Кафе зависници?

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од yummy, 18 април 2010.

  1. yummy

    yummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    46
    Со оглед на тоа дека имаше само 1 тема посветена на кафето, решив да отворам уште една , зошто сепак тоа е мојот најверен сопатник :D

    Значи прашањето е , колку кафе пиете на ден, какво, имате ли посебен период во денот кога сакате да го пиете или пак ви е сееедно?
    Јас сум тотален зависник, со него се будам а и заспивам. Дневно пијам околу 500-600мл, и омилено ми е Нес без шеќер :l:
    А кога ја пијам последната голтка...е тоа е навистина тажно (значи дека треба да станам и да направам уште едно...пак) :D
     
  2. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    479
    Не се ставам себеси во групата „кафе зависници“ затоа што често ми се случува да не испијам ни голтка со денови. Кога ќе се собереме другарки, секогаш пиеме турско, па потоа си гледаме, па стискаме желби и сите тие марифети :)
    Турско најмногу пијам за време на испитна сесија, по некои 4-5 шолји дневно. Омилено кафе ми е капучиното и тоа ми го заменува десертот после ручек. Пијам и ладно нес, ама тоа летно време :)
     
  3. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    јас обожаван нескафе само многу ми е криво што неможам повеке од две на ден да испијам затоа што после имам проблеми со спиењето,да не ми влијае толку многу би го пиела по цел ден.А инаку најубав дел од денот за кафе ми е кај 4,5 поручек,посебно летно време убавини 8)
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Значи исто. Некогаш ќе испијам три во денот - некогаш едно во три дена. Го пијам без шеќер, без разлика дали е турско или нес во кесичка. Е сега ако е нес-класик, во него редам малце шеќер пошо иначе како отров ми е. Ако ми треба енергија за учење, а ужасно ми се спие пијам нес, пошо турското веќе престана да ми делува.
     
  5. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    исто :D
     
  6. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.961
    ај ем кофи адиктед :coffee: ------> :l:
    без кафе неможам....пијам по 2 до 3 дневно...најмногу турско....средно и ДА ЗАВИСНИК СУМ ОД КАФЕ :angel: :angel: :angel:
    + имам низок притисок и добро ми доаѓа кафето....пијам едно од сабајле до пладне некаде и после другото приквечер 8)
     
  7. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    264
    Исто,ко јас да сум прокоментирала :) само повеќе од две неможам понекогаш тешко ми е од повеќе кафиња и затоа максимум до две турски дневно.Други кафиња не пијам ,многу ретко,едноставно не ми се убави.
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.807
    Пол:
    Женски
    Хм, може да испијам десет во еден ден, ама може и десет дена ниедно. Штознам, не сум кафе зависник :?: :)
     
  9. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.961
    :lol: јас 3 ептен ретко ако имам гости или отидам на гости па непланирано па ај уште едно...ама после осеќам дека ми е многу таа доза од 3 кафиња :drunk:
     
  10. yummy

    yummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    46
    значи имам истомисленици ;)
    Абе ние не сме звисници, туку уживатели на кафе :D
    Јас ептен се труам, по 5-6 на ден, Нес класик, без шеќер....:coffee: :coffee: = :l:
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    24.163
    Не пијам многу кафиња во текот на денот, обично 3-4, но нон-стоп имам кафе пред мене. Го пијам полека, па едно кафе обично ми трае 3-4 саати :) Кога сум на работа, вообичаено пијам едно сабајле од 9-12, па на пауза во 12 пијам во кафич, па после пауза уште едно си правам што ми трае до 5 :) Често и дома после ручек си правам уште едно, што ми трае до легнување :D

    Инаку пијам инстант кафиња - нескафе, јакобс, што ми дојде, и обавезно со млеко. Среќа го пијам прилично слабо, па не ми се собира не знам колку кофеин во текот на денот.
    Е поради ова во кафич многу ретко ми се погодува, секогаш ми е многу јако. Ми се погодува само макјатото во Сегафредо, и кафе лате или лате макјато (кој како си го вика) - таму каде што го има: моето најомилено - во Експириенс (кофи шоп), Ања (атер на кафето го трпам персоналот), и Сегафредо - толку места со кафе лате знам.

    Турско не пијам од втора средно, кога испив 6 кафиња во рок од 2 саати, и тоа во шољи за чај, од тие 250-300 мл што собираат, па ми се згади.
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.382
    Каде без кафе? :D Порано бев поголема кофеиноманка, сега најмногу до 3 во денот. Секогаш пијам едно наутро штом се разбудам - кафе во гранули со млеко, едно после ручек, и навечер. Не пијам толку многу турско кафе, моите не го пијат веќе со години, а не е интересно сама :( Кога сме со другарките по дома, тогаш задолжително останува турското кафе - со шеќер на врвот на едно мало лажиче. :) и сите ритуали кои следуваат со него, превртување шолја и гледање (повеќе се лажеме, ама да минува времето де) ;)

    Инаку, во CoffeeShop се веројатно најдобрите кафиња во градот, преубави се, цената не им е баш преубава, ама вредат за сите пари, а ние кофеиноманите мора да си ја задоволуваме зависноста, нели? ;)
    Ариел пред мене спомна за Ања, јас за жал, таму го имам пиено најлошото нескафе во мојот живот. Или можеби не им бил денот. :^)
     
