Кафе - рецепти

Дискусија во 'Рецепти' започната од pink4ever, 12 февруари 2011.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.619
    Допаѓања:
    5.326
    Ми треба рецепт од кафе и сладолед.
    Со што да декорирам? Како?
    Каков сладолед,какво кафе да купам?
     
  2. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    28.607
    Пол:
    Женски
    Имам едни комшивки турското кафе го сакаат со овошен сладолед. Да, сериозна сум.
    Инаку јас користам кафе од Кам, тоа со 90% цикорија, 10% инстант кафе, и сладолед од ванила, ванила и карамела, или чоколадо, пробав и со праска ама не ми беше нешто многу вкусно.
    Во чаша за кафе ставаш една топка сладолед, мраз, го матиш кафето и го додаваш, додаваш млеко/вода, и шлаг ако сакаш. Можеш и со нескафе, и со нескафе со вкус, само гледај ако е со вкус и сладоледод да е таков. Било какво кафе кое се користи за нескафе ќе биде супер.
     
    На eloves и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  3. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.668
    Допаѓања:
    1.011
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја обновиме малце темата :) Кажете ми рецепт за вкусно нес кафе. Жими такво што пијам ама пустааа никако да го погодам или на вода или на млеко ми е само или неблаго или премногу хаха... НИкад ама никад да си напраам ко шо треба
     
  4. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.361
    Допаѓања:
    26.034
    Пол:
    Женски
    Ако го правиш во шејкер(машинка за кафе) стави една мала лажица кафе и шеќер колку пиеш ако пиеш шеќер.Стави колку пола прст вода може и повеќе како ке ти е подобро , стави ја чашата и измиксирај го.Потоа додади малку млеко напола од водата што си ставила ептен малку само стави колку 1 цм во чашата и после стави шлаг и прелив.Види го моето http://forum.femina.mk/threads/Фемина-Инстаграм.21134/page-225#post-2549532
     
    На Leo-nora му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.591
    Пол:
    Женски
    Хаха знам какво е чувството, пиеш кафе а не ти легнува убаво.
    Јас стандард го правам со 2 шеќер, 1 нескафе ( пробај Франк - повкусно е ), пола млеко, пола вода.
    Голема чаша, прво нескафето го матам со млекото. Нема утка.
    По желба шлаг и прелив.
    Турското кога го варам знам да ставам лажиче ванила ( ама да намалам од шеќерот ) или лажиче цимет. Вкусно е ептен.
    Сум пиела и со топку сладолед ама не ми е тоа тоа.
     
    На Leo-nora му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.537
    Допаѓања:
    97.648
    Пол:
    Женски
    @Leo-nora ако пиеш ладно нес, јас ставам во тегле лајче кафе, лајче шеќер и малку водс и неколку коцки мраз и мучкам да се добие пена, во чашата турам чоколаден прелив долу и на страните, ја рурам пената од кафе и додавам млеко и згорс малку цимет. Мене така ми е таман.
    Топлото пак во голема шоља го пијам, ставам лајче кафе и лајче шекер, стоплена вода до пола шоља и во тегла мучкам млеко со малку шеќер да добијам пена и ја додавам во шољата и мешкам. Некогаш место пена си топлам млеко и дпдавам така топлено млеко. И користам или нескафе или јакобс, од другите не е тоа тоа, и до кафето зависи. А за разбивање монотонија си пијам и од оние три во едно , деновиве има еден вкус нов на жешка карамела, и исто правам со пола цода пола млеко, ако е само со вода не е баш убаво, а исто ми е и со ссмо млеко некако не баш тоа.
     
