Тука го сместувам дечко ми Мн пие кафе, зависен е од тоа дека нема ништо поубаво од тоа да седиш со девојката во кафич и да пиеш кафе, мн пати ако сме биле излезени накај 12 саат на кафе, тој вечерта пак ме вика на кафе и пак нарачува кафе. Кога ке дојде кај мене обавезно пие по две турски кафиња и тоа во така прилично поголеми шоли. Ми вика дека не му сметало да пие толку кафе... А кога е дома не пие кафе , не му се пие сам, ни со мајкаму... уффф Едит: заборавив да кажам и дека кога е на факс со колегие обавезно пие кафе по едно или по две.
каде сум хранохолик, сум и опасен кафехолик мислам дека цел ден би пиела различни кафиња но најпрво би почнала со макијато па завршувајќи со кратко кафе, а макијатото би го повторила неколку пати во денот, но благодарејќи на мојот јак карактер стигнувам само до 3 кафиња, тоа ееднаш два пати во месецот, сепак нормата ми е 2 кафиња, сабајле појако макијато и после ручек јако средно турско. иначе за на клиника сум , опасна сум по околината со овие мои опсесии.
Невозможно е денот да ми почне ако не пијам кафе. Зависник сум пијам секој ден или турско или макијато.. важно мора дА се пие, иначе главата ќе ми пукне. Почитувам добро кафе и добри кафекувари
Ниту еден ден не ми поминува без да се напијам кафе, незамисливо ми е. Секое утро си уживам во утринското кафе со цигара, и најчесто го пијам сама. Но ретко кога останувам со само едно кафе на ден. Најчесто пијам 2 или 3 кафиња дневно, турско најчесто. Освен турско сакам и нес, капучино, макијато...
Oд толку што го пијам, мислам дека веќе не ми ни делува- еве во последно време се фаќам како испивам голем филџан Нескафе стронг, засилено со уште една лажичка Нес и после некоја минута ми се приспива
Се пријавувам Сум се обидувала неколку пати да се откажам или барем да намалам, ама јок, без 3 шољи цел ден сум гроги Инаку само турското можам да го поднесам, еднаш пробав нес и тоа со поише млеко од нес, ама пак не ми чинеше И да, ја слушнав песнава пред некој месец, ми оди ептен на нерви, ама е поврзана со темава па да ве поздравам. Имаме поддршка од дечково со позамашно фризче http://www.youtube.com/watch?v=CgpgE4PVVwM
мислам дека мама заслушува оскар тука патем и роденден и е денес па и се собираат и до кај 6-7 кафиња во денот зачинети со 2 кутии цигари и дома магла ... прст пред око не се гледа стварно ми се слошува а можи и сребрен за дечко ми - работи во интернет кафе и нон стоп само кафе и само кафе ослабнат ми е а јас да едно домче и ако се наппијам на факултет ако не кога ќе си дојдам ... познатата реченица на мама ..ај свари кафе и ужасно се нервирам и ако појдам на работа кај дечко ми ...се на се 2 до 3
Да речеме дека сум. Чекај да размислам и да сркнам од кафево. Дефинитивно сум! Денот кај мене не започнува без шоља кафе. Што сака нека прави, нека пркне силно сонце, нека испеат сите чучулиги по ред, се додека не внесам една доза на кофеин во мојот крвен систем, не функционирам и денот како да не постои. Обожавам кафе! Почнувајќи од мирисот. Мислам дека нема поубав и посекси мирис од оној на кафето. Кафето не е само обичен пијалок за мене, туку цела фиеста. Кога го пијам кафето, водам љубов со него. Шмрк. Стој. Замижи. Голтни полека и пушти го да лизга низ грло. Воздивни. Отвори очи. Е вака некако. Зачинето со цигарче плус, оргии! Симбол на животот и мислам односно имам некоја теорија дека оние кои не знаат да го оценат кафето, не ни знаат да живеат. Познавам две - три особи во мојот живот кои не пијат кафе. Пијат само чај. И токму и таков впечаток ми оставаат - турни ме да кинисам. Зевање до бескрај. Премногу зен за да бидат интересни. А кафето е нешто живо, пасионантно, возбудливо, оргазмично! Обожавам еспресо и сега планирам да си купам машинче за правење кафиња. Не мора да е Неспресо, кој ќе фрла богатство за тие ампулките, но ете класична еспресо машина да си имам в куќи за да можам на сите да им правам добро, квалитетно кафе. Come to mamma! Не признавам Старбакс ниту оние 3 во 1 кафиња, а во последно време ниту инстант кафе. Тоа за мене не е кафе туку вода со арома некаква си на кафе а во суштина никаква не е. Сакам кафе зачинето со млеко, а не млекце кое ќе мириса на кафе. За кафето би зборувала со часови Наместо зборови одам да му се препуштам на моево тазе неспресо со екстра пена, со арома која плени и нежно го скокотка јазиков. На здравје нека ми е и бујрум
