Првото утринско турско кафе без шеќер секогаш ми е без друштво...и најубаво ми е...зашто кога ќе станам 1 саат не сакам никој да видам а не па муабет да правам или кафе да пијам во друштво...така да најслатко ми...јас и моето горко кафе пред пц...и никој друг
Хехех ме потсети темава на другарка ми.Таа никогаш не пие кафе сама,и ако неколку дена не се види со некоја од нас-неколку дена нема да пие кафе. Мене не ми пречи сама да пијам кафе,псссс баш напротив,можам да кажам и дека ми е подобро така.Ништо поубаво од тоа да си седнеш пред компјутер,кафенце,цигарче,добра музика,ммммм уживанција.
Cкоро секогаш пијам кафе сама,некогаш со друштво тетки,стрини,понекогаш и со мажот ми Hекои другарки и не пијат кафе,така да сама скоро секогаш најдобри пријатели си сме :geek:
Сега многу малку пијам кафе,најчесто по едно дневно.А никогаш не ми било проблем да пијам кафе сама па и сега:Ако ми се пие-си пијам,не ми треба нешто посебно друштво.Тоа беше порано кога бевме помали,па кафето задолжително одеше со другарки и превртњни филџани
Не пијам многу кафе,ама кога го пијам секогаш сум со друштво до мене,сепак поинтересно е Имам пиено и сама,ама тоа било секогаш утринското кафе за расонување
Не сум баш некој голем обожавател на кафе, не го консумирам често, така да не ми е проблем со кого и како го пијам, ама ете така кога некогаш ќе ми текне и сакам да си сварам по дома-најубаво ми е сама пред компјутер
Не пијам кафе, ама се има случено да си направам и да си го пијам сам. Никако компјутер, занимации, списанија. Само на фотеља и уживам во кафето.
Ако ми се пие пијам без разлика дали сум сама или не!! Не дека сум голема кафеџика,ама сакам во текот на денот да испијам една убава шоља средно турско со маааалку млеко, со две цигари тоа ми е нормата Ако веќе пијам други кафиња ги пијам затоа што најверојатно сум излезена нели на кафе-муабет или за атер на колешката демек да не пие сама нешто во тој стил) к ога сме двајцата со дечко ми дома имаме навика да пивнеме по едно заедно,така да ко ќе размислам скоро никогаш не пијам кафе сама,ама пак ќе кажам ако ми се пие бре си варам и ич мака немам,не гледам ништо страшно во тоа,кафе си е кафе
Немам навика да пијам кафе без другарките. Дури и да не можам да пијам со нив барам некој најчесто со мајка ми, а понекогач и со баба ми зошто после ја терам да ми гледа и зема ме лажи нешто... Не дека верувам во тоа ама многу ми е интересна таа како озбилно „предвидува“ што ќе се случи.
немам навика воопшто да пијам кафе, си пијам какао и тоа најчесто кога сум пред компјутер....супер ми е а иначе со другарки секако чувството е подобро...па чашитлама па ова па она хехе
исто и јас старфиш секое утро ми е тоа како ритуал,во текот на денот на работа може уште едно да испијам со некоја муштерика ама практикувам по ретко тоа да го правам,доволно ми е едно во денот
Јас скоро секое утро (кога сум попладне на училиште) првото утринско кафе го пијам со мајка ми, а татко ми ни вари Ама ова е кога сите сме попладне на работа/училиште. Не ми пречи доколку сама кафе пијам, кога ми се пија пијам.
Прво нескафе сабајлечки пред работа, со 3 цигари, успат со шминкање, брзање и слично (жити кафето ), второ нес или еспресо на работа најчесто со колегите Мујо и Хасо без цигара (нели во затворено не се пуши, а тоа важи само за мојава фирма изгледа ) , трето кафе дома или сама или со мајка ми после работа со милион цигари натенане, мераклиски, четврто капучино пред компјутер исто така со пола кутија цигари и со некој напорен (а понекогаш и интересен) превод успат. Кафеџика и пушачка прва класа
Моментално пијам кафе без друштво и баш ми е убаво и слатко.Си гледам по интернетов,си го планирам попладнето од денов и размислувам. Кој од феминките ми прави друштво,на здравје нека ни е
Кафе пијам само еднаш во денот и тоа на сабајле на работа.А дали ќе го пијам со колешките или сама зависи од тоа како сум расположена, бидејки колешките ми се мрчаторки па не сум секогаш во форма да ги трпам.