    На Leo-nora му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.361
    Допаѓања:
    26.034
    Пол:
    Женски
    Па мраз се додава на крајот а сега не е ни период за мраз мислам јас не ставам.А како го матиш со мраз ке ја расипаш машинката :?: правиш пена од млеко и шеќер ? :o не сум пробала оваа , па има готова шлаг пена зошто да се мачиш за секое кафе да матиш.:D
     
    На Leo-nora му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.537
    Допаѓања:
    97.648
    Пол:
    Женски
    IMG20111202_004.jpg
    Јас мраз ставам зошто матам рачно во тегле и дур матам сеџтопи и се прави пена. А млекото го правам ко пена исто ко во кафич шо го даваат, оние шлаговите ми се бљак, растителни маснотии.. А со машинче матено ми е некако понеубо:doh: Мада сега на ладново само топло правам и последниве денови новите вкусови три во едно. А за најуба о е кафето од машина, ја имам долче густо ама фатила прашина, немаме кафе купено одамна од тие...
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    28.607
    Пол:
    Женски
    Lelee mashincheto e son znachi. Kafeto e prevkusno. Me fati depre sega mi se pie vakvo.. Imali negde niz kafichive vo Skopje?Razlichni vidovi sum probala, i voopshto ne moze da se sporedi so mateno nes.
    Inaku jas sakam i malku karamela da mu stavam na dnoto na fildzanot, pa izmeshano topla voda so lazichka nes i pola lazichka kafeav shekjer. I dodavam toplo mleko. So matilka matam malku mleko za pena. I njami e posle.
    Obozavam kafe, celo vreme probuvam nekoi novi vkusovi i idei. Ne mozam povekje od dva dena da pijam isto kafe.
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.537
    Допаѓања:
    97.648
    Пол:
    Женски
    Оние ness to go се како ова на вкус.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.361
    Допаѓања:
    26.034
    Пол:
    Женски
    Колку е машината ? епа како ти одговара така прави.Мене ме мрзи и пена да правам.
     
  12. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.537
    Допаѓања:
    97.648
    Пол:
    Женски
    Пред три години ја зедовме во нептун, гледам и во супер тинекс ја има, за цената сега колку е незнам искрено, тогаш 7000 беше, а кафињата се 16 во пакување тие кои се црно кафе, еспресо, лунго, а тие млечните се 8 во кутија, 8 кафиња и 8 млека. Сеедно за вкус цена им е 310. Ама одамна не сме зеле..
     
    На joy1 и Winter Lady им се допаѓа ова.
  13. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.968
    Screenshot_2015-10-10-16-38-38-1.png Eve kakva imam jas
    Gi ima tie masinite za kafe vo Grcija i se okolu 40,50 evra so gratis kafinja koi se specijalni vo tableti se i se stavaat direktno vo masinkata i ti izleguva kafe kakvo sakas. Gi ima povekje vidovi, kapucino, espresso, fredo espresso, kapucino late....E sega ako vekje ja kupuvas taa masinka kje si kupuvas samo takvi kafinja vo tableti bilo da Dolce Gusto ili drugi gi ima povekke vidovi. Ama super se isto kako vo kafic kafe kje si pies a vo domasna atmosfera ;)
     
    Последна измена: 10 октомври 2015
    На joy1 и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  14. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    272
    Пол:
    Женски
    Потребни состојки:
    • 120 милилитри свежо подготвено кафе
    • 45 милилитри ирско виски
    • 20 милилитри амаро
    • 1 лажица едноставен сируп
    • 1 свеж лист од нане
    • 2 зрна кафе
    • Шлаг пена
    • Морски оревчиња
    • Цимет
    Начин на подготовка:
    Измешајте ги кафето, вискито, ликерот и едноставниот сируп, па сипете ги во чаша. Внимателно поставете ја шлаг пената на врвот од пијалакот и врз неа наредете ги морските оревчиња и циметот. Декорирајте со листот од нане и зрната кафе.
    Потребни состојки:
    • 240 милилитри силно филтер кафе, оладено
    • 1 топка чоколаден сладолед
    • 1 топка сладолед од ванила
    • шеќер (по избор)
    • шлаг пена
    • прелив од карамела
    Потребни состојки:
    • 240 мл подготвено инстант кафе
    • 5 лaжици шеќер
    • 360 мл млеко
    • 120 мл шлаг пена
    • 2 лажици чоколаден прелив
    Начин на подготовка:
    1. Во голема чаша измешајте ги кафето и шеќерот додека не се соединат. Потоа додадете ги со мешање млекото, шлаг пената и чоколадниот прелив.
    2. Замрзнете ја смесата во калап и оставете ја да стои минимум 3-4 часа или преку ноќ. Следниот ден калапот ставете го во фрижидер на 2-3 часа пред да го служите или додека не се одмрзне добро. Смесата треба да биде кашеста. Сервирајте во стаклени шолји.
    Начин на подготовка:
    По подготовката на кафето, сипете го во шолја за кафе и додадете му коцки мраз за да се олади. Оставете го 15-тина минути. Во една висока чаша ставете по една топка сладолед од ванила и чоколадо и потоа сипете го оладеното кафе врз нив. Пробајте колку е благо и доколку ви горчи додадете му шеќер. Декорирајте со шлаг пена и прелив од карамела.
    Потребни состојки:
    • 240 милилитри силно филтер кафе, оладено
    • 240 милилитри диетален сладолед од ванила (со помала масленост)
    • 125 милилитри обезмастено млеко
    • 1/4 лажичка ванила
    • шеќер или засладувач (по избор)
    • 4 лажици диетална шлаг пена
    • инстант мешавина од чоколадо и млеко (по избор)
    • чоколаден прелив
    • неколку коцки мраз
    Начин на подготовка:
    Во блендер, сместете ги кафето и мразот и мешајте на највисока брзина околу 10-20 секунди или додека мешавината не стане течна. Потоа додајте го сладоледот, млекото, мешавината од чоколадо и млеко и ванилата. Повторно мешајте на највисока брзина или сѐ додека добро не се соединат сите состојки. Засладете со шеќер или засладувач и сипете во 3 чаши. Декорирајте со шлаг пената и чоколаден прелив. Сервирајте веднаш.

