Воопшто не сум зависник од кафе. Дома скоро ич не пијам, а кога сум излезена преку ден пијам, навечер не.
Не сум зависник, но некогаш баш сакам да си се напијам. Од кога почнав да работам сабајлечки обавезно пијам е сеа некогаш до 11 го нема а негош знае да ми потрае и до 15 часот. Некако најубаво ми е да се напијам кафица околу 4-5 немам проблем со тоа дали ум сама или со друштво. Пијам секакво кафе, турско, нес, капучино, инстнат. На периоди сум некогаш турското ми е незаменливо некогаш ладен нес. Со исклучок на еспресот не можам тоа да го пијам мм ми е јако, а од јакобс ме боли желудник. Обично пијам повеќе кафе за време на сесија.
сакам да испробувам различни видови на кафе, дали има некоја посебен начин на подготовка кое може да ми послужи како идеа?
не можам да си го замислам денот без кафе јас не сум јас без кафе ете денес немам испиено ни едно кафе и мислам дека ке умрам од главоболка зависник сум од кафе денот ми почнува со него уживам додека го пијам
@Kate505, овие две опции ти се најефтини за испробување: 1. Moka pot 2. French press Овие две направии ги има во Веро Џамбо - мока-бокалчето ти е 300, а француската преса - 250 ден. Релативно лесно се спрема кафе и во двете, додуша во француската преса е нешто поедноставно. Упатства како се прави кафе во овие чуда имаш на нет, мал милион, напишани или на youtube. Во нив се може да се прават различни типови кафе, но најубаво иде со еспресо-кафе. И тука имаш избор, Tchibo (најубави им се Sicilia и Milano, но и поефтините опции Family и Gold се сосема ОК), Lavazza или ако ептен се решиш да се „луксузираш“, Illy (мада мене не ми оставило посебен впечаток). Ако си љубител на кафе, пробај една од овие опции (или и двете ) + некое од кафињава што ти ги пишав, верувај, нема да зажалиш. Поздрав!
Турско кафе, незаменлива моја љубов Не функционирам нормално без кафе и мислам дека главата ќе ми пукне.
Денот без нескафе не ми започнува. Сакам и уживам во кафето без разлика од кој дел од денот го пијам. Пред месец-два пиев само едно, максимум две на ден, меѓутоа од кога не идам во теретана пак почнав со 3 кафиња на ден.
Дечки, само што прочитав една убава статија додека си го пијам утринското кафе. Топло, млечно и горко. За вистински дами! Серотонинот ми е на максимум, си каснав и едно бајадерче и го залив со голтка од најубавиот пијалок на светот. Боговски. Само зависноста не ми се допаѓа можеби делумно, дека со самото пиење мораш да пиеш уште и уште за да се чуствуваш себе си, ама пак тоа е доволен показател на мојата безусловна љубов кон кафето. http://www.shape.com/lifestyle/mind-and-body/your-brain-coffee?utm_campaign=trueAnthem: Trending Content&utm_content=574a775204d3011025d9fae8&utm_medium=trueAnthem&utm_source=facebook
Obozavam kafinja.Dnevno pijam od 1 do 3.Ima denovi koga voopsto ne pijam.Najcesto pijam Nescafe,ladno makijato i od Dolce Gusto. P.s mi se pripi sega,koj e za neka poveli
Не се сметам за некој зависник од кафе бидејќи не ми е императив да станам и да морам да се напијам кафе.Може веднаш да си направам кафе кога ќе станам,а неретко дури и после 2-3 часа дури ќе си сварам откако ќе станам.Но затоа пак секогаш со задоволство го пијам,а и го обожавам мирисот на кафе и сакам кога на раат можам да уживам во него
Само нескафе пијам еднаш, некогаш два пати во денот, ама не сум кафе зависник, можам и без него, го пијам зошто ми е вкусно.
Не спијам, Нес пијам... ако не се напијам две или три дневно не може денот да биде како што треба. It's a gift from the gods. Ај сега уште едно ќе си направам
Ах, мојата болна тема. Денот не ми поминува без три Нескафиња (најчесто) со шеќер и млеко. Со секое од нив по две-три цигари. Кафе без цигари не ми оди. Може и да не е баш здраво, ама си ја сакам оваа рутина.
Никогаш не сум била зависник, имав навика само едно кафе на ден, и тоа турско, после ручек, некоја girls time традиција да седнам за муабет. Но, има може веќе едно добри 7-8 месеци откако не пијам кафе, бидејќи сфатив дека тоа ми ја одзема уствари енергијата Односно се чуствуваш без енергија и сила цел ден се додека не се напиеш кафе. Тој дел го заменив со медова вода + лимон, и повеќе вежбање
@Ordinary ти тука потпишана си? Незнам дали сум зависник или е навика,но без кафе неможам ден да издржам.