јас не сум кафе зависник ама се случува кога ме фаќа кризата да си направам две турски без шеќер и да си ги излокам и после си ја барам главата наоколу .. незнам зошто од кафето главата честопати ме боли ..
Не сум зависник од кафе и не пијам често...само кога ке се собереме другарките...но и тогаш ретко....
општо сум зависник од фини нешта во животот . а тука несомнено во топ 3 е и кафето... не можам да функционирам без него... ми се смеат тие што не го пијат кога ќе кажам така , бидејќи не сваќаат.. турско само кога ми гледаат нес по кафиЌи дома ... порано nescafe 3 in 1 ... сеа хитче ми е nescafe 3 in 1 cold .... нема поубаво... на плажичка ладно макијато.. еспресо . капучино не сакам,,,
Кафе насабајле, турско задолжително. Инаку отишол денот во пропаст! Морам, едноставно морам... Преку ден често пијам нескафе,или топло макијато. А во кафич ми е хит несот од ванила. Можам да го пијам од утро до мрак, без престан! Сум кофеински зависник...
турско без шеќер се случува и повеќе од 3 да испијам на ден, плус обавезно и некое со млеко, нес или макијато, не ми смета, ама не можам без кафе, глава ме боли ако не сум пиела
Еех, пред 6 месеци сум пишала на темава дека не сум зависна од кафе. А сега нека ме праша некој Нема ден без кафе. Особено кога имам од тие кесичките готови, си ги растворам во млеко и си правам мое т.н. кафе-лате. За наутро ми е како измислено. А и за било кое време во денот.
Јас сум тотален кафе-зависник, станувам од спиење и одма правам нес 3 во 1 со топла вода и накнадно му додавам малку млеко, сон е. Доколку не се напијам не можам да се освестам и отиде денот јабана . Во текот на денот пијам уште 2 најчесто, било нес, било турско или макијато, по 3 во денот вкупно ми доаѓаат обавезно.
Не сум многу по кафето, така да и не се сметам за кафе зависник. Порано пиев почесто, еднаш во денот обавезно ми беше, но сега пијам многу ретко. Најчесто заради друштво да правам дома кога пијам, или понекогаш на кафе си пијам кафе . Сепак може да се случи и со денови и седмици воопшто да не се напијам
Некој ми кажа и тоа сега брзо, дека според некои истражувања воопшто немало врска дека делува на рассонување само филм сме си правеле.. но како и да е, јас сепак обожавам кафе и да, се сметам за зависник веќе... пошто порано пиев по 4-5 кафиња во денот, сега сум на 2-3 максимум, но ако не се напијам кафе во првите 2-3 сати од ко ќе станам, главата ме боли цел ден и џабе после и да се напијам. Најверојатно сум веќе зависна, а имам и низок притисок, така да си реагира некако...
не сум баш зависник сега имам за ученје многу имам обврски и морам да го избегнувам а во летото цел ден не бев дома и тогаш го избегнував и сега пак..
Не сум зависник ама па секоја сабалје си пијам нес и тоа не дека ме тера туку дека секад ми се јаде благо па на некој начин така си ги задолувам потребите за благо. Инаку најмногу нес пијам, турско само кога треба некој да ми гледа
Зависник сум и тоа многу, сигурно едно 4-5 кафиња на ден пијам. Насабајле редовно пијам турско со моите и само тоа може да ме расони. Порано нон стоп правев топло Нес [ладно преку лето], сега на Капучиното се префрлив
секое утро штом станам прво што ке ставам во мојот организам една шолја кафе...навистина ако не се напијам денот ми е пропаднал и не сум расположена... јас имам 16 години само и во денот морам да испијам по 2 кафиња...многу ли е штетно за организмот? а најинтересно ми е за гледање и бидејки ми е вкусно... ---->
Не можам да замислам ден без кафе Леле колку сакам кафе па вие не знаете!!!! аххахаах знам дека е смешно, но ако некој е зависен од кафе тоа сум сигурно јас!! Ако не се напијам кафе нешто ми е празно ми фали хахаха Моментите кога пијам кафе се релаксирам и уживам правам она што сакам да правам па макар и само 10 мин Најмногу сакам Нес кафе, Капучино или Мокачино. Значи мора да има млекце во кафето и да е поблагичко А турско пијам само за "гледање" хахахаха И да заборавив да кажам дека најубавите кафиња ги имам испиено во Coffee Shop! Колку пари им имам оставено таму хаха за срамота ама вреди!
Не сум зависник од кафее..ретко кога сакам да седнам да се напијам обично пијам со другаркитее кога сме заедноо ситее собрани а некогаш и прескокнувамм
Ооо, колку убаво ми беше нес-кафе 3 во 1 со цигарче на сабајле, и по пладне истото ммм како ми текне и ми се посакува пак...ама не, ги откажав и двете. Бебчето сакам да ми е здраво и се ке откажам ако треба само да ми е живо и здраво.