Кафе - рецепти

Дискусија во 'Рецепти' започната од pink4ever, 12 февруари 2011.

  1. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.006
    Често сретнувам интересни нови кафе - рецепти ( барем мислам дека така се вика :lol: ).
    Знаете ли понекогаш да си направите некое необично и не толку често кафе? Јас не пијам толку често (околу еднаш во месецот :D ) и не се разбирам толку ама мислам дека вас ќе ве интересира. :P

    Milky Way капучино

    Потребни состојки:
    90 мл еспресо
    40 мл чоколаден прелив
    40 мл сируп од карамела
    20 мл зовриено млеко
    Начин на подготовка:
    Во шолја за кафе сипете го подготвеното еспресо, чоколадниот прелив и сирупот од карамела и потоа додадете зовриено млеко. На врвот ставете млечна пена. За само 5 минути ќе добиете фантастичен кафе напиток со шмек на неодоливите чоколатца Milky Way.
    [​IMG]



    Кафе вртлог (Coffee whirl)

    Време на подготовка:
    5 минути
    Потребни состојки:

    50 грама сладолед од ванила
    30 милилитри ладно црно кафе
    2 грама незасладено какао
    Начин на подготовка:
    Сите споменати состојки, ставете ги во блендер и мешајте ги 2 минути. Добиената смеса ставете ја во стаклена чаша и декорирајте по ваш вкус.
    [​IMG]
     
    На Optimistic, zhap4e, Strawberry.6 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    489
    Е ова ми треба секое сабајле кога станувам ненаспана и се мрзнам како што сум зимурлива :

    Зашеметувачко кафе

    Потребно време за подготовка: 10 минути
    Потребни состојки:
    2 дл топло сварено црно кафе
    30 дл ликер од кафе
    30 мл бренди
    Крем од какао
    Шлаг
    Чоколадни трошки

    Начин на подготовка: Земете голема шолја за кафе и најпрво ставете ги ликерот и брендито. Потоа ставете малку крем од какао. Потопете ги со целото топло црно кафе а на врвот додајте од шлагот. Декорирајте со чоколадните трошки и доколку сакате, засладете со малку шеќер.


    А ова го правевме со една другарка кај неа. Многу е просто, а вкусно е!

    Потребно време за подготовка: 10 минути
    Потребни состојки:
    1 dl млеко
    1 dl топло еспресо
    Начин на подготовка: Стоплете го млекото на тивок оган. Мешајте брзо со жица за матење за млекото да се распени. Сипете го свареното еспресо во повисока шолја или дебела стаклена чаша и ставајте од млекото држејќи ја пената со лажичка. Пената искористете ја за врвот од кафето. Декорирајте со цимет и додадете шеќер по вкус.

    Со тоа што ние декориравме со рендано чоколадо бидејќи јас не обичам многу цимет :wasntme:
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.492
    Уф, уф, уф, моја тема!
    Кафенцееее, мераци. :clap:

    Немам некои посебни марифети, такви нацуцулени и украсени само во кафиЌ, по дома си се знае - јако турско со едно натрен, или шеќерче на врвот од лажичето.
    Само јас ставам се одеднаш - и кафе и вода и шеќер, многу мразам на зовриена вода кога ми ставаат кафе, веднаш зоврива, и потоа го чувствувам некако живо, таквото кафе ниту ми е вкусно, ниту мераклиско.

    Инаку, инстант кафето, е тука ми треба зовриена вода (на колку врие водата - се знае, на тројка ;)
    :D , а во голема шолја ставам една мала полна лажичка кафе во гранули, натрен едно, малку цимет и мед.
    Додавам вода до половина и промешувам, а потоа додавам ладно млеко.
    Едноставно, ем брзо, не ми треба време нити да го чекам да се олади, а ме освестува ко лудо. ;)
     
  4. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.006
    Чоколаден кафе бакнеж (Chocolate coffee kiss)
    [​IMG]
    Време за подготовка: 2 минути
    Потребни состојки:
    20 ml ликер од кафе
    20 ml Ирски крем
    15 ml Какао крем
    5 ml ликер од портокал (Гранд Марниер)
    235 ml црно кафе
    Шлаг
    40 ml чоколаден прелив
    1 марачино цреша
    Начин на подготовка: Во шолја за кафе измешајте ликер од кафе, Ирски крем, Какао крем и Гранд Марниер. Потоа наполнете ја шолјата со сварено топло црно кафе, дотерајте ја со шлаг и ставете чоколаден прелив по ваш вкус. На крајот можете да го декорирате со марачино цреша.
     