    На girl1985 и frutini им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.737
    Допаѓања:
    74.086
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека сум зависник, ама обожавам кафе сакам да уживам во неговиот вкус и мирис... пред се, затоа што ме асоцира на добро друштво и убав релаксиран муабет, или пак опуштена седенка под ведро небо, некаде каде што има многу зеленило. 8) 8) 8)
    Пијам едно кафе во денот, понекогаш може да ми се „згреши“ да се напијам уште еднаш или двапати, ама тоа исклучиво само кога имам гости, или кога сум на гости. Сама не сакам да го пијам, освен можеби кога учев, или сега кога работам на компјутер. :)
    Во Скопје ми се свиѓаше кафето во Ла Кафе, во Фредо и во Ли. Одамна не сум излегла на кафе тука, па не знам дали е истиот квалитет како што беше :)

    Е сега, прашање за кафеџиите - дали знаете каде можам да најдам рефус кафе арабика? Порано во Скопје имаше една продавничка, продаваа повеќе видови на кафе, и тоа рефус, па тогаш го засакав тоа арабика - многу е јако, ама има неверојатен мирис и вкус, барем за мене... има пакувано од Паскалин и од други фирми, ама не е тоа она вистинското. Добро би ми дошло да знам ако некаде во градов има такво кафе рефус... благодарам однапред! :)
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.937
    Не сум зависник..уживател..Го почнувам денот со кафе и до ручек може да ми се фатат и две да испијам или само едно..Попладне може ако имам гости уште едно а и ако ми се припие и сама си пијам..Значи две до три ми се фаќаат..Кога не сум добра, болна тогаш па не ми текнува да се напијам.Едноставно се релаксирам со кафето..уживам и да го пијам во придружба на фемина :)
     
  15. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    4.303
    Пол:
    Женски
    Кафе не одбивам, пијам по 3 во нормални денови а во ненормални денови знам и до 5 да испијам, најмноу пијам туркиш, во кафич пијам еКспресо а поретко нес. После три турски мерев притисок и ми беше како на внука ми што има 2 години, скоро и да немам . И во моментов пијам кафе и без проблем вечер ќе си легнам.
    Јас :l: :coffee:
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.285
    ne pijam kafe voopsto, nikakvo,niedno ne mi e ubavo ni sama ne znam zasto.zlatna voda,mlekce,sok.... :D
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Порано бев зависник од кафе,ми се случуваше три пати на ден да пијам,едноставно неможев без него,но еве веќе можеби две или три години не пијам кафе,мислам ни голтка што се вика,откако дознав дека е канцерогено,а и не заради тоа само,туку затоа што и кога ке се напијам се тресам целата,ми се рефлектира на нервниот систем.Истото тоа тресење,повторно го почуствував кога бев последен пат на кафе,бев излезена со пријатели и си викам ај ке се напијам едно и онака немам пиено долго време,па барем од едно ништо нема да ми биде,ама испадна спротивно на тоа што го мислев,пак ми се повтори тоа тресење.Мислам порано кога пиев ништо не чуствував тапа бев,а сега чуствувам и тоа како,многу,така да му откажав верност на кафето,сепак денот ми почнува без кафе и подобро ми е,целата работа е што ние мислиме,значи умот,дека неможеме без кафе,а не дали бара самиот организам или не,едноставно ние вршиме идентификација со телото,односно тие две работи и од мислам и организам ги спојуваме заедно,па ни станува сеедно така што на крај излегува од што мислиме одма ни се припива,всушност навика,а нема врска.Пробајте ден/два најмногу три дена да не пиете кафе и видете дали имате стварно потреба од кафе или не.Јас кога бев помала значи негде на 19/21 година не пиев,после почнав и ми стана навика,мислејки дека неможев,ама откако не пијам,немам ни потреба од кафе,покрај тоа што ми влијае на нервниот систем.
     
  18. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    1.172
    Зависничка сум оти не памтам да ми се случило да не се напијам воопшто кафе во текот на денот,а не пијам многу едно или две максимум.Го пијам без шеќер и најефективно ми ги задоволува моите кофеински потреби туското кафе,се` друго кога пијам не се чувствувам како да сум се напила кафе.Последното кафе секогаш ми е испиено до кај 19h,а пијам независно дали сум сама или со друштво.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.268
    Допаѓања:
    36.379
    Се придружувам на клубот Кафе зависници :) СИ обожавам кафе и без две-три не сум. Поготово ако ми се спие, ептен ми делува кофеинот.
     
  20. ForeverYoung

    ForeverYoung Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    58
    Поретко пијам сама кафе,обично кога сум со друштво само.Не сум воопшто зависник,некогаш ми се случува да испијам и до 3-4 на ден,ама после тоа може да се случе да не пијам две недели ич.
    Немам никаква потреба од кафе,и кога го пијам пијам колку да правам друштво на другарки или дома :)
    Веке некое време се канам да пијам почесто,оти ми го намалува апетитот :D Ајде од утре ке почнам да си правам :)