Убаво ми е кога пијам сама,насабајле на балкон со добра музика и лап-топот пред мене И во друштво сакам да го пијам секако,и двете опции ми се добри и не ми е многу важно дали ке го пијам сама или во друштво
Па одсабајле најчесто сама го пијам кафето- додека јас да се расонам, да се истуширам, да се облечам- веќе сите се на работа, ама сепак ми се допаѓа- си седам на тераса, таман малку сонце, ги гледам луѓето сите брзаат на работа... Ама затоа пак, попладне околу 4- 5 обавезно пиеме фамилијарно кафе- сите сме дома и јас, ама баш секогаш јас правам кафе (многу убаво кафе сум правела ) Инаку обожавам кафе, уживам и кога го пијам сама, и со другарките (си оговараме) или пак со моите дома, не е битно во која комбинација, без кафе не функционирам
Обожавам да пијам кафе, најубаво ми е кога ќе станам сабајле а и да бидам сама дома па да си испијам едно убаво кафенце па потоа да продолжам со обврските, но обожавам кога пијам во друштво, особено со другарките, па после да ги свртиме филџаните и да се зафркаваме
обавезно еднаш дневно си пијам сама со себе кафе тоа е само мој момент A најголеми мераци ми е за викенд кога имам слободно време и не се брзам па на раат си пијам и си размилсувам или уз кафе читам нешто
Си пијам и сама додека сум на нет ,или пред телевизор,најдобро друштво сум си за кафе,си го правам баш по мој вкус во друштво е послатко и позабавно,ама и сам е добро,не ми е монотоно како на некои
Не практикувам многу кафе, со друштво скоро секогаш пијам, а сама ретко, едино кога не треба да заспијам а ужасно ми се спие
Најубаво ми кога пијам сама кафе, никој не ме брза, најубо си го правам сама, највеќе уживам во сопственото друштво. Никој нема да ми речи: „Леле де пиј побрзо да ти гледам“ или „Оти неможиш да го допиеш, да не не ти е убо?“, а јас во суштина кафе пијам еднаш месечно, во „специјални“ прилики и со друштво пијам сосила и неможам цело ...
Е баш ме насмеа Да ми кажеш кафе во кафич сама, па да разберам на некој начин, ама дома? Да. си пијам сама, си јадам сама..немам никаков проблем со тоа
И јас пијам кафе, сама, дома... Не е ниту чудно, ниту смешно, еве на пример одсабајле мајка ми прави кафе, ама и таа и татко ми, излегуваат за на работа пред мене, а јас доспивам уште некоја минутка, и на крај сама го пијам кафето.
Јас многу ретко пијам кафе и не ми е глупаво сама да пијам Цимерките лани не беа по кафето па во ретките моменти пиев сама го пиев за да ми помине време на нет,сакам да пијам пред пц или додека читам нешто, а понекогаш за на факултет или ако сум на поминување зимам од Старбакс за носење, и имам сама седнато таму заради WiFi а и сега не ми е глупо да седнам Дома немам пиено одамна,го одвикнав турското затоа што секогаш пиев онака за да ми гледаат и мразам кога некој ми вика пиј побрзо за да ти гледам. Нескафе сакам многу со млеко и повеќе шеќер мммм Затоа кога сум негде такво нарачувам..Зависи
Редовно си пијам кафе без друштво,сабајле станувам јадеме со малата и си варам кафе,јако турско. Без кафе не можам да функционирам,дефинитивноо
Најубавото нешто на светот! Мене денот не може да ми помине добро, ако не се напијам сама кафе. Обично си пијам кафе насабајле, кога се спремам за на факултет, или поручек, кога си играм со кутрето во дворот, или си гледам серија и пијам гооооолемо јако топло нескафенце.
Обожавам да пијам кафе сама!!!! Ме опушта, ме одмара од надворешната бука, си уживам во времето поминато со себе.... Сепак тоа не би било тоа, ако нема барем едно разџавкано кафе со некојa поблиска личност чисто да се постигне рамнотежата, не за друго