Пред извесно време не пиев кафе ако не ми дојдеше некој на гости или ако на цимерките не им се пиеше. Не сакав да пијам сама. Повкусно ми беше кафето со друштво и муабет. Во последно време преферирам да си го направам и испијам сама. И уживам додека го пијам.
Обожавам кафе,без разлика дали го пијам сама или во друштво.Убаво ми е кога пијам во друштво ама некако го испијам на брзина и воопшто и не му го приметам вкусот.А кога го пијам сама ми е најубаво,си го пијам по 2-3 сати и уживам во него.Најдобро е што кога го пијам сама го нема дечко ми или мајка ми да ми велат на секои 10 мин дека ми се оладило кафето и дека сум заборавала да си го испијам.
Женски може малце не ми е прашањево за тука ама незнаев каде на друго место да прашам....Дали некоја од вас знае жена што знае да гледа на кафе во Скопје? ))) Би сакала да отидам да видам баш што ќе ми каже дали ќе ми погоди нешто
Пијам само утринско кафе во домашен амбиент зашто сама најдобро го подготвувам и најчесто без друштво што не ми пречи.Не сум голем љубител на кафето и немам потреба да пијам повеќе од едно во текот на денот.Токму заради тоа го пијам сама.Можеби звучи егоистично,но скептик сум подготовката да му ја препуштам на друг Мојот рецепт е испробан,а аромата и вкусот се незаборавни
Мене искрено ми е сеедно.. исто му се фаќа ко вода да пиеш, нема да чекаш некој друг за да се напиеш. А за готвење, ако правам само за себе јадење, тогаш гледам нешто набрзинка, а кога готвам за вечера (дека заедно со маж ми секогаш вечераме), тогаш посветувам повеќе време и внимание.
Јас од неодамна почнав да пијам кафе.И тоа не многу често.Со друштвото еднаш недело седнуваме во слаткарница на кафе со колачи.Тоа ми е најубавите моменти.Но понекогаш уживам и во нес-кафето на мама,да си го пијам сама на тераса гледајќи како дождот паѓа или како сонцето се возвишува.Така да сеедно ми е.
Најубаво ми е кога пијам кафе сама пред компјутер без никој да ми смета,така најдобро се опуштам и уживам
Утринското кафенце пред работа си го пијам сама, си слушам тивка музика и не ми треба друштво... Попладневното кафенце си го пијам со мојот сопруг и децата - си разговараме, се смееме - тогаш ми е убаво кафе со друштво...
Уживам насабајле сама да си го пијам првото кафе, на лаптоп во тишина со мирна глава да си се расонам. Дури ми смета ако некој ме замара, а најчесто тоа е брат ми. А попладневното, најчесто со мама уз муабет.
Не ми менува дали пијам со некого или сама кафе/сок/пиво... ги пијам од што сакам да ги пијам, а не за уз муабет, уз цигарче, уз благо, после јадење и слични други "поводи"
Наутро преферирам да го пијам во тишина и пред компјутер, тоа се моите пет минути за себе, па не сакам друштво. А потоа во текот на денот не пијам, освен ако не изрази некој желба да пиеме, е тогаш веќе може друштво за кафе.
Јас порано додека пушев значи воопшто немав проблем да си сварам кафе и да си го пијам сама на тераса.Е сега затоа што не пушам дека синко го дојам,некако ја изгубив навиката за пиење кафе сама.И јас насабалје ако станам пред децата па тогаш едно пред компјутер и во текот на денот не пијам повеќе ако немам друштво.Инаку со друштво можам да испијам и 5 а сама нема ни да ми текне за кафе.
Кафе почнав да пијам сама, кога почнав на факултет. Претходно само со друштво. Сега веќе ритуал ми стана наутро. Некогаш дури едвај чекам да се разбудам за кафе да си пијам. Нескафе (некогаш ладно, некогаш топло) со малку млеко. Милина Едно дневно обавезно. Ретко пијам две.
да прашам дали е срамота да излезам во град сама и да си идам во некој кафич да си пијам кафенце, нескафе нешто ?
Би сакала да си излезам на некое мирно место, кај нас ваму покрај езеро, книгата во раце турско кафенце и бај бај.
Јас нејчесто пијам кафе сама. Имам многу обврски дома и неможам да си дозволам да одам по кафиња со другарки.
Првото кафе,насабајле секогаш го пијам сама,без разлика дали сум дома или во стан со цимерката. Нема ништо поубаво да се расониш,да си седнеш на тераса и да го гледаш денот како се раѓа и истовремено да го чувствуваш вкусот и мирисот на топло кафенце,сама со своите сетила.
Секако дека не е срамота. Јас лично немам храброст за тоа, би се чувствувала глупаво. Често пијам кафе без друштво ама само по дома. За надвор секогаш имам друштво.
еве во минхен живеам 8 години и тука сум навикната како и сите што прават,сама да си отидам и да си испиам кафе тоа си е нормално, а во македонија тоа да го направиш ке те направат дека не си у ред или книга да читаш во некој парк на клупа