Најубавото кафе ми е одсабајле Посебно коа сум прва смена,милина.Кафе,цигари,тишина,тивко бавно музиче и си глеам низ прозор како изгрева сонцето (ако не е облачно ) Ко на филм бре!
Мо моментов го пијам моето прво утринско кафе сама. Тоа ми е најубавиот дел од работниот ден За тоа и доаѓам порано на работа, за да уживам во ритуалот на пиење кафе
Кога ми се пие кафе си правам и пијам, без разлика дали сум сама и во друштво, а ако сум во друштво можам да пијам и ако не ми се пие, само поради друштвото
Јас сакам за викенд, ако станам прва, сама да си пијам кафе...И во друштво е забавно... ама кога го пијам сама-некако ми е баш ритуал,(ко што викаш)...ми лета паметот,ме обзема мирисот... уживанција
Уживам да си пијам кафе. Си пијам кафе сама навикната сум,а воедно тоа ми претставува задоволство,па зошто да се нервирам дека сама би сум го пиела?...
Поубаво ми е сама. Евентуално со мајка ми, ама само ако ќути додека пиеме. Сакам така да си уживам, да летам со мислите, на раат да си го испијам.
Сакам кафе во секој период од денот ,без разлика дали сум со друштво или не.Секогаш кога ќе добијам желба за кафе си приготвувам и си уживам во незаменливиот вкус.
Обожавам кафе!!! Сама, до друштво..сеедно. само кафе да е хихи обожавам да го пијам сама утринското кафе, ептен ми прави кејф балконот ми гледа во зеленило, за некое чудо и нон стоп таму си пијам топло, најтопло утринско кафе. Зиме онака стуткана под некое џемперче, а лете испружена под сенката...ммм
многу ретко пијам кафе сама..пошо три деца сме и ретко кога двајцата се искочени и сум сама... ама сепак и сама коа пијам убаво ми е, ме потсеќа на сите глупости што ги имаме напраено и така цел ден ќе го поминам смеејќи се без врска
Повеќе го пијам со друштво... но понекогаш е убаво и сам..обожавам на седам на лап-топ или читам списание и кафе да си пијам..
и јас обожавам кафе, најмногу кога го пијам во друштво ама и сама знам да си направам посебно кога сум пред компјутер или читам нешто или гледам телевизија.. сега во последно време го избегнувам малку .. ама не можам да се откажам од него
Не пијам многу кафе, но сепак почесто пијам во друштво... Сепак да си признаам, во друштво не го чувствувам кафето, бидејки во муабет, смеење или тагување (зависи од моментот), го пијам побрзо за да може да си гледаме подоцна.. Но, кога го пијам сама, си уживам максимално... Бидејки си го правам сама, баш такво какво си го сакам, па паузирам од се на момент...
не преферирам да пијам кафе,не дека нешто ми смета ама ете не го обожавам баш. а кога пијам секогаш е со друштво. никогаш не ми текнало да седнам сама да сварам кафе и да пијам.
Денски, кога ќе станам , кога уште се расонувам тогаш си правам кафенце,обично нес и пред лап топот си уживам и прегледувам фејсбуци,мејлови,форумов,фемина,блогови и се по ред, и само тогаш преферирам кафето да си го пијам сама. Инаку, кафе во друштво е нешто најдобро, и секогаш си го пијам или со другарки или со комшики, поретко со мајка ми, многу брзо го пие па мајка ми, ич не е дружељубива.