кафето не е вкусно без друштво и баш сакам кафе со друштво ќе си муабетиме па кафенце една голтка па пак такааа..... а кога пијам сама не е исто како со друштво.
Не ми смета самичка да си пијам кафе,а понекогаш ми се случува искрено мн да сакам да пијам во друштво,но често ми се случува и сама дома да си пијам кафенце особено после појадокот...највкусно ми е
se slozuvam so tebe, kafe bez drustvo nekako... ne ide, dosadno e, nekako e mnogu tivko, jas sakam da pijam kafe vo galama, pa so gledanje na kafe, so ti rekov mi rece ... [mod-kirilica:32ozkyrb][/mod-kirilica:32ozkyrb]
Кафе одамна не пијам , веке не паметам кога последен пат сум пиела кафе.. но во секој случај сокче иде во предивид и сама да си го испијам нема да ми се срони бисерот
Многу пати се случува пред да заминам на факултет или коа ќе се вратам ако нема никој дома да пијам сама, не ми е проблем да пијам сама. Добро сеа не е толку слатко кафето коа ги пиеш сам, али тоа е.
Јас па обожавам д апијам кафе пред компјутер... и тоа највеќе одсабајле... станувам варам кафето и седнувам да видам што има ново... Не ми смета, баш така полека натенане најубаво
Кога беа последните топли зимски денови, пренервирана од една државна институција добив очајно голема потреба да седнам на сонце, да се напијам кафе сама, да прочитам книга, да смирам душа. Седнав во Кафе ди Рома, баш онака убаво си се наместив на сонцето, извадив книгата и почнав да читам. Келнерот - не знам од која планета беше паднат, но едно 3 пати ме препраша дали сигурно не чекам никој. Хе мајката! И дури после саат време кога стигна една другарка, весело воскликна - а сепак сте чекале некој! Многу ми падна смешно. Небаре е грев или чудно човек да има потреба сосема сам да искулира на кафе. Ако имам книга или весник со мене, не ми пречи - напротив, обожавам така да седнам на кафе без друштво. Не е дека ќе седнам сама и ќе ги буљам луѓето околу мене!
Пред да го запознаам маж ми си бев таков тип, да не речам самотник кој уживаше во мирот и тишината сама со себе. Не знам, не беше во прашање никакво разочарување или слично, едноставно мерак ми беше сама да си седнам некаде, да си порачам кафе, или сама некаде да си одам на јадење. Но, за жал до пред некоја година тоа беше срамота и утредента тие така што практикуваа беа наголемо оговарани во друштвото, демек при нас цело друштво онаа ко утка сама си излегла. Па што има врска бе луѓе? На запад тоа е најнормална работа. За среќа последниве две години гледам тоа почна да се менува, гледам луѓе сами си јадат во ресторан и никому ништо (баш пред некој ден го видов Владо Јаневски во Дал Мет Фу, сам чоекот си ужифка, мераци). Далај Лама, мој репер за мудроста, рекол дека на секој човек му е потребно барем 15 минути во денот да ги помине сосема сам, во мир и тишина. Има голема вистина во тоа.
Наутро што ќе се разбудам се средувам и веднаш пијам кафе, сама. Уз спремање, набрзина, првото кафе секогаш си го појам сама. Потоа на или после факултет знам да седнам со друштво на кафе, а попладне никогаш нема да ми текне да се напијам кафе сама дома.
За мене нема поубаво од тоа да си седнам на тераса , кога есонцево времето, да си сварам кафе , и да си земам книга да си цитам. Милина. Тогас и телефони исклучувам
Баш ми е убаво да си пијам кафенце сама! Си варам, си седнувам пред тв, сокче, бисквити и си го пијам раат. После тоа сум повторно во форма...најмногу ми помага кога ме боли глава и кога имам за учење!!
Иако секој ден пијам кафе барем еднаш со некого (без разлика дали е дечко ми ,другарките ,брат ми или мајка ми) ,многу често обожавам да пијам кафе сама на тераса ,посебно ако има сонце , за малку да се опуштам и да се одморам од зборување,затоа што по природа сум човек што не престанува да збори.
Најубаво ми е кафето кое го пијам сабајле со дечко ми (кога ке се случи да преспијам кај него), додека он направи кафе јас ја средувам спалната и седнуваме поспани да пиеме кафе, преубаво Неколку пати сум седнала на кафе сама на ул. Македонија, си купив весници, си седнав и си читав на раат. На моменти кога тргав поглед од весникот, приметував дека сите ме гледаат попреку и чудно, ко да правам незнам што??? А пак, кога им кажав на другарките дека сум била сама на кафе, неможеа да се изначудат зошто сама??? Едноставно, не секогаш сакам да седам со кој било на кафе, колку да ми прави друштво. Подобро ке си седнам сама ако се зафатени луѓето со кои сакам да се видам. Не наоѓам причина зошто да не пијам кафе сама некаде надвор од дома...
Стара навика добиена од подолг престој во странство, обожавам да пијам кафе сама, тоа е време за мене никој не ме замара со трач муабет или со свои проблеми, едноставно си размислувам само за мене , што да направам , да купам, да прочитам, и плус ако е топло, кафе надвор и добар весник за мода совршено.....