Не сум некој зависик од кафе... Ниту пак пијам кафе, освен кога одам на гости кај некоја што знае да гледа... Па често се случува да се напијам по едно кафе, но за чудо на дното од филџанот наместо талог кај мене има шеќер хахахаххаха кафето го пијам со едно 5-6-7 лажички шеќер хахаххаха ....Обожувам благи работи (знам дека не се корисни, но се посилни од мене)
Јас сум дефинитивно зависник од кафе! Денот секогаш ми започнува со кафе, во спортивно лошо функционирам.Од сабајле со првото отварање на очите одма доаѓа и потребата така што прво правам кафе па после мочкање,миење и све остало И да,првото утринско кафе повеќе сакам да го пијам сама додека чачкам по интернет отколку со некој друг, некако ритуалот ми е баш ваков...Ги пијам сите можни кафиња ама предност има филтер-кафето дефинитивно Ако случајно пројде денот а не сум се напила ни едно кафе добивам страшни главоболки кои не ги лечат ни два аналгина ! Исклучиво кафе без ронка шеќер пијам,тоа е право кафе за мене.
зависник од кофеин.. се надевам дека многу ќе се пронајдите во оваа тема. Јас сум 17 год и веќе денот неможам да го поминам без кафе, просечно пијам 5-6 ...почнав кога имав13 год, секогаш кога мајка ми ќе направеше јас и бев друштво и така се до денес се зголемува бројот на кафиња. Минатото лето го надминав бројот и во еден ден испив 12 тогаш се почувствував многу лошо, вртоглавица, незнаев што зборувам, главоболка, се почувствував како издрогирана.. знам дека кафето е здраво да се пие во определени количини но се плашам дека нема да можам да ја намалам количината и дека во иднина може да има последици.. ве молам за совет, фала однапред..
Сакам да пијам кафе, ама не пијам секој ден. Така ми текнува во неделата три пати да се напијам и бидејки сама да си го направам ми е најубаво, две кафиња едно по друго ги пијам ако ми се слади. Некогаш знам и млеко да ставам, е тогаш ептен е вкусно.
Не се ставам во групата "кафе-зависници". Ретко пијам кафе. Некогаш не дечко ми го дружам со нескафе ама тоа ептен ретко. И кога сум излезена "на кафе" секогаш си пијам сокче.
Кафе пијам заради друштво. Некако понеккогаш ми е убаво чувството, кафенце, муабет со другарки. Скоро никогаш не пијам сама, а кога пијам кафе сама, најчесто пијам нешто поблаго во комбинација со доручек или вечера, 3 во 1 или Ice coffee, а поретко и капучино.
Без чаша кафе неможам да си го замислам утрото или поточно денот.Голем обожавател на кафе сум и секакво кафе пијам, а најомилено кафе ми е ладен нес со многууу коцки лед ммммммм
хаххаххаахха ме изнасмеа ова Иначе не сум толку кафе зависник кафе пијам само наутро и тоа 2 саати го пијам и после ако излеземе на кафе или пак со другаркиве ако се собереме усте едно и толку.
Пијам, ама не баш често од проста причина што ме 'растресува'. Обично кога имам повеќе за учење тогаш пијам турско и стварно ми отвара очи, а нес чисто понекогаш ради вкусот. Во кафичи мноооогу ретко, а ако пијам само макијато (ради вкус). Повеќе од едно на ден мислам дека не сум се напила, а и да се напијам мислам ќе ми рикне срце
Пааа не сум кој знае каков зависник, но обожавам кафе Додека го варам, самиот мирис кој го вдишувам, додека го гледам како да проврие, ми иде несварено да го испијам . Бидејќи не сум во можност насабајле да пијам за жал, па си варам попладневно. Немора никој да ми прави друштво. Седнувам и сама уживам во аромата . Дома, и со другарки секогаш пијам турско, а во кафич нес или капучино. Во главно голем обожавател сум на добро сварени кафиња и засладени со малку шеќер.
турското КАФЕ ми е најголемото задоволство!!! Можам да издржам еден...најмногу два дена без да се напијам Најмногу пијам по две шолји на ден. Никогаш повеќе ама стварно сум среќна кога го пијам, особено ако имам лош ден, тоа ме опушта
Сум, сум и тоа голем. Имам главоболка додека не се напијам кафе. Обожавам турско, макијато и ладен нес-ајриш
па може да се каже дека сум нема ништо поубаво од кафенце цигарче и музиче го освоив турското одамна и да знам да си се напијам нес и макијато
Зависи. Кога имам премногу за учење знам да си сварам едно тенџерче кафе и цело време си сипам во шолја, колку да не се мрцварам на секои 5-10 минути над рингла. Не се дешава ден да помине а јас да се неам напиено кафе. Било какво и да е, кафе си е кафе. И да е најгадно ми крева расположение. Порано се дешаваше по 2-3-4 кафиња на ден да испијам колку само да ми гледаат а сега и си пијам онака Моментално.. си пијам сварено турско во голема чаша за кафе, со млеко и шлаг. Макијатото може да му се фати на ова мое миличко кафенце хаха
Кафето ми е задожителен напиток во текот на денот .Без него ми паѓа и онака нискиот притисок ,така што ,освен што ми е вкусно,ми помага да останам на нозе. Секогаш го пијам со засладувач (по 2 зрнца),со шеќер ми удира на киселко,грозно ми е. Најомилено ми е Франк ,веднаш по него Гранд Голд . Другите не ги сакам . Пијам по 4-5 шолји турско дневно ,а покрај него и по некое пакетче Нес 3 во 1 ,бетар од торта ми е тоа