1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кафе - рецепти

Дискусија во 'Рецепти' започната од pink4ever, 12 февруари 2011.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Ова беше Алпско, иначе од Битолско најгуста е пената, а не треба да биде така, треба да биде баш како пена, не како шлаг. Јас го матам со обична мешалка за нескафе, на струја, не е нешто јака. Инаку ова значи дека млекото е полно со сува материја, значи пиеме прашакче, ама тоа е друга тема ;)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Ана, пробај со миксер и со една од оние спиралните вилушки што одат со миксерот. Вчера пробав со обичен миксер и една таква спирална вилушка, и пена цврста добив за минута матење.

    Ангел, јас не те разбрав пак, да го сварам па оладам кафето или само кафе+шеќер да ги измешам во вода, па да го додадам во пената?
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Да, да само да измешаш, не го вари, нескафето не се вари. Се меша тоа и со лажиче само, мешаш и додаваш, просто ко гравче.
     
  4. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Оваа твоето преубаво ми се виде. И баш сакав да го направам ама некако не ми излезе ко што треба. Го правев со Нескафе ладно, е сега не знам може млекото не ми беше баш како пена.Инаку јас немам машинка за нескафе и пробав со миксер како што објасни некоја членка погоре.
     
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Ангел јас го пробај рецептот и ми излезе супер. На крај си ставав малку и течно чоколадо.
    Ова беше проба на само, и сега затоа што е супер, чекам либето да се врати па да се правам важна :lol: ФАЛА
    Инаку во нашиве млека немало ни м од млеко. Јас ставив здравје радово четвртина чаша и со матењето добив две третини цврста пена, бод да чува што пиеме.
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    ^ Е па тоа изгледа било проблемот кај мене.
    Јас првиот пат кога пробав да го правам по рецептот од Ангел, го правев со домашно млеко. Мати, мати со машинката за нес, од пена ни п немаше. Моите дома не сакаат да пиеме тетрапак млеко, ептен кога се мора, инаку секогаш купуваме домашно млеко. А од Битолсково, пена за пола минута се направи и тоа убава пена :|
     
  7. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    не е нешто нај нај сликава ....

    Рецептот што го правам е следниов:

    Кафе(нес) и шеќер по 1 лажичка ставам(по свој вкус) го мешам со машинката за Нес-кафе со вода колку да се залие дното на чашката, матам се додека не се даде волумен отприлика пола чашка... Потоа додавам млеко колку да се наполни чашката... И доколку сакате може да матите ако не ќе имате пенест вкус..Јас најчесто ги матам.. . Декорирате по своја желба ;)
     

    Прикачени фајлови:

  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    колку време го матеше млекото?
    Каква пена ти е (цврста или има дел од млекото течно- скроз целото го направи пенаа :tmi: ) ?
    Матеш потоа од кога ќе ги додадеш кафето и шеќерот..(тие се зрнца,ако можам да ги наречам ќе се стопат претпоставувам..)
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Изгледа не сум објаснила убаво. Значи млеко исклчиво тетрапак, бидејќи домашно млеко нема да ви направи таква пена, се мати со машинка за нескафе, само млекото. Ќе ви се направи пена, небитно дали е цело пена или малце со млеко, битно да се запени. Стевете малце млеко за да не ви се иссипе додека матите, една четвртина од чашата и тоа е многу можеби. Во друга чашка ќе ги измешате со вода кафето и шеќерот и ќе ги истурите во млекото, но внимателно и само на едно место, најубаво на средина за веднаш да падне доле да не се измеша со млекото и пената. Декорирајте си ако сакате со шлаг и чоколадо и суперски ќе ви дојде.
    Е сеа што може да направите, коцки од кафе, во сад за мраз да замрзнете ладно кафе, исто измешано само кафе и шеќер и замрзнете ги. По ист принцип млекото и после само додедете ги коцките, ќе почекате малце да се растопат да пушташ од кафето и како пиете тоа се раствара и добивате кафе ипол. Во смесата за кафе пред да замрзнете додете и малце ликер од кафе ако имате, многу убав вкус ќе ви даде.
     
