Јас си купив од алиекспрес пластични капсули,од кам купувам мелено еспресо и само си ги пунам.Поевтино ми искача и кафето ми е баш убаво.
Овие еспреса на Гарибалди засега ми се убедливо најдобри. И цената им е супер, 240 денари или така нешто. Ова во виолетова кутија ми се допаѓа повеќе, навистина убави и ароматични кафиња.
Дали постои можност да се оштети кафематот dolce gusto доколку се користар капсули од алиекспрес за дополнување?? Некој што користи, искуства?? За овие мислам
Јас имам исти вакви, ги користам неколку месеци. Не можам да објаснам баш најсликовито, ама овие капсули си имаат одоздола мала испакнатина, па кога ги ставаш внатре како фиксирани се во фиоката за капсулата и се местат баш добро за да не мрдаат и за да влезе металниот жлеб без потешкотии и без да се оштети. Добар е кафематот засега, не ни има проблем кога влегува/излегува жлебот, па веројатно ќе биде сè океј. Е само ми требаше време да ги совладам. Со мала количина на кафе еспресото ми е како кал, па го правам појако или го пуштам подолго за со млеко.
Штета што новиве од Стокомак се со две капсули. Толку ми се непрактични тие, купив слични од Долче Густо еднаш - два пати колку да ни пројде меракот и толку. @Guns N` Roses, ако ги пробаш овие новите Gimoka баш сподели дали се добри. Ги гледав и јас ама баталив, ги оставив за некое следно пазарење.
Мене ми се супер овие од Стокомак. Имам нарачано Gimoka кортадо, но сеуште не ми се стигнати, кога ќе ги пробам ќе пишам .
Јас сум млекце кафе тип. Затоа тие ми се поарни. Другите ми се јаки. А стварно подобро е во една, ама не е избодливо изгледа. Ќе ви го пратам маж ми, на јако, еднокапсулно кафе. Пробано. Многу слично на вкус е со Долче Густо капучиното. Јас и розе капсулите од Стоко ги љубам. Тие омилени ми се. Благо и повеќе на млеко е.