    На zhap4e, Legadema, interesna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.293
    Мене овие неколку ми се видоа интересни, искрено од сите нив најголема желба имам да го пробам кафето со коњак 8)

    Чоколаден милкшејк со кафе (Cocoa Coffee Milkshake)

    Потребни состојки:
    250 грама сладолед од ванила
    200 милилитри ладно млеко
    10 грама какао
    1 ќесичка инстант кафе

    Начин на подготовка: Споменатите состојки ставете ги во блендер и мешајте ги 2 минути додека не добиете хомогена крем смеса. Смесата ставете ја во голема стаклена чаша и уживајте. По желба декорирајте со чоколадни трошки.
    [​IMG]

    Мока фрапучино

    За едно кафе потребно е:
    1 1/2 коцки мраз
    3/4 шолја млеко
    1 лажица еспресо измешана со 1/4 шолја жешка вода
    1 лажица шеќер (повеќе или помалку по вкус)
    2 лажици чоколаден сируп
    шлаг (по желба)

    Во блендер измешјате ги мразот, млекото, еспресото, шеќерот и чоколадниот сируп. Претурете го кафето во голема чаша. По желба, декорирајте со изматен шлаг и какао врз шлагот.
    [​IMG]

    Елегантно кафе со коњак

    Потребно за 6-8 кафиња:
    250 ml еспресо, оладено
    80 ml коњак
    60 ml ликер од кафе
    60 ml цврсто изматен шлаг
    сладолед од кафе

    Подготовка: Еспресото, коњакот, ликерот и шлагот измешајте ги заедно со многу мраз. Течноста ставете ја во големи чаши. Во средината ставете по една топка сладолед од кафе или од некој друг вкус по ваша желба. Декорирајте со ситно сецкана чоколада.
    [​IMG]
     
    На zhap4e, Strawberry.6, Legadema и 2 други им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.275
    Допаѓања:
    5.133
    Го сакам кафето во сите варијанти, ама искрено да се придржавам до некој рецепт па и не баш. На пр. во капучино што го имам по дома во шољата додавам некоја коцка чоколадо и вкусот е прекрасен. Или летоска во нес кафе што ќе изматам додавам топка сладолед од чоколада или ванила што имам. Или во инстант кафе некоја капка рум и топка сладолед. Ова, толку мл млеко, толку мл она-ова некако ми е заморно...
     
    На Loli4ka444 и koritsaki им се допаѓа ова.
  7. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.028
    ЛЕДЕНО КАФЕ

    Потребни состојки:
    100 ладно инстант кафе
    100 мл чоколаден сладолед
    15 мл чоколаден прелив
    3 коцки кршен мраз
    шлаг
    Начин на подготовка: Во блендер ставете ги леденото кафе, сладоледот и чоколадниот сируп. Во голема чаша сипете го мразот и одозгора полијте го со добиената смеса од блендерот. Декорирајте со шлаг и чоколаден прелив.
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.891
    Капучино на Италијански начин
    Време за подготовка: 10 мин.

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    50 грама Шлаг
    10 грама Кафе
    2 лажица/ци Какао
    100 милилитри Газирана вода
    ПОДГОТОВКА:
    Во секоја чаша за кафе, се става по една лажичка кафе, се меша добро со минерална вода, се засладува со шлаг (шлагот го ставаме одозгора) па се посипува со какао во прав. Италијанското капучино се служи ладно. Затоа пред употреба минералната вода треба да отстои во фрижидер.

    ____________________________________________________________________________________________
    Еве едно друго
    место вода ставаш кока кола
    ама под услов да не ја заборавиш на шпорет оти ќе изгоре ѓезвето а после станот цел ден ќе мириса на прегорен шеќер.
    ____________________________________________________________________________________________
     
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.891
    Кафе за 60 секунди
    Потребно време за подготовка: 60 секунди
    Потребни состојки:
    200 мл оладено филтер кафе (подготвено претходниот ден)
    100 мл млеко
    неколку капки екстракт од ванила
    2 -3 коцки мраз
    Начин на подготовка: Во голема чаша ставете ги кафето и млекото. Капнете неколку капки екстракт од ванила и промешајте. На крајот, ставете ги коцките мраз. На здравје брзо кафе.
     
  10. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    Млечно-чоколадно кафе
    Потребни состојки:
    • 150 мл. чоколадно млеко
    • 100 мл кафе (една лажичка кафе растопена во вода)
    • шлаг
    • рендано чоколадо

    Подготовка:
    Во една висока чаша стави коцки мраз. Додај го чоколадното млеко, а потоа и кафето.Одозгора украси го со шлаг, а врз шлагот изрендај чоколадо.