My bad! Ти должам кафе! По можност едно од тие ти кои ги постираше, сите лиги од пета ги извадив гледајќи ги
Едно отварање очи, одма на шпоретот ја штракнувам плочата, па денот не е ден ако не се напијам кафе, а ако не се напијам точно во моментот од станување, цел ден ми е катастофа (а да не зборам колку ме боли глава, и не сум способна за ништо) Кафето ... хммм, го доживувам многу слично како што напишала Пирамитка во нејзиниот пост, секако јас не би знаела да ги употребам вистинските зборови (не ме бива за описи). Да, тоа е цела една авантура, па кога ќе ги вклучам и муабетите што се прават за време на кафе пиење, па има ли поубаво од тоа ?! Обожавам, најубав дел од денот, најубав момент кога ја мирисам уште топлата шоља, а пареата ми го замаглува носето. Еден шмрк .... ма каков доживљал е тоа за мене, бетер од свршавање
хаха...дефинитивно сум зависник од кафее.... не можам да си го замислам денот без кафее.... најмалку 3 во денотт.. и секако тука се и цигарчинатаа... кафе без цигара не е кафее поз..
Кафето за мене е цел ритуал.Турско без шеќер во мали шољички ,го чекам да се излади ,па густирам во мали голтки и на крај обавезно ја превртувам шољата.И така повеќе пати на ден Кога ќе размислам подобро кафето ми е повод да одморам а и да дремам на форумов.
денот без кафе нема шанси да започне, се осеќам како, не знам ни самата што ако не пијам шолја кафе...иначе кафето е работа која и не баш се опишува со зборови, не можеш да го кажеш онака како што навистин а го чуствуваш неговиот мирис и неговата арома......али ајде доста за кафето. Иначе сум ужасен зависник од кафе
Најубавиот вкус на кафе...мммммм....турско без шеќер, со два прста кајмак-трбушна плесачица да игра врз него, а да не пропадне.Такво го пијам секое сабајле на работа, до кај пладне уште едно и толку,ако испијам кафе попладне или недај боже навечер-збогум спиење!!!
Порано многу пиев кафе, 4 кафиња на ден можев да пијам -.- И требаше утредента да станам рано, и решив да не пијам кафе. Наредниот ден појасно гледав, поосвежена бев, и бидејќи и наредниот ден требаше пак да станам рано (додека требаше да учам), и приметив дека немам главоболки, немам проблеми со притисокот, посвежа сум, и кога ќе одам на кревет, веднаш заспивам. Оттогаш не сум испила кафе! А пак би пиела само со другарки...
Воопшто не пијам кафе освен Nescafe. Не знам зошто ама не можам да поднесам турско, ниеднаш во жиотот не ми успеа да испијам цела шоља. Ќе се напијам голтка и ми се гади Ич не можам да го поднесам. Додека Nescafe обожавам особено мраз ладно со малку млеко и нормално тулумба благо уф како освежжува во лето. Мммм ај на здравје!
Турско и се е можно. Нема шанса да излезам од дома наутро без да испијам кафе гарнирано со 2-3 цигарки.Едно отварање очи прво ставам ѓезве на плоча па после одам на м...ње,и миење. Е кога ќе си седнам во кујната со кафе пред мене ,пепелник и цигарите е тоа ти е да ме гледаш и лиги да ти течат ххахаа.Затоа и станувам токлу рано наутро-овој ритуал си сака време. Значи едно дома пред работа ,едно на работа,па уште едно на работа ,па две дома после работа,а ако имаам гости е тогаш +1=5-6 дневно. И неможам да сфатам кога некој ќе каже немал друштво за кафе па затоа не пиел.Ма какво друшто ,мене друштво ми е филџанот-мажми не пие ,синот е мал за кафе,а на работа имам една колешка кафеманка па си ја сложуваме работата-мада незначи дека ако ја нема неа,нема да ме е „слатко “кафето. СРЕБРЕНО РИО БЕЗ ШЕЌЕР И ВОЗИ МИШКО