Да, подобро е кафе во друштво но неможам да не кажам дека е добро и насабајле кога ќе си станеш и ќе се пробудиш со кафенце и мањачење по фејс .
Многу повеќе уживам во кафето кога си го пијам сама Си го влечам додека не ми стане мраз ладно Доживљај ми е. Во друштво повеќе сум внесена во муабетот отколку во кафето. И по две голтки оп, го снемало Сама на тераса, нозе свиткани под г'з кафенце во рацете некоја книгичка до мене, мераци
Некогаш обожавам сама да си сварам кафе и да си седам на балкон,да си го пијам и уживам во глетката и да размислувам за се што ќе ми дојде на ум,а некогаш пак не сакам да пијам сама .
убаво кажа Ариел кафе си е кафе ,уживам во него и кога го пијам сама ,најчесто или пред компјутер или на терасиче најопуштено .
поубаво ми е да си го пијам кафенцето без друштво ќе си седнам дома ќе испружам нозе ќе си ја пуштам серијата и терам.
Сакам да пијам со друштво но и сама да пијам не е проблем си седам на компиутер или пред тв и си пијам полека, а и зависи како сум расоложена деновиве знам да си наравам кафе и да си се заклучам во соба, да си седам и со саати да го пијам
Мноооогу ретко се случува сама да пијам кафе. Незнам зашто ама некако не ми оди. Така кафе со друштво(една, две другарки..) и убаво, долго муабетче... ммм уживанции А сама да пијам се случува само пример кога читам некоја убава книга или на тераса некоја убава вечер со списание некое
Па не ми е потребен другар за кафе , кога ми се пие си варам и си пијам... исто така сама и си готвам
Кафе кога ми се пие секако слатко е и со добро друштво.Но,најубаво ми е сама,со добра книга,или на компјутер-уф уф уживанција ))))
И со друштво и сама, секако ми е убаво и уживам во кафето. Кафе никогаш не одбивам, и 5 да имам испиено да ми понуди некој и 6то ке испијам
Воопшто не ми смета сама да пијам кафе, тогаш целосно можам да уживам во него. Занам и додека си шетам сама низ чаршија да си влезам во некоја слаткарница и да си порачам нескафе и нешто благо
Kафе најчесто сакам да пијам со една или две другарки во кафич, со лајт муабет ама тоа за нес, а вака турско си пијам и сама по дома ама многу ретко, тоа кога се спремам за тестови а сум премногу уморна и слични случаеви, инаку не. И шербет го правам патем такво кафе, со една лажица кафе и 2ипол лажици шеќер само јас можам да пијам . Ама најубаво ми е домче кога си правам со една другарка нес, си пиеме и си збориме, уживанции
Пиењето кафе ми е ритуал што ми го разубавува денот. Знам да се напијам сама мерачко ,шербет кафе или ладно нес додека читам книга/списание,седам на фемина или гледам филм. Ме опушта и релаксира моментот на пиење кафе. Го сакам и во друштво пропратено со добар муабет ама максимално уживам и кога го пијам сама. Посебно ми е убаво кога го пијам надвор,кај баба и дедо во дворче и си муабетиме со баба.
Па у принцип и повеќе сакам сам да пијам кафе. Едно нес во добра атмосфера ми е највисокиот зен-момент у денот