Како да не? Го пијам доста. Мислам го пиев доста. Али едно време некако ми се згади. Прво престанав наеднаш да пијам нескафе, после почнав али млекото ужасно ми сметеше. Али сега, мојата нова љубов е Нескафе капучино.
Мнооогу ретко да пијам турско кафе,ако идам кај другарка или она кај мене,а вака макијато или нес само у кафич,значи никогаш не си варам кафе онака од сабајле,може да се случи и 3 недели голтка да не пробам, ама затоа дечкоми пие и за мене и за него,по 4-5 турски сигурно ги мава на ден хихихихи
Денот без кафе ми е никаков....не сум голем зависник ама по 1-2 кафиња на ден обавезно си пијам,како што имам низок притисок баш ми годи едно јако турско кафенце
Потполно истото можам да го кажам, обично пијам до 2 шолји, ретко се случува и 3 да испијам. Можам и само со една, ама без таа едната наутро стварно не можам. Имам низок притисок и главата мнооогу ме боли ако не се напијам кафе.
Обавезно пијам секој ден кафе, кога ќе станам едно морам да се напијам и уште 2-3 во текот на денот. Сакам турско без шеќер, капучино и нес со малку шеќер.
Огромен кафе зависник сум. На работа пијам по 2, а дома кога ќе дојдам по едно или две. Пијам секакви, а омилено ми е ладно макијато.
Кревам два прста! Да голем зависник од кафе сум . Го пијам многууууууууу,премногу Треба да го намалам малку да,да Се залажувам так секој ден дека ќе го намалам ама Си уживам во него До сите зависници еве ви едно јас частам
Ако некогаш наутро сум успана и поспана и ако немам време макар за голтка кафе - не можам да се расонам убаво и цел ден сум поспана и тмурна. Ретко се случува утрото да не ми почне без топло нес со многу малку млеко или пак горко турско кафе. Не ги обожавам модерните кафиња од типот лате, кратко или долго еспресо и ним сличните, единствено можам да поднесам капучино, ама премеко ми е и според мене не е тоа тоа. Единствено покрај дечко ми се навлеков на нес-ванила, ама несот со сите салтанати ми е повеќе десерт него ли кафе, па повеќе го сакам без додатоците. Се случува понекогаш да стигнам и до 4 кафиња на ден, ама се трудам да не претерам - тешко ми оди. Мислам дека сум толку многу зависна од вкусот на кафето, што дури и си всадив мисла во глава, дека доколку немам полн филџан јако кафе до мене кога учам или работам нешто - нема да научам или да ја совладам задачата убаво и успешно. Пробав да се преориентирам кон какаото, ама некако тешко ми одеше, иако го обожавам ама ... сепак не е кафе.
Потполно сум зависна од кафе.Нес,турско...И јас како мишела што кажа,не ги сакам овие новите да го наречам,најчесто пијам нес,може и по 3-4 чаши на ден,со млеко ги пијам,а може и 2-3 чаѓи турско,некогаш претерувам иако знам дека е штетно,ама наутро неможам да го почнам денот без кафе,а тоа е најчесто нес. Знам штетно е,ама се чуствувам празно и безволно,па недај боже да почнам да учам без кафе,ништо нема да научам и ќе заспијам веднаш.
јас некогас пиев неделно 2 кафиња а последен период поЧнав по 3 кафиња леле не сакам да претерам али ете некогас од досада,од ова она,друство и се зголеми кафето ке гледам 1 на ден да биде ,мислам најдобро е така
Кога станувам наутро прво што правам одам во кујна да варам кафе,дефинитивно сум зависник од кафе.На ден околу 4 кафиња обавезно испивам,првото обавезно ми е турско,а во текот на денот макијато,нес...па пак турско...
Што е разлика меѓу нескафе голд и ова обичново класик ? .. Појако или послабо е ? Некако во мкд немам забележано дека купував нон стоп ќесички 3 во 1, или турско .. баш заприметив во продавница доста поскапо е од класикот.. Ми се пие кафе а немам, морам да одам до продавница кажувајте ОДМА
Скроз... Имам периоди кога не пијам, т.е гледам да го редуцирам, и го заменувам со зелен чај + мед, или чај од ѓумбир, незасладен. Љубов е тоа. Турско наутро, на балконче, со мама и тато, кој може тој лезет да ти го замени? Или ладно нес, со мерак направено, во кревет, додека тој се буди, а јас си листам дневни весници. Кафето, ми е повеќе боговски ритуал, одошто некоја ужасна потреба. Иако, признавам дека кога не пијам наутро, а сум на работа, ме фаќа дремка накај 12 часот
За појако не знам дали е, послабо не е, ама како најбитно е поквалитетно, поубаво е од обичното, барем мене ми има разлика. Затоа е и поскапо. 3 во 1 ќесичките се поише млеко во прав него кафе, јас ги избегнувам зашто не ми се нескафе.