Кафе кафе порано многу пиев од 2 до 4 на ден и тоа турско многу ми идеше со цигарчето Ама сеа од коа не пушам не ми е слатко ни кафето турско ич непијам , 3 во 1 најчесто и тоа не го допивам .... Ама ете сеа ми се пие ке идам да си направам едно Ајс кафенце
Во средно значи многу пиев турско, бев голем зависник, се случуваше 4-5 дневно да испијам Сега многу не пијам турско, туку нес 3 во 1, ама пак не сум голем зависник како во средно Иначе кафето го пијам благо (не шербет ), еве моментално си го испив несот 3 во 1 и супер се осеќам
Кафе ретко ептен ретко само кога ќе кажат дека ќе ми гледат е тогаш му го имам меракот. Неможам да пијам бидејќи некако ми горчи. Едноставно не сум љубител на кафе
Мајка ми и татко ми се дрогираат со кафе.Поголеми кафе-зависници здравје . А јас сакам да пијам (нес,капучино,макијато) но секако дека можам и без кафе.Дури и несфатливо ми е како може некој толку да не може еден ден да помине без кафе? . Јас насабајле,на гладен стомак не можам да пијам а ако пијам после сум како зашеметена.
Не, и сега го докажав тоа. Во целите пости само еднаш се напив кафе, и едно утро на детски роденден, а претходната вечер бев излезена до сабајле, па главата ми пукаѓе. Инаку една од причините за постот беше откажувањето од кафе, бидејќи без млеко не ми е вкусно. Дури и три дена после постот не се напив, затоа што знаев дека ќе се навлечам пак. И еве сум сега со кафе со млеко пред мене, уживам во секоја голтка и се чудам како издржав 6 недели без него! И знам дека од утре ќе бида по старо - збогум на чаевите што ги утепав од пиење овој период. После една голтка се потсетив дека кафето е совршениот пијалок за мене. И не го пијам затоа што ми треба кофеин, туку затоа што го обожавам неговиот вкус. А колку добро му стојат новите шолји, ух!
Кафе, кафе и само кафе... Кога ќе се разбудам единствено сум способна да си направам кафе и уште непомочана палам цигара. Откако ќе го направам кафето (Jacobs monarch со млеко) во наредниот пола саат не сакам никој да ми се обрати. Тек после тоа ми почнува денот. Јадам па пак пијам кафе; после ручек пак кафе; пред вечера пак кафе; за испити спремање - кафе; излегување - кафе... Турско пиев премногу и некако ми се одмили. Новата љубов ми се вика Јакобс и немам намера да раскинам.
Дефинитивно да, секој ден обавезно по еден ладен матен нес.И тоа со чоколадо, шлаг,бобици...со мерак секој ден го декорирам. Другите кафиња не ги сакам, освен летно време нескаве ice.
Не сум зависник на кафе...Во средно пиев секој ден со другарките после школо или пред школо, но откако на 20-21 години добив тахикардија и докторите ми кажаа, дека сум добила лека форма на инфаркт, се исплашив и престанав да пијам кафе и да пушам цигари...после некое време пропушив пак, али кафе не сум близнала од скоро 2 години... до денес. Решив сабајле да си направам едно убаво турско кафе, му бев забораила вкусот Добро ми одеше со цигарче, ама толку беше, поиче НЕ!
Не сум голем зависник ама сепак кафенце морам да се напијам 2 пати во денот ,3 пати максимум , неможи да ми помини денот без кафенце , така тазе сварено со половина лажичка шеќер
Не сум кафе зависник,а и не пијам многу често.Само кога ќе ми се присака или пак кога сум во добро друштво или пак кога ми гледаат на кафе Имам една другарка која што знае да гледа на кафе и кога ќе појдам и ќе ме праша за кафе и викам ’Само ако ми гледаш иначе не пијам’. И кутрата мора,шо ќе прај си ја зела бељата со мене
Си се пронајдов. Комотно може да си сварам кафе в тенџере, една кутлача и та да се трујам цел ден , а после рацеве - тресавац . Порано претерував, а сега во текот на денот пијам две, најмногу три кафиња. Најубаво ми е првото кафенце, бре ко ќе станам од спиење, уште ќораво-нерасонета ги започнувам метаните за кафе, ѓезвето на плотна, ќе пукнам од шо ми се мочка, ама попрво кафе да си сварам.
Не сум зависник од ништо воопшто во мојот живот, значи би можела да живеам без повеќе работи, што се однесува до кафето, го пијам од навика, а не од зависност
Секој ден, горко, мало и наутро пијам. Ми се случува некогаш и навечер да пијам, кога сум втора смена на работа, и после тоа за мене нема сон. Дремам пред компјутер, пишувам, гледам филмови, ама спиење никако. Пробав да ја искоренам таа навика, издржав три дена без кафе, ама знаете што се случи? Се подув ко буре! Смешно ем трагично. Мене кафето освен што ме освестува, ми е добар диуретик и ме прочистува од сите отрови, храна што е потешка... Си се дружиме, секако
мммм...го сакам кафето, посебно неговиот мирис. Пијам многу често кафе, ама сепак не се сметам за негов зависник
Јас порано неможев да си го замислам денот без кафе, понекогаш и претерував. Ама сега веќе 3 години не сме во добри односи со него...се живее и без него. Се е до навиката...
Најважното кафе во денот ми е она првото.Ништо не ме расонува како добро турско што сама ќе си го направам. Топлата пареа и мирисот што ми останува во синуси ми е незаменлив. Наредното обично ми е после ручек за да ми ја провари убаво храната и најчесто доста ми се толку. Ретко да испијам повеќе...обично тоа се случува кога глава не знам кај ми е од обврски и сум цел ден натаму-наваму. Иначе пијам исклучиво црни и јаки кафиња, без шеќер и други додатоци.