не пијам турско кафе. Само нес....и тоа без кофеин и не секој ден...понекогаш а во кафичиве наши ретко се наоѓа некофеинско па нарачувам обично нес или капучино,мокачино....
многу сакам кафе ама не пијам повеќе од две. Кафето го пиам шербет благо, горко не ми е убаво. Нешто без што не можам да си го замислам денот е ладно нес. Најчесто пијам кафе после ручек негде и кога ќе станам.
Нес кафе 2 во 1.Милион кесички такви дома.Наутро жешка вода од бојлерче.Излегуваш на тераса, уживаш во тишина си пиеш јако кафенце и си пушиш цигарче.Успатно проверуваш мејлови и профили
Сега ќе го пијам првото за денес, бабо, да ти се позлатат рацете Иако малце пре-влашко за мој вкус, на подарен коњ забите не му се гледаат Наздравје
Јас пијам еднаш деневно, некогаш два пати, со тоа што вториот пат е ако одам негде на гости, или во кафич со другарка. Но јас си правам јако и големо кафе, во шоља за чај, и ставам 3-4 лажички кафе, сакам јако кафе, вистински да го почуствувам вкусот на кафето, а не да пијам црно обоена топла вода. И ова големо кафе го правам наутро кога ќе станам, и си го пијам нате-нане цел ден до попладне. Некогаш пијам и нес, почесто ладно отколку топло, но тоа ми е најдобро за со друштво, а кога сум во брзање пијам капучино. Дома обавезно мора да има турско, нес и капучино од причина што сите различно кафе пиеме, сега досаѓам да купиме и машина за есперсо тоа ми е најубаво за будење наутро .
Порано многу пиев, а сега само едно нес дневно дали ќе испијам, турско ич веќе не пијам, не го можам, а несот едно макс. дневно
Не сум кафе зависник, не пијам многу често кафе. Еднаш издржав дури 6 месеци без кафе, чудно но вистинито, си реков ај да видам баш колку можам да издржам А, обично пијам нескафе од кафиња.
Е обожавам кафе. Но иако обожавам, гледам да не пијам пречесто, заради забите ептен. Инаку ах, вкусот, мирисот, па има ли нешто поубаво.. Омилено кафе, хм. Сите ги сакам, но еве макијато.
Не сум некој зависник, ама со оглед на тоа дека ако не се напијам барем едно до ручек ме боли главата, ссепак сум. Пијам и до 4-5 дневно, порано со шеќер и млеко, па само со млеко, а сега чисто. Без млеко и без шеќер. Така ми е најубаво... На излегување пијам мес или макијато, а дома исклучиво турско.
Да..пијам кафе три дневно и на вечерта убавезно..кун 1 саат со цигаре..а кога сум нашкола цел ден само кафиња фрчат од сите страни овој викнал ај накафе со него,со другиот со третиот и Анхепи на час ретко..само на кафиња
Не сум зависник. Турското ич не ми се свиѓа, го пијам само со другарки, за да си гледаме после А во кафиќ пијам нес кафе, ок ми е. Но не дека не можам без него. Дури ми е многу чудно кога ги гледам луѓево околу мене - не можеле да го почнат денот без кафе. Не ми е убав вкусот, ете што знам..
Обожавам кафе,addicted to it! Насабајлечки турско на работа.Некогаш и прво станување и одма варам дома ако има време,пиеме со дечко ми па искачаме на работа.А пак,на работа,го влечам со саати,ќе дојдат клиенти,ова она и никогаш на раат да си го испијам.Попладне ако сум со некоја другарка,мамица или сестрица си правиме нес матено.Ако сум со дечко ми исклучиво турско,за друго не сака да чуе,може дека не пие млеко.Трето кафе ретко,освен капуiчно,некому чисто друштво да направам.сега со дечко ми сме во план да купиме машинка за еспресо ама да заштедиме некој динар прво Уживам во секоја голтка кафе,а најмногу насабајлечки кога сум сама и пред компјутер.
Не сум некој зависник од кафе.. всушност воопшто не сум зависник од кафе..Највеќе ми одговара нес и гледам да го избегавам па ми се дешава по две недели да не се напијам кафе... значи ретко пијам и ретко сакам да го пијам...
Сум,ито како! Го обожавам! Е сега зависи во кој дел од денот го пијам. НАсабајле ако не се напијам едно еспресо,не можам да се расонам,особено во кафичите такви јаки што ги прават Турското ми е онака за уживанција,поручек и особено летно време нескафе со прелив,мммм, а вечер некои полесни, како макијато, капучино. А она 3 во 1 нескафе ми е како какао,него го пијам кога веќе сум пиела кафе и онака колку за друштво да правам. Порано пиев по 4-5 пати,ко ќе беше сесија,а сега 2-3