа што подолго време од денот сум сама дома,па така да се навикнав сама да си го пијам,иако многу ретко кафе пијам.