Ммм, во последно време забележав дека не можам да функционирам во текот на денот, ако сабајлето не се напијам кафе. И тоа обично, турско, отров горко, налезет испиено. Станувам некогаш и саат време порано кога треба да одам некаде, за да си го испијам на раат кафето. Не сум љубител на нескафиња, мафиња, и слични видови исхулено кафе но ги разбирам зависниците, кои тоа им е дел и од излегувањата... Јас на пример, со било кој и да излезам, никогаш не пијам кафе! (пијам пиво ) Така да, муабетот ај на кафе, за мене е ај на пиво...
Највеќе од се сакам утринско добро кафенце со цигарче .. иначе пијам секакво кафе .. турско , нес кафе ,капучино , макијато ..
Да, кафе зависник сум. Апа уште и со цигара! Мммм Не можам да си замислам денот да ми почне без кафе, а во текот на денот пијам најмалку по 3 кафиња. Кога сум дома пијам турско кафе, а кога сум излезена по кафичи пијам макијато. Да не пропуштам да кажам и дека за викенд работам во еден кафич, и правам најубави кафиња
Ммммм лелелелелеле кафе без цигара е незамисливо Пијам секакви Нес класик,2 во 1,3 во 1,капучино ммм и си правам и некои по мој вкус ,мои рецепти
хахах мислам дека би можела да се наречам кафе зависник оваа година се навикнаф секое утро пред да заминам на школо да пијам капучино од милкаа (А) единствено со тоа мајками успева да ме разбудии ако не ми го донесе во креветот капучиното ме факја кризаа
Порано ми горчеше сеа по три кафенца дневно !Во просек Едно сабајле да се разбудам ко шо треба,едно после ручек,едно попладне, и завршив со кафињата.И обично пијам турско а може некад и Нескафе татко ми пие такво па затоа се наоѓа по дома
поголем зависник од кафе од мене нема ! насабајле и попладне ми се обавезни а у меѓувреме се дешава и по 2-3 други. а кога непијам кафе сум како зомби буквално
Кафе зависник бев,но повеќе не сум. Почнав да пијам од мојата 13 година и тоа редовно,значи на ден по три до четири. Преќинав едно пола година може не пиев,ми се гадеше,а знаете од што? И јас како сите, нема да спијам цела вечер во средно, имав дело за читање да го дочитам,испив едно 7 до 8 кафиња,а после нити книгата ми се гледаше ништо. Се разбудив во болница, рацете ми се тресеа како на стара жена,изнемоштена. После таа пола година почнав со по едно две, а и сега многу ретко,едно дневно може и тоа со друштво. Низ кафичи воопшто не пијам кафе,за нигде ми се,си пијам ладно сокче или чајче во зимо...
Пијам многу кафе. Прво со мајка ми кога ќе станам, па после јадење, па уште едно приквечер се задолжителни, а во меѓувреме може уште некое
обожавам кафе,и пијам уште од основно,една братучедка ме научи уште тогаш да пијам кафе секој ден и еве уште пијам секој ден,нема шанса да пропуштам...порано пиев турско а сега од пред некое време се префрлив на нескафе класик
Барем три кафиња дневно, не можам без кафе... пијам секакво, на работа обично нескафе со млеко- барем 2, а дома обично турско или пак нескафе
Јас сум љубител на кафето, но не и зависник Кога како знам понекогаш да не си направам кафе 1 недела (безразлика турско или нес). Некогаш, посебно кога одев нашколо (1ва смена), мооорав да се напијам кафе од сабајле за да имам ултра-весело расположение и да можам да реагирам и живеам
Кафе, кафееееееееее мојот омилен пијалок да кажам Не можам без кафе, обавезно во текот на денот пијам 4-5 шолји, зависи кога како, ако се случи да не испијам ниедна, тогаш сигурно сум болна или нешто не знам што Најмногу сакам да пијам турско кафе и тоа без воопшто шеќер и било какво да е друго кафе или чај го пијам без шеќер, понекогаш ставам малку млеко и уживам во вкусот
Па да сакам кафе Али не сум зависник.. Кога сум сама повеќе преферирам да пијам какао, а во друштво кафе.
kafe zavisnik ako moze taka da se narece da sum nekogas pominuvam so 2 vo denot nekogas mi se desava i 4 koga na gosti ili dojdat gosti pa zatoa ama nasabajle mie edno obavezno stanuvam se mijam oblacam i pravo gezveto vo raka nekogas i koga sedam na net taka mi se prepiva kafe ama mi se desava da go svaram da se zanesam na nekoja strana i da go zaboravam hehe po kaficite ne pijam kafe nemie ubavo znam nekogas i nes da si napravam ili na majkami drustvo da pravam so kapucino i toa sepak go sakam kafeto no ne premnogu da pijam do 2-3 dnevno sekako so cigara
Хммм...2 до 3 пати во денот... наутро пијам турско со 3 лаќици шеќер хуху, попладне пијам некое од кафемат, или капучино или мокачино...и ретко...многу ретко нескафе само попарено со топла вода... али тоа само кога мнооогу ми се спие... најчесто пијам чај, зелен или од брусница, разбрав дека поздраво било, иако од зелениот ми се лоши. односно, ми паѓа притисокот
Кафе зависник неможам да се наречам пијам по 2-3 кафиња дневно,некогаш помалку некогаш повеќе зависно од околностите.