    На koritsaki и cinderella5 им се допаѓа ова.
  10. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Само да кажам дека си ја најдов книгата со рецепти од Цептер и можам да ви споделувам рецепти од таму доколку сакате. :)
    Инаку книгата е од пред 20тина години ама има секакви рецепти,од предјадења,салати,супи,зеленчук,јадења со месо,риби,дивеч,лонци,сосови до слатки од овошје.Плус има интересни работи како калориска вредност на продукти,кои активности колку калории трошат,колку калории е потребно да внесуваме според возраста,табела за идеална телесна тежина,употреба на сосови,висока школа за поставување маса,употреба на аромати и др...
    Јас го одвоив овој рецепт
    Крем од кафе
    состојки:
    2 жолчки
    4 лажици шеќер
    1 филџан јако црно кафе
    1 слатка павлака
    Во Цептер тенџере топлете вода.Кога ќе биде загреана,над водата ставете Цептер сад и во него матете ги жолчките со жолчките со шеќер(над пареа).Турете млако кафе и слатка павлака.Кога водата добро ќе зоврие,исклучете го шпоретот,кремот во садот мешајте го и понатаму на пареа за да добиете убаво густа,мека и течна смеса.Садот извадете го од над Цептер тенџерето и оставете го кремот да се олади.
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Совршена крем- пена за кафе добиена во микробранова
    1. Ставете го млекото во сад со капаче кој може да се користи во микробранова. Ставете млеко најмногу до половина од нивото на садот, за да оставите место за пената која подоцна ќе се создаде.
    2. Протресете го затворениот сад најсилно што можете додека млекото не се зголеми двојно во волумен (околу 30-60 секунди). Тргнете го капачето и потоа загрејте го млекото на 30 секунди. Ќе се направи пена која ќе се искачи до врвот на садот, а топлината од микробрановата ќе помогне да се стабилизира и да не се распадне.
    3. Врелото млеко налијте го врз кафето, а пената веднаш ставете ја со лажица на врвот на шолјата.
    Напомена: Пожелно е да користите млеко со 2% масленост или сосема безмасно, бидејќи со нив
    полесно се создава пена.

    Преземено
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Моето љубовно кафе за мажето :inlove: 10371999_10152833636877346_5124563822636962483_n.jpg

    Јас го правев за мм со обично млеко, зоврено во ѓезве, со машинчето за нескафе направив пена и до врв во чашата додадов сварено какао, како го сварив? На рингла растопив мед и малку зачин со цимет, од КАМ го има за сутлијаш е, додадов млеко и почекав да се растопи медот, оригиналниот рецепт е со шеќер иначе, ама ние сме скарани со шеќерот дома. Додадов во млекото какао една лажичка пополна и го сварив нормално. Како такво го додадов врз пената но внимателно да не се расипе истата. Од хартивче исеков срце и со цедалка наросив какао за да излезе форма на срце, додадов едно циметче и малку Бејлис за арома и го воодушевив мм :inlove:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    @AngelOfArh , а каде е кафето во приказната?
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    У право си, ич не смислив тоа дека не е кафе туку какао, ајде нека бришат главниве. Извинете. Уствари има ликер од кафе :D Се шалам, нека го избришат мислењето комотно, сепак не е кафе туку какао.
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Бидејќи претходното беше какао не кафе, повелете едно кафе, капучинесто, кремасто и млечно, постапка слична како за какаото. Конечно се почастив и јас едно :rofl: Ми скисна од какао со вода :rofl:
    10808116_10152840288342346_893633948_n.jpg
     
    На kim.k и kjukli им се допаѓа ова.
  16. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Девојки брат ми купил нескафе и шлаг пена и ме тера да му правам нес и шлаг пена да изматам да ја ставам озгоре нонезнам колку ќе успее тоа? Има некој правено?
     
  17. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @eloves јас сум правела нес во многу комбинации, па и со шлаг пена. Нема да утнеш, без разлика дали ладен нес ќе правиш, или топол.
    Една совршена комбинација за периодот што предстои: ладен нес, со една топка сладолед (јас преферирам од ванила, но и од чоколадо вкусот е супер), шлаг и одозгора чоколаден прелив. :inlove:
     
    На kjukli и eloves им се допаѓа ова.
  18. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    IMG_7388.JPG
    Моето секојдневно кафенце овој пат со парче Чизкејк.
    Веќе скоро година дена го пијам Инстант кафето од Кам со 90% цикорија и 10% инстант кафе.
    Ставам лажичка кафе, лажичка кафеав шеќер и малку млеко и го матам со машинка, додавам екстракт од ванила, мраз, и матам само млеко да добијам пена. Некогаш ставам и топка сладолед или ванила или чоколадо. Превкусно ми е вака, и некако без ванилата ми го нема тој шмек што го сакам.
     
    На IronLady, irenna и One.Moment им се допаѓа ова.
  19. Heart *21*

    Heart *21* Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2015
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    [​IMG]



    Ирско кафе

    Потребни состојки:

    • Виски
    • Кафен шеќер
    • Кафе
    • Ореви
    • Ликер по желба
    • Слатка павлака
    Подготовка:

    Сварете го кафето и промешајте го со виски, а потоа додадете го шеќерот. Можете и да додадете малку рендано оревче, по желба. Оставете ги сите состојки убаво да се стопат и измешаат неколку минути.

    Откако кафето ќе се олади, додаде ликер по желба, во зависност од тоа дали сте љубител на кафето со чоколадо, ванила, кокос, карамела... Направете пена од слатката павлака и додадете ја.

    Мразот во ова кафе не е препорачлив за да не го разводни вкусот, па затоа одлично би било ако постои во фрижидер барем половина час пред послужувањето.
     
  20. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    1.260
    Пол:
    Женски
    Девојки каков екстракт користете за кафиња, од ние екстрактите за колачи што се или има специјални некои за кафе ?