кафето секогаш ми е вкусно безразлика дали го пијам сама или во друштво зависник сум од кафе во текот на денот пијам по 7-8 кафиња,но обично утринското секогаш го пијам сама освен во недела кога сме заедно со сопругот дома слободни па си пиеме заедно и секако кафето во доцни часови редовно го пијам сама,нема друга будала да ми прави друштво
Бидејќи сум огромен уживател на кафе, пијам и сама и со друштво и со сите можам да кажам дека сама си правам најубаво кафе баш по моја желба и неморам да компензирам... често сум сама дома и после факултет редовно кафенце, музика = солидно одмарање
Обично утринско кафенце си пијам сама и убаво ми е вистинско уживање зошто кога станувам од спиење не ми се прави муабет со никого но покасно во денот убаво би било да пијам во друштво поготово со мојата најдобра другарка која ми е во Бугарија (таму студира) но кога е слободна наоѓаме време и си пиеме попладневно кафе на но сепак не е тоа тоа ... Ајде веке заврши и дојдиииии мис ју ахахаха
Немам проблем самата со себе да пијам кафе. Особено првото утринско,со 2-3 цигари-можност да бидам сама со себе,да се подготвам за денот кој е пред мене. На работа со колегите,ама тоа кафе не го осетувам(валјда од многу муабет правење )
Кафе без друштво, па не ми е слатко Не можам а да не мине ден да не си ја направам мојта рутина (имам ги две) 1. Гога сум во Мк.... Комшиката обевезно дојде кај мене или јас кај неа (живееме куќа до куќа) и шо правеме.... Кафе, цигари, маабет и лакираме ме се, + музика , ама не ногу гласна. 2. Кога сум кај свршеникот во Германија..... стануваме, вареме кафе, седуваме да доручкуваме и кафе пиеме...после доручокот уште едно кафе ама овоа надвор на тарасата за да можам едно цигаренце да издувам, и маабетче А сама да пијам кафе ептен ретко, тоа порано коа требаше да учам цела вечер па се тровев со кафиња.
Кафе обавезно пијам секое утро, бидејќи нема да можам да функционирам во текот на денот... не пијам турско, пијам само нес.... а после во текот на денот со пријателите или дома со моите уште едно и тоа е
Не ми пречи сама да пијам кафе....дали додека учам. читам некоја книга, гледам тв, седам пред пц пијам сама кафе.
Хм се навикнав сама да пијам кафе вака далеку од домата . Секое сабајле кафе цигарЧе мммм најубавко Ми се има слуЧено и сама во кафиЧ си седнувам си пораЧувам лате макијато и уживам ИнаЧе ми недостига она кафе со мама секој ден после руЧекот
Сеа кога ја видов темава баш ме потсетивте да си напраам кафица пијам кафе самаа али кога ми треба за учење кога го пијам ми е мерачки
Еве баш сега си пијам кафенце сама, без друштво и искрено баш ми годи. Ми годи вака сама, на нет да се релаксирам, а кафето пак ми дава некаков посебен шмек, мислам ќе достигнам совршенство во опушатњето (а искрено често ми оди од рака со оглед на фактот колку сум станала мрзелива). Инаку често преферирам да пијам сама кафе, од причина што немам секогаш на лагер некој со кој би пиела, а не сакам само да имам друштво ради реда. Значи послатко ми е кафето (иако е без шеќер) да го пијам сама, одколку со личности кои не ми одговараат.
Па да, секое утро си правам кафенце и сама си го пијам или на тераса, или пред компјутер слушајќи си музика. Секако дека е поубаво во друштво, ама сама побрзо си го пијам и не можам да се пожалам, интересно ми е и кога ќе ја превртам шолјата и си гледам на лист онака зашто не можам да си гледам на шолја сама на себеси *
Па да искрено си пијам .. можеби го нема оној шмек на кафе со друштво со другарки ама како и да е си пијам онака по мој вкус и супер ми е
Пијам кафенце и сама, но во последно време се поретко. Ја Чекам мамиЧка па пиеме заедно и си го превртувам филџанот така, од навика. Убаво ми е и сама. Си пијам кафенце се расонувам си ЧаЧкам по фб и си го одмарам мозокот.