Имам пиено еднаш кога бев излезена за да не ми смета на спиењето бидејќи беше доцна навечер. Не приметив голема разлика за разлика од обичното кафе. Ама наутро не би пиела, нормално тогаш сакам да се расонам, само навечер бидејќи кофеинот ми смета на спиењето.
Откако го видов тука кафево, одма го купив и скроз се навлеков Веќе 5-6 паковања мавнав, оригинален вкус! Мавам на ден, едно со кофеин и уште 2-3 од ова.
Многу е добро и квалитетно и имав преубав мирис на право кафе...Кога носам на работа да вариме сите го обожаваат.
Имам пиено.Од Кам едно. Првин ми е гадно на вкус.Не е кафе, кафе. Второ не можам безкофеинско кафе да пијам.Сабајле ако не внесам бар пола шоља кафе, мозокот ќе ми спие и делумно ќе функционирам.
Од каде да купам безкофеинско кафе? ( Во Скопје) Порано имаше на Нескафе такво, инстант, многу слично на вкус како обичното Нескафе, ама го нема веќе во Тинекс, Веро, Рамстор...
Во Веро има едно грчко кафе без кофеин, ама не е инстант-кафе, го вариш како класично турско. Не е лошо, го пиев порано.
Јас го пијам тоа од Кам, ама и тоа ми прави проблем некогаш. Можно е на нешто друго да ми реагира желудникот во кафето? И на што би можело?
И јас имам пробано кафе без кофеин, но не ми има разлика со кафето со кофеин, исто ми е јако и не го поднесувам.
Да се откажиме од секакво кафе најдобро. Мене капучино тоа во кесички од франк единствено не ми прави проблем, ама многу додатоци и шеќер има внатре.
И мене тоа од Кам ми прави проблем, го фрлив и не се осмелив да купам пак. Потоа тука во темава прочитав за тоа грчкото од Веро и повеќе ми се допадна. Разлика во вкусот со обичното кафе немаше, само немав тахикардија ако испијам кафе на гладно.
Си пијам обично, кофеинско, се знае што е кафе Инаку имам пробано и без кофеин, да не ми кажеше другарка ми после тоа немаше ни да знам. Значи на вкус не е лошо, да не речам исто со обичното, но јас си се држам до кофеинот.