Си сварив кафе, си купив ѓеврече и сега одам да ужиФкам. И ич не ми е галје што ќе си го пијам сама, најубаво ми е
мене не ми представува проблем пиењето кафе сама си уживам додека го пијам некогаш знам и да го заборавам на маса додека работам нешто
И мене ми е слатко кафенцето без друштво,посебно турското кафе,уживам додека го пијам и си слушам музика,најчесто хип хоп или RNB,иако морам да кажам дека и во друштво ми е слатко.Не сум пушач,немам некој посебен ритуал во пиењето кафе освен што го сакам појако
стандард ми е насабајле едно кафе сама да испијам, и убаво ми доаѓа. И јадење знам сама да си направам. Попладневното кафе може да се испие со друштво....
Секогаш пијам кафе сама, најчесто едно сабајле и едно попладне, не дека така сакам ами немам друштво......
Ехх јас така го започнувам денов, со убаво утринско кафе но без друштво, но понекогаш и тоа е убаво да си имаш малку време за себе, да си се посветиш и да уживаш и секако да се припремиш за предизвиците и обврските кои те чекаат во текот на денот.
Јас искрено и не сум многу-многу по кафето. Обично затоа и кафето го пијам со друштво. Многу ретко ми се јавува желба кафе да пијам сама (обично се случува кога имам некој испит за полагање). Повеќе обожавам чаеви и млеко, нив радо ги пијам
убаво ми е наутро кафето да си го пијам сама си запалам цигарче,огледалото пред мене и си се шминкам спремам за работа. Имам денови кога сама си пијам кафе по дома слушам музика и уживам.
Утринското кафе ми е најслатко, му посветувам 15 мин. придружено со 2-3 цигари, не ми треба друштво сакам сама да си го испијам, релаксирано пред компјутер или ТВ. Фино е тоа што и кога наутро пиеме со маж ми, заедно сме а сами-тој со билтенче а јас со претходно наведеното, секој си ужива во кафето на свој начин . Во попладневните часови повторно си пијам сама (во ложичка специјална за зимско пиење кафе и пушење цигара без да се труе околината
Првото кафе ми е најслатко. Ако не го испијам, цел ден имам некоја празнина и чувство на незавршена работа. По навика сама го пијам, не ми се прави муабет дур уживам во него. Секогаш го пијам во омилената шоља, кога е топло надвор на тераса, а кога е ладно пред саканиот ми компјутер.
Не ми претставува проблем сама да испијам кафе. На моменти дури и ми е послатко кафето кога го пијам сама....
Јас сум некое чудно створење, ама не преферирам да пијам кафе со друштво. Абре мене ми е уживање: топло турско кафе(може со млеко) + пред комјутер + релаксирачка музика
Кафе без друштво, со некоја убава книга, задлабочена во преубавата содржина, на некое мирно место, а во позадина релаксирачка музика, по можност да е убав пролетен ден во природа, преубаво кафе
Доволно тивко, а сепак гласно пуштена песничката, што ми се свртела в глава штом сум ококорила тоа очите, телевизорот брмчи како бек ап вокал, да и даде во плус на атмосферата, јас со поглед у таван, преку прозор, во прозор, во ѕид, во паркет и срЧкам кафе, соло со себе си. Вака всушност го почнувам и скоро секој викенд и слободен ден кога сум дома. Независно дали некој има или нема, јас сум сама со кафето и мозокот, мораме ние озбилни муабети да си испонаправиме, иначе нема да расчистиме се она што не мачело од сношти . Пак и соништа, ово-оно, цела недела ствари напластени на тоа душичката, а немало време кога да се разглобат, на маса да се стават и измезат. Во студентските денови пак, пиев сама кафе и в кафичот до зградата каде што живеев во студентски. Ем, правеа некако најфино, најмиризливо кафенце, па све миришкаше на убавина и милина, ем тоа машината што им ги правеше ептем фино им жуборкаше ко попарена, пак и ксметчиња едни што идеа уз кафенцето у тацничето, ма увек сВе ми погаѓаа . Јас, листенцата од некоја скрипта, книжулчето, фломастерчето за потцртување и фураме сами со себе.
Идила за учење Жабче Јас ја применувам деновиве. Маркери, стикери, книги, другарка и кафенце. Составен дел од читална
Why not ? ! Па ваквото кафе може да кажам и ми е најубаво .... нес кафенце во омилената ми чаша и на мојот малечок но убав балкон Седнувам кревам нозе на друга столица , се вртам накај сонцето наочарите за сонце на мене , слушалките на мене .... И на друга планетаааа Па уште и ако ми притекне цигарче 1-2 .... Си го обожавам ваквото кафе и сакам да седнам сама онака со себеси во друштво без разлика дали е надвор или дома .... Нажалост ќе почекаме уште неколку години додека луѓево сфатат дека под пиење кафе никаде не постои правило да мора да биде со НЕКОГО
Утринското кафе најчесто си го пијам сама. Това време е резервирано само за мене, за да се опуштам и да се релаксирам. Најчесто го пијам на терасата, уживајќи во утринското сонце и свежиот воздух, или пред компјутер. Тоа се минути кои си ги посветувам себеси. Утринското кафе придружено со 2-3 цигари ми е ритуал кој ме прави среќна и без него неможам да си замислам да ми почне денот.