    Чоколадно кафе

    Потребни состојки:
    • половина шолја шлаг или изматена хопла
    • 2 лажички шеќер во прав
    • мелени бадеми
    • една шолја чоколаден сладолед
    • 4 шолји топло нес кафе
    • парчиња бадеми

    Подготовка:

    Во еден сад измешај го шлагот со шеќерот во прав и мелените бадеми. Во четири шолји стави по една лажичка сладолед. Одозгора истури го кафето. Секоја шолја украси ја со една лажичка од смесата со шлагот и бадемите. Одозгора украси со парчиња бадеми.
     
  11. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.891
    Кафе ирска фантазија
    Ледени коцки кафе потопени во млеко
    Кафе карамело
    Чоколадно ледено кафе со многу сладолед
    Чоколадно баварско кафе
    Перфектно ледено кафе
    Потребни состојки:
    100 ладно инстант кафе
    100 мл чоколаден сладолед
    15 мл чоколаден прелив
    3 коцки кршен мраз
    шлаг
    Начин на подготовка: Во блендер ставете ги леденото кафе, сладоледот и чоколадниот сируп. Во голема чаша сипете го мразот и одозгора полијте го со добиената смеса од блендерот. Декорирајте со шлаг и чоколаден прелив.
     
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.236
    Во кесички за коцки за мраз замрзнувате растворено кафе (нескафе или друго) со вода и шекер по потреба.

    Се сервира во чаша млеко, се додаваат неколку кафе коцки. :)
     
    На karenin и Inna5 им се допаѓа ова.
  13. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    419
    Ледено ванила кафе

    Потребни состојки:
    60 мл топло инстант кафе
    2 топки сладолед од ванила
    4 коцки мраз
    шлаг
    чоколадни трошки

    Начин на подготовка: Топлото кафе, сладоледот и коцките мраз, ставете ги во блендер и 15 секунди мешајте ги на најјака брзина. Добиената смеса сипете ја во висока стаклена чаша и декорирајте со шлаг и чоколадни трошки.

    Ми личи на многу вкусно кафе. . . :inlove:
     
  14. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    623

    Еве го :$

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  15. Pencitita

    Pencitita Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Koe mleko da go koristam za dobivanje na idealna mlacna pena, koja nema da mi iscezne za 1 min.? :D :lol: :^)
     
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.384
    Допаѓања:
    28.901
    Пол:
    Женски
    Сладолед потопен во кафе

    Потребни состојки:

    2 топки сладолед од ванила
    1 доза сварено еспресо
    1 лажица ликер калуа
    Рендано чоколадо

    Начин на подготовка: Ставете две топки сладолед од ванила во чаша. Ставете го еспресото и калуата. Со ноже за лупење зеленчук изрендајте виткани парчиња чоколадо. Совршено!

    Варијации на рецептот можете да направите со ликер амарето и со зрна кафе.
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.690
    Допаѓања:
    47.932
    Пол:
    Женски
    За мене овие се прекомплицирани, моето кафе над сите кафиња.

    Една четвртина во чашата млеко ладно, со машинка за нескафе направете пена, ќе стане како шлаг дури, тоа од што пиеме квалитетно кафе. На страна во чашка измешајте со лажиче кафе со шеќер, може да си додадете и малце ликер ако сакате, ама не мора, и полека сипете во млекото, тоа е поретко и потешко и ќе си падне доле а по пат малце ќе се обои од млекото. Превкусно е кафето така, преубаво бидејќи млекото е запенето.
     

    Прикачени фајлови:

    На Umbrella22, anuskaNESTLE, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    3.607
    Пол:
    Женски
    ^ Ангел, какво кафе употребуваш ти? ( обично нес, турско, топло, ладно или?)
    Неможам да импровизирам или претпоставам според вкусот, бидејќи не пијам кафе, ама имам кандидати кои и те како пијат и за истите би да го направам твоево. :)
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.690
    Допаѓања:
    47.932
    Пол:
    Женски
    Обично нескафе, иначе најубаво е со она еспресо на Нескафе, вкус незаборавен, ама јас не го сакам дека има многу шеќер во него, а јас и белиот шеќер скарани, евентуално некој натрен може да заигра.
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.967
    Пол:
    Женски
    ^А какво млеко ставаш? Зошто мене не ми се прави толку густо млекото како шлаг, макар и цел ден да го матам :?: Ова твоево кафе ми фати око, летно време дома само нес пиеме, па некогаш и шлаг матам за да биде поубаво. Затоа ова би било идеална замена :)