Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кафе капсули

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Mishela, 25 мај 2021.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.189
    Пол:
    Женски
    И минатиот пат кога пиша си изнакупив, ќе земам и сега. :lol:

    Немој да снема кафе, за друго не е страшно. :D
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    2.115
    Овие gimoka espresso капсулите добри се, ги имате пробано?
     
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Имате Лаваца во Тинекс 209 ден на акција.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.480
    Допаѓања:
    201.359
    Пол:
    Женски
    Гимока кафето е одвратно. Јас додуша меленото го имам пробано, ми го испофалија, го купувале многу, ама се зезнав. Не верувам дека во капсулите е поарно.
     
    На Alm. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.386
    Тоа се тие од кам? Ако се тие, катастрофа
     
    На Alm. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    2.115
    Од blue namad ги порачав. Барбаро и Гимока порачав, еспресо. Ги чекам да стигнат. :D
    Касно го видов ова дека не биле убави, ќе ги пробам па ќе споделам импресии.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.189
    Пол:
    Женски
    Мене не ми беа воопшто лоши Гимока еспресо капсулите, ги купувавме порано. Арабика беше тоа што го одбрав, кутијата беше бела со црно.

    И кафињата со млеко не им се лоши. Пробав неколку ама caffelatte со розовко на кутијата редовно си ги купувам, зашто најмногу ми се свиѓаат тие капсули. Баш е вкусно и кремасто кафето.

    Штета никако да го начекам тоа кафе со млеко од Стокомак, ко кортадо што е, со една капсула што се прави. Ги има уште некаде?
    Овие лате и капучино што ги имаат со две капсули ми се тотално неисплатливи и премногу замарање.
     
    На sweet-cherry и Alm. им се допаѓа ова.
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    29.326
    Пол:
    Женски
    Го немам видено некое време тоа ко кортадо во маалскиот стокомак, иначе мене баш ми се допаѓаше, немаше сладникав вкус. Вообичаено во стокомакот во Тафталиџе го наоѓав, ама не сум била скоро месец таму.

    Последно го земав капучиното да го пробам од нив, убаво е ама да досадно е за правење и скроз неисплатливо. Тоа со ванила, лате ми се чини беше, не ми се бендиса млекото многу благо беше.

    Едно време бев благо опседната со flat white на долче густо, ама скапичко ми е некако, кога го начекувам на попуст на е-хорека го земам.

    Сега сакам да си нарачам од Blue namad да се снабдам, немам нешто многу од кај нив пробувано, да препорачате некое?
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.189
    Пол:
    Женски
    Да, овие со по две капсули кај се неисплатливи, па и обично се преблаги. И тоа со туткањето пред кафематот, де едната капсула, па другата, порадо би си пуштила еспресо па ако сакам да импровизирам со млеко би си направила со француска преса или со маталка. Таман додека се пушта кафето, пената ќе ми е готова.
    Ги избегнувам веќе одамна, само еспресо си имам на залиха и еве некогаш оваа розовката кутија Гимока, кафелате што пишува на неа.

    Инаку, од Блу намад, многу се вкусни Гарибалди еспресата. Овие ги имам купувано:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Најубаво ми е ова првото, во бордо-виолетовата кутија.

    Carraro ги имам пробано скоро сите, некои беа океј, но повеќето крш на вкус, ко песокливи.


    Од млечните, ова Гарибалди со жен-шен беше навистина интересно на вкус. Како ирско кафе, ама и не баш. :D
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    24.913
    Дечки, земете си го ова:

    Screenshot_20220916-103546_Chrome.jpg

    Од Tuttocapsule од Ист Гејт. Нема боље кафе, превкусна арома има и огромна пења. Веќе не зимам друго, до толку е добро.
     
    Последна измена: 16 септември 2022
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    @Mishela @sweet-cherry има Долче Густо исто кафе како тоа од Стокомак со млеко, супер е.

    Dolce-Gusto-Cafe-au-lait.png
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  12. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.167
    Пол:
    Женски
    Капсули за Lavazza каде можам да најдам ?
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.189
    Пол:
    Женски
    Знам дека има, го пробав. Ама ретко (да не речам ич) може да се најде по цена каква што имаше ова од Стокомак.

    Ако сакаш компатибилни капсули за Лаваца, на сајтот на Blue Namad имаат доста широк избор. Гарибалди, Carraro и уште некои мислам гледав.
     
    На minne992 и Ahoy им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.480
    Допаѓања:
    201.359
    Пол:
    Женски
    Се мислев меленото дали да го земам, по твојава препорака за капсулите ќе го пробам. Иначе од таму купувам патрони на Diemme, превкусно еспресо излегува. И безкофеинското од истата фирма е одлично.

    @Mishela мене па на Carraro меленото и бескофеинското ми се супер. Јас немам кафемат на капсули, туку на дози, и земам мелено. Не знам дали е исто меленото со тие во капсулите, претпоставувам дека е, ама Караро има одлично еспресо и пенливо и убав вкус на кафе (баш моментално такво пиеме), за разлика од Гимока што ми беше кисело. Исто кисело како сите оние инстант кафиња низ маркетиве.
    Прашање на вкус е секако.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    482
    Ramstor karsi duki daso ima mnogu kafinja tamu proveri
     
    На minne992 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    2.115
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.189
    Пол:
    Женски
    Во Веро се намалени неколку видови од Долче Густо капсулите на 255 денари. :)
    Не знам до кога трае акцијата, сигурно пишува.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    6.613
    Пол:
    Женски
    До 16ти
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    Во Ц.Ружа кај нас ги има капсулите од Стоко. И розевите и други. Ако те води патот на тука. :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.189
    Пол:
    Женски
    Дојдов за друго во темава и видов дека сум испуштила да ти одговорам. Better late than never. :D
    Carraro меленото е неспоредливо подобро од капсулите. Мене ми имаат разлика, зашто капсулите им се навистина крш, а меленото е супер. Јас ги купував капсулите кога им беа тазе донесени, тогаш уште постоеше 7гр. Потоа пак купив пред година дена и скоро па исто искуство. Не ми се свиѓаат.

    Мелено Carraro имам моментално од ова:
    [​IMG]
    Фантастично е, го препорачувам. Го ставам во реупотреблива капсула и вади одлично пенасто еспресо.

    Инаку, Lavazza еспресо кремосо и лунго капсулите се на попуст во Тинекс. Кутијата е 215 денари. Овие ми се ептен добри, да си знаете ако има уште љубители на капсуливе дека се намалени, не видов до кога само.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.