Многу често ни се протнуваат дискусии за кафе капсули и актуелни акции низ маркетите, а сме немале тема за нив. Па еве тема, да ни бидат сите коментари, препораки, акции на едно место. Mислам дека баш би ни било корисно, па пишувајте слободно за секаков тип на капсули, без ограничување по брендови на кафемати. Мојот кафемат е Dolce Gusto Piccolo. Пробавме скоро сè и од еспресата најубави ми се DG Бариста и Perfetto. Ова второво беше ептен ароматично кафе. И млечните им се многу фини, во Веро случајно ги најдов на една акција па купив за проба. Ме изненадија René капсулите од Стокомак. И макијатото и еспресото ми се океј (макијатото ми е поубаво), мислам за тие пари навистина не очекував којзнае што ама ете испадна добро low budget кафе. Garibaldi кафињата исто ми се топ - еспресо, макијато, капучино, сите ми беа супер и цените за количината се баш пристојни. Старбакс ги немам пробано, чекам да извадат некоја акција со повеќе кутии и видови па ќе земам за проба. Исто и оние млечните џиџани Friends, никако да дојде ред да купам некое. Ако не ги бива кажувајте, да не си ги давам парите.
Старбакс зедов од Грција, кај нас немаше тогаш, ништо посебно. Дефинитивно го нема оној Старбакс шмек или можда јас премногу очекував. Купував од Блу намад, макијато, еспресо, топло чоколадо и тие јуникорн и чизкејк и океј беа, цена=квалитет. Искрено тие ми се повкусни него оригиналот Долче густо. Потоа се префрлив на е-хорека, многу покоректни за соработка, плус има безкофеинско еспресо. Макијато, чоколадо исто солидни од таму. Чат пат кога ми треба похитно, а не сум нарачала земам на Баркафе од маркет, не е лошо ама не ми е врв, но може да помине. Едино грдо досега ми е од Кам, ужас.
Мене на italian coffee капсулите многу ми се допаѓаат. Заљубена сум во arabica i espresso cremoso. Дури поубави ми се од долче густо капсулите. Во план ми е од се да пробам. Земав и едно топло чоколадо ванила, тоа така помалку ми се допаѓа, ама прашање на вкус е. Океј ми се и од кам, ама повеќе ми се допаѓа еспресото, макијатото не толку многу.
И јас сакам да ги пробам тие од Кам. За таа цена што знам, некако без очекувања сум па какви ќе испаднат, такви ќе ги пиеме. Perfetto имаат едно ирско макијато, многу ми беше вкусно ама не ми личеше баш на кафе-кафе, повеќе како капучино на вкус. Кај нив ме нервира тоа што им се мали кутиите (со по 10 капсули) и не ми беа баш исплатливи но како и да е, кафето е вкусно и пак ќе ги купувам. Бендисав едно Garibaldi кортадо па него ќе го пробам следно. Од овој бренд има навистина супер кафиња. Единствено на Carraro не ми се свиѓаа еспресата. Ми имаат некоја киселина, а ич не сакам такви кафиња па откако фино се зафркнав со оние огромните кутии од по 30 капсули (одвај ги потрошивме), ги избегнувам не ми се ризикува.
Нова играчка по дома ни е Долче Густо, кога ги гледам какви кафиња и напитоци имаат по сајтовиве сите сакам да ги купам и да ги пробам. Ама некако ограничени се со безкофеински кафиња. Пие ли некој без кофеин што му се погодило, инаку повеќе сакам млечни, лате, макијато, капучино.
За ова пишав погоре. Јас сум љубител на еспресо, пијам многу кафиња во денот, а ми беше препорачано од доктор да намалам со кофеинот, па го земам ова и океј е. Можеш да го комбинираш со млеко. Исто безкофеински имаш и напитоци со вкусови, најчесто се kids friendly и затоа не содржат кофеин.
Ние имаме Долче Густо Обло. Претходно многу малку го користевме ама со Ковидо-ов почнавме прилично да го користиме. Мене ми се до сега фаворити капсулите од Долче Густо особено она Еспресо Наполи ново што е ми се допаѓа. Од другите порано многу купувавме од 7 грама, ама сега некако повеќе се свртевме кон Е-хорека. Од таму ми се допаѓат Старбакс кафето (цела куќа мириса како Старбакс по правење кафе) и кафињата на Лаваца. Имаме и патронче за повеќекратна употреба ама така се добива поретко кафе.
Капсулите во Кам се на акција неделава, земав еспресо и кортадо за проба. Епа во право ќе да бевте со коментарите. Еспресото ич не ми се допадна, другово не е лошо. Ама нема споредба, овие Рене капсулите што ги има во Стокомак се далеку подобри за истите пари отприлика. Сега да ми стигне нарачката од е-хорека, ќе видам што испаднало и од тој улов.
