Јас сум од оние кои сакаат кафе да си пијат сам Тоа ми е време посветено за лична релаксација. Иако, понекогаш сакам да испијам кафе и во друштво.
Ништо лошо. Едноставно понекогаш има моменти кога на човек не му е до ништо, и кафето му е послатко без друштво.
Не не не , јас првото кафе речиси секогаш сакам да си го пијам сам ))))) Ич не ни размислувам на тоа дека би можел да го пијам и во друштво.
Веќе година ипол кафето го пијам сама, освен во недела пијам со мм само тогаш не е на работа. И да сакам друштво нема со кога а некогаш премногу ми се сака да испијам кафе со некој во друштво било дома или некаде надвор. Дури живеев МК кафе не пијав скоро никогаш сама, секогаш со другарка ми си пијав. Станувавме и одма се договаравме кај која ќе го пијаме кафето, и да немавме време секогаш се наоѓаше 10 тина минути да претрчам до кај незе на кафе...
Првото кафе во денот го пијам сама. Ретко некогаш ако излезам со друштво/дечко да го испијам. Ама најчесто сама и уживам. Со него се расонувам и сакам во мир и тишина да го испијам .
Јас сум од тие што обожаваат да пијат сами кафе. Баш е релаксирачки. Иако секако и со добро друштво пиењето кафе е одлично.
Сакам кафе во пријатно друштво, но во текот на денот ми е ритуал да испијам барем едно или две сама. Обавезно со неколку цигари. Тоа ми е време за себе, за пуштање на мозокот на пасење.
Многу сакам да пијам кафе без друштво. За со друштво алкохол, ручек итн. ама кафе сакам само сама и тоа паралелно додека правам нешто друго. Е сега за во кафич да, глупо ми е сама да седнам на маса и никогаш не практикувам, а баш ми се допаѓа идејата.
Наутро првото со мм а потоа претежно сама. Најубаво ми е после работа кога ќе дојдам дома сама никој да нема и да се напијам кафе