Јас не пиев кафе долго време, зашто претерував и решив скроз да го откажам. Пред некоја недела пак почнав. Кафето си го сакам црно и горко. Без млеко, шлаг, чоколаден прелив, глупости.
Pred dve-tri godini go otkazam posto imav problemi so zeludnikot i pred okolu sest meseci pak pocnav da pijam po dve-tri vo den tursko bez seker
Standard mi se 3 a imam denovi koga stignuvam i do 5 kafinja sto e mnogu mnogu e ama pa bez kafe ne funkcioniram mislam deka.
Како не. Кафе пијам само кога ќе излезам во кафич и тоа нескафе или макијато. Она турско кафе никад не сум пиела, лани почнав, пиев некое време и престанав. Зависник не сум воопшто и многу ми е мило што не сум.
Го обожавам вкусот и мирисот на кафето, ама не можам да го пијам бидејќи ми предизвикува тахикардии и ми пречи на стомакот. Во секој случај, да бев способна да пијам кафе, мислам дека ќе бев голем зависник. Вака само во колачи и благи си го ставам.
Обожавам, наутро топло нес со млеко, попладне ладно, ретко турско, кога имам прилика макијато во кафич, а дома си ја имаме и машината долче густо па со правам и лате. После 4 месеци пауза од кафе поради трудничка одбивност сега повторно почнав да уживам во неодоливиот мирис и неповторливиот вкус. Моментално си пијам едно лате, со мраз и чоколадо..ммммж
Без нескафе не ми поминува денот без разлика дали е топло, ладно, изматено или не го обожавам а турско пијам многу ретко
Со кафе поубав е денот. Дури и понеделник не е типичен понеделник, додека наутро поспано си сипам тазе турско кафе. Обожавам кафе - пијам само турско и нес во гранули, оние инстант кафињата во кесички ми се тотална глупост, заедно со капучиното. Кафето го сакам црно и горко; без млеко, без шеќер, без слатки додатоци кои најчесто ми го нарушуваат вистинскиот вкус на кафе. Не знам дали сум зависник, мене повеќе ми претставува навика и уживање во самиот ритуал на пиење отколку сето останато, а имам и многу низок притисок, па две кафиња за да ми ја „наместат“ главата во текот на денот ми се секојдневие. За време на сесија и пред предавање програми ми е баш забавно со целовечерните дози, но се трудам да не претерувам, иако колку и да испијам, никогаш не сум почувствувала тахикардија. Дури на моменти сум убедена дека не ми делува, додека не го видам датумот на компјутерот и не пресметам колку време сум будна со помош на неговото Височество - црно и горко.
Кафенце - спој на преубави мириси и ароми, боја, една ведрина што никаде на светов ја нема! Така ми дава една топлина, вдахновеност, ми нуди мал милион прегратки... Љубов на прв поглед. Што се однесува до зависност, во последно време се трудам да го пијам во умерени количини со оглед на тоа што си го средив спиењето во последните 10 месеци. Спијам нормално, внимавам на исхрана (не нешто претерано, само ограничен внес на јаглехидрати, лошо ми влијаат инаку) а кафенцето ми е задоволство! It's like you are getting orgasm... Од типови на кафиња, порано пиев буквално секакво освен турско. Не се нарекувам зависник, уживам во него и имам истенчен вкус. Дома моите пијат нес во гранули и турско. Турско ми случува да пијам мнооогу ретко, кога одам на гости или сум на состанок во канцеларија а знам дека немаат некое млечно, па онака колку да не испаднам некултурна, инаку не ми е вкусно. И за време на пост еднаш не издржав и пробав да пијам, ама 2 испив и не. Не ми се допаѓа вкусот. Јас сакам нешто послаби кафиња, млечни, слатки (умерено) и кремасти. Сакам да се напијам добро кафе пред се, убаво подготвено и свежо, но понекогаш сум расположена и за екстра јако, да ме крене. Дома најчесто си правам нес, топол, 2 лажички шекер, 1 нескафе класик на шолја од 250 мл. , ставам врела, зовриена вода 1/3 од чашата а другата ладно млеко. Исто дома пијам и бело кафе, со млеко секако, и нешто повеќе шекер од вообичаено. Во кафулиња кога одам во послабо снабдени пијам исклучиво ладно макијато затоа што имаат доста плеин избор на кафиња и не знаам да ги спремаат. Во подобрите пијам обично лате макијато (не ми е јасно зошто лате макијатото во некои локали го декларираат како кафе лате, кога кафе лате си е посебна приказна за себе http://www.lifeinitaly.com/food/coffee.asp) , едноставно го обожавам. Знам да се напијам и матен нес во кафуле или на гости ама секогаш го барам без шлаг и чоколаден прелив, не можам и пената да ја поднесувам многу ако не е ептен млечно. Мерак ми е понекогаш и за фрапучино, карамел фрапучиното го сакам многу, ми доаѓа како десерт. Преблаго. Капучино исто пијам многу ретко, обично зимно време, со многу шлагови и чоко преливи. Инаку капучино како капучино не сакам воопшто, иако пијам млечни кафиња тоа ми е преслабо. Мерак си имам и по кампари, мока, сакам да се напијам црно германско филтер кафе надополнето со млеко, а многу сакам да пробам ристрето. Толку од мене, се гледаме во некоја следна прилика со многу повеќе искуство во кафе светот. Почитувам локали со добри баристи, се надевам ќе ни се описмени народов во поглед на кафето како една огромна енциклопедија. Наздравје!
Денот не е ден ако не се напијам кафе. Неможам да функционирам. Турско пијам само едно во денот, така сум навикната и доста ми е. Уживам дур го пијам. Посебно за викенди кога е мајка ми тука и ме буди со мирис на тазе сварено кафе.
Кафе зависник - Не. Ама уживам во кафето, и те како. Почнав да пијам турско пошто имам многу низок притисок, пиев бидејќи морав. После некој период почна да ми се допаѓа мирисот, самиот мирис на кафе ме расонува, а кога ќе се напиеш првата голтка ќе ја осетиш онаа горчината, па после почнува уживањето. Си пијам еспресо многу често, особено во текот на школската година, дневно по едно си пиев. Оние ладни, топли нес/капучино ги пијам многу ретко, само кога сакам да се напијам кафе ама и сакам нешто благо во моментот. Инаку не пијам ладно нес ако не е со шлаг и чоколадо, така ич не ми е вкусно. Макијато исто така пијам многу често, на трето место ми е од кафињата. Фрапе пијам онака, кога не знам што сакам да се напијам. Колку само уживам во утринското кафе пред да одам на школо, тоа е неописливо нешто. Фала му што постои.
Дефинитивно еден од најголемите кафе зависници на светов! Турско, без шеќер, без било што, кафето филџанот и јас- најубавата љубовна приказна! Пијам 3-4 на ден најмалку, зависи до денот расположението и од глабоболката (чест посетител, ради нискиот ми притисок) и секако си сакам да си пијам, тоа е љубов што трае и пријател што не напушта!