Тие од Стокомак се каде- каде подобри од тие од Кам. Јас сум тим Стокомак, однос цена- квалитет мислам дека е доста добар, и најпрактични ми се за набавка. Оригинални или треба да чекам од е- хорека, 7 грама и сл., или треба по соседниве градови да одам, куде мене нема Cafe Au Lait мене дури ми е подобро тоа од Стокомак него ли оригиналот на Долче Густо Еспресото е слично, скоро па исто, а доста поефтино. Од Кам топлото чоколадо ми е многу убаво, ретко го пијам ама кој сака, го препорачувам, за цената е топ. Flat White никако да начекам за да купам, а ептен сакам Сега сакам Cold Brew да го пробам на Долче Густо, како е? Или некоја друга препорака за ладно кафе ако имате, навалете
Исто @Ahoy, тим Стокомак. Изненадена сум од тоа колку ми се допадна кафето, онака купивме случајно. Бевме тогаш во Стоко да си купиме ДГ Бариста (поевтино е таму и тоа доста поевтино), ама немаше и ај овие колку да не се вратиме со празни раце. Кога на крај сфативме дека се супер а цената им е топ, си се вративме по уште кутии. Супер си се кафињава, тоа со млеко ми е фантастично. Топлото чоколадо ќе почека до есен, сега сум со друга шема - долго еспресо со топка сладолед од ванила.
Ваков е нашиот кафемат. Сега нарачавме од Aliexpress reusable капсули бидејќи многу скапо ни испаѓа едно кафе (барем за нас е скапо) околу 35 ден кафе. Купуваме од истите капсули на сликата, ги има во Тинекс, Зафир и Веро околу 700 ден. за 21 капусла. Ако постои место од кај може да се купи/нарача вакви капсули а да се поевтини, известете ме.
Flat white во тинекс го имам земено, начекав на попуст, инаку преку 400 ден е не ми се даваат искрено. А убаво е, појќе на млеко, ама ко за второ-трето дневно кафе супер е. Од сабајле обично пијам еспресо со малку млеко или кортадо. Cold brew немам начекано, другарка од Битола следно идање ќе ми донесе, рече ја бендисало, па ќе видам ќе го пробам. Од старбакс очекував повеќе, некако не ми легна не знам зошто, лаваца ми е поубаво.
Имам пробано капсули од Кам, кортадо само, не е лошо кога немам никакво. Исто имам пробувано од некои италијански не ми текнува на името, ама беа многу благи и никако не ми се бендиса, не можев да ги ни испијам и затоа баталив експерименти. Гледам овој попуст и ми е многу привлечен. https://7grama.coffee/Пакет-6-бокса-Friends-Dolce-Gusto-капсули-со-Гратис-Чаши-p360113150 Немам пробувано од Френдс кафиња, останувам верна на Долче Густо капсулите по маркети, најмногу на Кортадо. По вкус ми е. Гледам овие од Френдс Кафе лате има 0 посто шеќер. Може да се изберат кои пакувања, јас се мислам за Latte machiato i Cafe au late и можда една кутија Caramel late колку да се најде. Имате пробано од овие и какви се? Инаку flat white на прва никако не ми одеше, некој мирис и јак вкус на млеко, едвај проголтав голтка, после се навикнав, инаку никогаш не би го купила јас, ги добивав на подарок и еднаш беше на големо намаление па го зедов. Инаку ништо посебно, не знам зошто е толку поголема цената.
Јас си го порачав сетот. Многу брзо ми стигнаа. Чашките ми прават мерак. Морам да кажам тие всушност беа пресудни да го порачам пакетот, бидејќи чашата една во продажба сама е околу 350 денари. Моментално пијам cafe au Lait, без шеќер што е, и ми е фино. Како кортадо ми доаѓа. Да ли е до чашката или до кафето не знам
Многу се убави овие со вакво дно и кафето е многу мераклиско. Ја видов и јас понудата, ама штета ги имам чашкиве инаку ептен се исплати вака. Наздравје кафе. И моите кафиња стигнаа, после ќе го пробам Старбакс па баш ме интересира какво ќе биде и дали ќе ми се допадне.
Убаво е Cold Brew, јас го имам земено и за овој перод ми е баш освежително, со коцки мраз, а јас му додавам и малку млеко. Инаку за човек кој обично повеќе сака кафиња со млеко од еспреса, ова ми е преубаво
Маж ми не пие кафе, едвај да го премолам еднаш годишно, ама ова ептен го бендиса и по мирис и вкус, па сега секој ден бара само додава млеко, еднаш чисто проба, јако му било