Најубаво ми е кога пијам кафе со друштво, покрај езерото на места како што се Liquid и Kadmo, поготово на маса веднаш до езерото, но понекогаш сакам и сама дома да си пијам кафе.
Обично тоа кафе без друштво ми е тоа од сабајле кога ке станам за на работа уште нерасонет прва помисла кафе го пијам и си мислам што све ме чека дента.
Ако велите дека кафе не се пие без друштво т.е дека кафето без друштво не е слатко, како тогаш јадете сами, што не ги соберете комшиите на ручек? Кафето си е кафе без оглед дали сама или во друштво ако ти годи ќе ти годи и вака и така.
Не ми е проблем да пијам кафе сама, напротив уживам во тоа. Особено наутро, првото кафе обавезно сама го пијам во мир и тишина, со исклучен телевизор.
Секогаш утринското кафе сакам да си го пијам сам,и во потполна тишина.Едноставно уживам во мирисот и вкусот на кафето
Кога имам потреба од кафе воопшто не ми е проблем да си го пијам сама. Дури некогаш ми е и уживање. А ако пијам кафе со некој ми е како пиење ради реда Одам сега на едно такво утринско, бујрумте и вие
Искрено најубаво ми е кога пијам сама кафе. Сакам да го пијам во тишина, додека си ги бистрам мислите.
Утρинсκото κафе обично го пијам сама, па немам неκој пρоблем си пуштам музиκа читκам на нет, веќе попладне κафето го пиеме заедно со цимеρκите Не е стρашно аκо испиеш κафе сама во миρ и убава атмосфеρа κоја понеκогаш тρеба и сами да си ја создадеме
Ако пијам кафе со друштво дома, скоро никогаш не ми оди и неможам да го испијам. Дома кафето го сакам сама, во комбинација со твитер и појадок. Друштвеното кафе само и само во кафич, доколку не би ми се пиело кафе да можам дома сама да си го пијам би сакала повеќе.
Во друштво е поубаво но немам никаков проблем со тоа да го пијам и сама. Преку работната недела ни носат на работа два пати кафе кои си го пијам во канцеларија со колеги така да сама може да се случи на пример за викенд наутро да го пијам но не ми е проблем, си наоѓам некоја занимација на интернет најчесто.
По дома секогаш сакам сама да пијам кафе, со добра музика, ме релаксира многу. А во кафич со друштво или со дечко ми.
Не ми е проблем сама да пијам кафе. На работа кафето го пијам со колешки и колеги. Дома најчесто сама го пијам.
Најубаво без друштво. Ме релаксира баш, никој да не ме замара, мир, тишина, раат. Со друштво само цеден портокал
Алкохол не можам да пијам сама, а кафе секогаш сама пијам. Кој будала во 6 саат сабајле ќе ми прави друштво за кафе
Сама го пијам сакала - несакала, затоа што на работа не пијам кафе, пијам само наутро, штом се разбудам и измијам. Сама си го варам. Не е исто сама и со друштво, ама што да правам кога немам со кого.