    Потребни состојки (за 3 шолји):
    • 5 лажици кафе
    • 250 мл вода
    • 4 лажици шеќер
    • 2 лажици прашок за пудинг од ванила
    • 500 мл млеко
    Начин на подготовка:
    Сварете го кафето без да му додавате шеќер. Во посебен сад измешајте ги прашокот за пудинг од ванила и шеќерот, а потоа додајте ги и кафето и млекото. Кремастото кафе со ванила послужете го студено.
     
  15. Anaouou

    Anaouou Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    797
    Извините за прашањето но незнаев каде ..
    може ли некој да ми препорача добра машинка за нес, рачна ? Да е некоја појака да мати добро..
    од каде е купена и колку е
    Фалаа однапред, убаав деен ! :D
     
  16. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.390
    Допаѓања:
    104.683
    Единствена рачна, јас најдов во Нептун, бт.
    Не е најјака ама ја врши работата шо треба.
    upload_2016-6-26_14-2-3.png
    upload_2016-6-26_14-2-16.png
    Јас кога бев ги немаше и двата рачни, ама искрено и помоќни се тие статичните.
    upload_2016-6-26_14-3-6.png

    На друго место кога купував јас и не видов, на нет гледав во продавниците во Битола, па кога ојдов таму од прилика знаев што да барам.
     
    На Anaouou му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anaouou

    Anaouou Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    797
    Јас сакав да купаам статичен но ме предомислуваат какоо исти се само потешко ќе ти е за одржување..паа незнаам не е некоја разлика како да кажам во цени ..аа за рачни сум слушнала подобри се оние со метално доле што матат не гумени ...иначее фалаа баш утре ќе одам да разгледаам...оваа време не сака без неес :D :*
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.390
    Допаѓања:
    104.683
    @Anaouou едино шо сум посреќна шо седов рачна е шо ќе можам да ја земам на одмор, статичната е повеќе тормозење, ама постојано се плашам да не ми се скрши, во која фиока ми е најсигурна и кога не сум дома брат ми си игра со неа, пиштол му е. А и статичните се до неѓде појаки во рачните, само како шо реков, рачната можиш полесно да ја преносуваш, а за статичната ти треба поголема организација.
     
    На Anaouou му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anaouou

    Anaouou Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    797
    Мааа утре ќе и се решаам неможаам уште кога се спремаам..па и јас затоа пример и дома треба се да ми стои на работна маса ..што попрво на неа хахах вака ова ќе си ја собираам..фалааа пуноо ..па утррее даваам коофи :D Убааав ден :D
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    28.607
    Пол:
    Женски
    Не се ич исти. Со рачните не добиваш нес како од кафиќ. Јас ти препорачувам статичен да си купиш.
     
    На theowndemon и Anaouou им се допаѓа ова.