Не сум кафе зависник и посебно сум горда на тоа можам без кафе доолго време турското речиси и да го откажав ептен ретко на 1 или 2 во месецот пијам нес 3 во 1 и тоа онака кога ќе ми текне не дека морам за разлика од многу луѓе кои не можат да си го замислат денот без кафе и по неколку на ден и ако случајно не пијат одма главоболки
Јас неможам да го замислам денот без кафенце Станувам и додека сум во пижами си пијам утринско кафе па некогаш се дешава да пијам и по 5 кафиња на ден а ако несе напијам главата ке ми пукне имам главоболка. Зависник сум од кафе но сепак убаво ми е
неможам да поднесам кафе некако ми горчи ама затоа крем капучино си пијам секое утро-да се разбудам, и почесто топлочоколадо
Обожавам кафе, зависна сум од него, не можам да замислам ден без кафе. Најчесто пијам турско, некако најмногу оди во друштво, а коа пијам сама пијам или нес или капучино.
Не сум кафе зависник. Пијам само турско наутро,со цигарче,чисто за да ме расони... Потоа,во секој друг дел од денот ако се напијам кафе,ми е чист промашај.
Не ми се допаѓа вкусот на кафето, па затоа и никогаш не пијам кафе. Може некогаш ке почнам да го пијам, ама мислам дека никогаш нема да станам кафе зависник.
Јас си обожавам кафенце, секакво пијам, турско, нес, макијато, капучино, мокачино Само еспресо не можам. И си пијам и кога сум сама, воопшто не ми пречи ако немам друштво за кафе
Не сум зависник од кафе, пијам најчесто само едно во денот, и тоа наутро (па добро, релативна работа, може утро да ми биде во 13.00, сепак сакав да кажам кога ќе станам од спиење ), си варам едно појако турско... Или евентуално уште едно во денот со другарки ако се собереме... Порано пиев повеќе, но сега некако не ми бара душата кафе...
Дефинитивно сум кафе зависник и неможам да функционирам без кафенце .ако не испијам кафенце до 12часот веднаш ми се јавува ужасна главоболка .обавезно кога станувам трчам до шпоретот и ставам турско и таман додека се измијам ,тоа ми е готово го пијам набрзина и се спремам на работа.таму обично пијам нес а попладне зависи,ако е касно пијам капучино а ако не е ,повторно турско .значи по 2-3кафиња на ден пијам,ако испијам повеќе нема да можам да заспијам сошто ми влијае кафето. инаку летно време сама си приготвувам кафенце-во стаклена прозирна чаша ставам една лажица капучино,една лажица нес,го правам со вода ладна,додавам малку млекце и неколку коцки лед,а одозгора малку прелив ете мое кафе и сите ми го бендисуваат
па до некаде се сметам за кафе зависник,затоа што не можам да функционирам доколку не се напијам кафе кога ке станам од спиење.Најчесто пијам турско од сабајле,а ако се брзам си правам нес.доколку сум станата рано до 12 часот обавезно имам испиено 2 кафиња,а до крајот на денот зависи ама во просек пијам 4 кафиња дневно понекогаш се случува и 6 да испијам ама ги комбинирам пијам 3 во 1, па турско,па нес,па турско,па макијато... да не ми дојде многу јако ако пијам само нес или само турско
кафе не пијам многу често зашто стварно немам потреба ама некогаш кога ке ме натера некој за друштво си пијам инаку место кафе обично повеќе пијам капучино или топло чоколадо
И јас сум тежок "болесник" по кафе и јас како тебе по 500-60мл. на ден само што на мене ми најомилено турко благичко изладено во поголема шолја и со цигара , бтв 03.33 ам во моментов јас пијам кафе поздрав
Само шо го испив утринското кафе And it feels gooooood! Иначе, бидејќи постам, нескафето го пијам со соино млеко, го засакав вкусот и млекото оддамна го заборавив. Нормално, млеко си е млеко, но оваа замена супер ми дојде бидејќи тешко ќе издржев ако бев само на нес со вода или пак турско кафе! Едно лажиче нес, едно соино млеко во прав, половина шеќер, незовриена вода и утрото може да почне! )) п.с. пред 2 недели бев Солун (ништо не си купив, цените беа страшно високи ) НО, бев во Starbucks и си купив оригинал чаша за кафе од овој бренд ) Радости сум!
Пијам 1 или 2 кафиња дневно, турско горко без шеќер ! Не се сметам за зависничка од кафе бидејќи сосема нормално ми поминува денот и ако заборавам да се напијам ! Сепак сакам денот да го започнам со голема шолја кафе, да си се расонам убаво и опуштено да уживам во секоја голтка горчлив вкус од топлото кафе! Преферирам турско, не сакам макијато, еспресо, капучино...