Во последно време сум станала голем зависник од кафе. Ако не се напијам барем еднаш во денот, шубе ми е. И бидејќи имам посебен ритуал како го правам, во тие моменти нејќам никој да ме дира. И да, не го пијам сама. Најчесто сум во друштво на некоја добра книга.
Не сум голем љубител на кафе, не сум воопшто зависна. Пијам само Нескафе и тоа најчесто на лето, за да ме освежи. Обично заборавам да си направам и најчесто пијам сама кафе. Читам книга, слушам музика или па гледам ТВ, понекогаш пиеме со сестра ми и мајка ми. Немаме некој обичај другарките да се собираме на кафе.
Па всушност од сабајле и сама си го пијам кафето така и најубаво ми е, сама во соба, да можам потполно да уживам во него ммм
Немора да значи дека ако немам друштво нема да пијам кафе. Кафето ми е завист или да речам навика... Што и да е, пијам и сама и во друштво. Читајќи, гледајќи ТВ, седејќи пред ПЦ, мавајќи сеир, правење муабет... Дури и некогаш не правам ништо, кафето си ми е друштвото
Кафето ми е утринско релаксирање и баш си уживам кога го пијам сама. Така си размислувам за се и сешто, читам книга или пак нешто интересно на интернет.
Кафе не ми смета да пијам и сама.. Меѓутоа добро е да имаш со некој да сврзеш два збора повеќе ќе бидат од два ама ајде хахахаха
Најчесто кога сум сама си правам кафе и си пуштам некој добар филм. Е тие моменти ми се незаменливи. Никој не те дира, едноставно уживаш
Јас сакам да уживам додека пијам кафе, а уживам кога сум сама. Најубаво ми е така, горко кафе во комбинација со добра музика и јас, физички присутна, а мозокот на пасење.
Обожавам да пијам кафе сама.Ме опушта,си размислувам во тишината,гледајќи некаде далеку замислена.Убаво е чувството,почесто знам да практикувам кафе да пијам сама.
Јас не можам да си го замислам денот без едно кафе испиено сама, на раат што се вели. Кафе, цигарче, медитација, време за самата себе си. И тоа не би го заменила за ништо на свет.
Утринското кафе секогаш сама го пијам. А за дополнително кафе се договарам со другарките. Исто и за јадење, и сама готвам, сама јадам, или готвам за сите ама јаде како кој ќе стигне и така. Како кога. Мислам дека човек треба да ужива кога пие сам кафе
Дома ретко пијам кафе без друштво. Знам, почесто, кога е убав сончев ден, дури и ако сите се зафатени негде, да си седнам сама во кафич, и си уживам во кафето. Си листам некое списание, па си киснам на телефон со некои за кои инаку сум немала време, или си меркам дечки... Си летнувам со паметот, си правам планови ... Ако е убаво времето и ми се пие кафе негде, и сите да се во обврски, јас со задоволство си седнувам во кафич и си пијам сама..
Не сум некоја кафеџика и ретко пијам дома кафе. Со цимерки, со другарки со колеги на работа да.. сама не
Можам сама и почесто пијам турско сама по дома. Кога ја отворив темата мислев дека е нешто за тоа дали пиете кафе сами во кафуле да седнете. Јас такво нешто не можам да направам , глупаво ми е, дека во ск може не е чудно, аам во помало место ќе ма направат луда.