Реупотребливи капсули купив од Алиекспрес, не беа воопшто скапи. А кафето го купувам од Блу намад, имаат штанд во Рамстор на приземје, нема шанси да ги утнеш зашто само тие имаат штандче со кафиња таму.
Арно ме потсети да си купам кафиња на Carraro. Долго време терав со Pagliero од Tutto capsule во Ист Гејт. И тие се супер кафиња, барем за мој вкус. Ќе тркнам баш денес до Рамстор, Carraro имаат и убаво decaf мелено еспресо, ми се наоѓа ако ми се пие кафе навечер
@sweet-cherry и @theowndemon прави инфлуенсерки за кафе сте. Да не сум покусо, нарачав и јас од e-horeca. Сè што фатив од Friends ставив во кошничка. Е сега, дали ќе се добри е друго прашање. Ама преслатко изгледаат кутиите, ќе прежалам какви и да се. Пробавте нешто вие во меѓувреме?
Моментално од капучиното пијам, другите уште ги немам пробано, ама едвај чекам Инаку капучиново е убаво, не е многу благо, ама е доволно благо да се пие без шеќер. Ми се допадна позади на кутиите што имаше кој левел на intensity се кафињата, и за roast-от мада тоа не го загледав убаво што значат бројките од 1 до 10. --------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- На темава, едно време бев опседната со капучиното од Кам ама го имав препиено и го прекинав. Пред некое време го купив пак и ми се згади. Не знам дали ја имаат сменето формулата на кафето или мене ми е презаситен организмот, ама прелошо беше. А и нова опсесија периодов ми е ирското макијато од баркафе. Многу е благо, го пијам еднаш во неколку дена, најчесто коа ми се јаде нешто благо па се лажам со кафево
Супер @sweet-cherry, баш ме развесели. Сега со душа чекам да ми стигнат и моиве. И мене ми е убаво ирското на barcaffe. А доста фино им е и еспресото, имаше едно во кафеава кутија мислам исто со 10 капсули внатре.
Со Шери сме договорени заедно да пробаме, така да и јас само капучино. Вистина не мора шеќер и благо е само по себе шо е + оти генерално го сакам капучиното благо, ама заборавам са турам шеќер дур е топло. Од капучиното сум доста задоволна, лате макијато ни е на ред утре ако не се лажам.
Пробав и јас по нешто викендов, се понашав ко дете мало кога ќе му купат нешто. Превозбудена за овој свечен чин. Пријатно ме изненади Friends еспресото. Не очекував дека ќе биде којзнае што, а испадна многу фино. Би го купила повторно. Caramel latte & Latte macchiato ги пробав исто и добри беа. Всушност, лате макијато беше одлично, а ова со карамел некако премногу тужно ми дојде. Ко десерт. Ама тоа веројатно дека кафето го пијам горко, ретко вакви десерт-кафиња. Не можам да кажам дека не ми се допадна или нешто, баш фино ми беше и би го пиела кога само ми треба некој топол пијалок без да ми удри кофеинот во глава.
Да не ги има Долче Густо капсулите некаде на попуст моментално? При крај ми се залихите од кафе капсули што сум си ги правела кога биле на попуст, ако ги има некаде намалени, известувајте, да се прават нови залихи.
Има ли некои поисплатливи понуди за капсули Долче Густо или барем поголеми пакувања? Некако не се баш евтини маливе пакувања капсули од маркети, а многу брзо се трошат.
Vo East Gate dole kaj Tinex ima prodavnicka za kafe i kapsuli, ima mn jeftini i ubavi italijanski kapsuli. Vo posledno se od tamu zemame
За мене вакви капсули А за сопругот вакви @marsilia во Рамстор Мол (на спратот) има штанд за капсули. Има голем избор. Има и поевтини. А за таа цена можеш да најдеш и поголеми пакувања.
Мислам сум слушнала за местово за капсули ама има Долче Густо оригинал големи пакувања или само од други фирми имаат? Другите капсули од други фирми некако не ми се убави ко оригиналните, затоа. Иако, може да пробам и нешто друго ако се убави по препорака од тука еве.
Не сум баш сигурна. Јас земав едни со вкус на лешник. Не ми текнува на марката. Имаше повеќе брендови. Да бев во Мк ќе го сликав пакувањето.
Последно овие капсули ги пробав, ги купив зошто доста пристапна цена имаат и изненадувачки не е лошо капучиното. Не е како на Долче Густо, ама за таа цена ме изненади вкусот. Ќе пробам и други вкусови на кафиња од овие капсули.
Јас ги пробав и macchiato irish cream и noisette со вкус на лешник сега кога беа на акција во Тинекс и жалам што не купив повеќе кутии, стварно се вкусни.